Сточарството да биде на прво место за државата, порачаа сточарите од Малешевијата и Пијанец


Во беровското село Смојмирово викендов се одржа Сточарска вечер посветена на сточарите од Малешевијата, Пијанец, околните места, како и гости од Србија. Александар Мачевски сточар од село Робово, како еден од организаторите на настанот, истакна дека по паузата заради корона пандемијата, ова е втора Сточарска вечер на која присуствуваа околу 270 сточари од Берово, Пехчево, […]

Поранешен главен советник на канцеларката Меркел, стана советник на премиерот Рама за економија и финансии


Главниот советник на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, Ларс-Хендрик Ролер стана советник на албанскиот премиер Еди Рама, за економија и финансии. Информацијата ја соопшти премиерот Еди Рама, кој на социјалните мрежи сподели и фотографија со Ларс-Хендрик Ролер. Тој пишува дека „посебно задоволство и привилегија е што на нашиот пат ни се придружува Ларс-Хендрик Ролер, како […]

Се реконструира кровот и фасадата на Музејот во Битола


 Националната установа Завод и Музеј-Битола продолжи со реконструкција и конзервација на фасадата на Музејот и кровот на т.н. предно крило од тој објект. Музејот како значаен културно историски споменик се реконструира со поддршка на Министерството за култура, а со цел да се заштитат важни детали од фасадата, но и кровот кој подолг период бил запоставен, […]

Борел загрижен од истрагата за корупција во ЕП


Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска изјави дека истрагата на Белгија за наводна корупција во Европскиот парламент е „многу загрижувачка“. – Секако дека веста е многу загрижувачка. Се соочуваме со некои настани, некои факти кои секако ме загрижуваат како поранешен претседател на Европскиот парламент, изјави Борел по пристигнувањето на […]

Предложени законски измени со кои се забранува влез на невакцинирани и непрележани лица во затворени објекти


Комисијата за европски прашања ја одложи денешната седница на која требаше да се расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на население од заразни болести.  Седницата е одложена за 14 декември, согласно распоредот на веб-страницата на Собранието. Според Предлог законот, во случај на појава на заразна болест, се предлага забрана за влез во објекти за […]

„Ер Индија“ близу до рекордна нарачка на 500 авиони


  Авиокомпанијата „Ер Индија“ е блиску до реализација на голема нарачка на 500 авиони вредни десетици милијарди долари од „Ербас“ и „Боинг“, во амбициозни напори за обновување под конгломератот „Тата Груп“, јавија западни медиуми повикувајќи се на добро информирани извори. Нарачките вклучуваат 400 авиони со тесен труп и 100 или повеќе широкотрупни, вклучително и десетици […]

„Мајкрософт“ купува речиси четири отсто од акциите на Лондонската берза


  Американскиот софтверски гигант „Мајкрософт“ денеска објави 10-годишно партнерство со Лондонската берза и ќе купи приближно четири отсто од акциите на операторот на Лондонската берза, конзорциумот Блекстоун/Томсон Ројтерс. Како што јави ДПА, во рамки на зделката договорено е извршниот потпретседател на „Мајкрософт“ Скот Гатри да се приклучи на одборот на директори. Договорот е дел од […]

Хрватите ќе користат мобилен телефон како пасош


Хрватска и Финска, како и Холандија и Канада, добија пилот-проекти за развој на дигитални пасоши на мобилни телефони, чија крајна цел е користење на најнова технологија за олеснување на патувањето и подобрување на безбедноста на патниците, пишува денеска весникот „Јутарњи лист“. Хрватските граѓани ќе бидат меѓу првите во Европската Унија кои ќе можат да користат […]

Премиера на „Мојот маж“ во Будимпешта


Театарската претстава „Мојот маж“, според истоимената збирка раскази на познатата македонска писателка Румена Бужаровска, на 8-ми овој месец премиерно беше прикажана во Будимпешта. Поради огромниот интерес на 9 декември беше реализирана уште една изведба.   Идејата за заедничкиот унгарско-македонски уметнички проект „Мојот маж“ е на актерките Естела Левко, Жужана Сагер и Златко Панзов, лектор по […]

Едно лице загина во сообраќајка на автопатот Табановце-Куманово


  Триесет и шестгодишен жител на липковското село Лојане загина во сообраќајна несреќа што се случила денеска на автопатот Табановце-Куманово, соопшти кумановската полиција. – Денеска во 01:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопат Табановце-Куманово, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.А.(36) од село Лојане, липковско, излетало од […]

Со прострелна рана од огнено оружје во кругот на велешката болница најден мртов маж


Во СВР Велес вчера попладне околу 14.30 часот било пријавено дека во кругот на Општа болница Велес било пронајдено тело на починат 74 – годишен маж. Лекар од болницата констатирал смрт со прострелна рана од огнено оружје, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев. – Увид на местото изврши екипа од СВР Велес, а […]

Александар Трајковски и Лаура Папранику-Бејтула добитници на наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“


Публицистот Александар Трајковски е добитник на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за оваа година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Северна Македонија. За остварување во областа на новинарството, државната награда ја доби Лаура Папранику-Бејтула. Одлуката ја донесе Одборот за доделување на наградата на седницата одржана на 24 ноември, врз основа на членовите […]

Франција: Приведени 170 луѓе за време на прославата на победата на Мундијалот


  Во Франција, во текот на викендот, се приведени 170 лица за време на прославата на победата на мароканската и француската репрезентација на Светското фудбалско првенство во Катар, објави весникот Паризијен. Инцидентите избувнаа во саботата доцна навечер откако Мароко и Франција влегоа во полуфиналето на Светското првенство, додава весникот, наведувајќи дека во Париз се приведени […]

Министрите Нуредини, Кумбаро и Алиу го потпишаа договорот за најголемиот прекуграничен парк во Европа


Националниот парк Маврово и Националниот парк Шар Планина во Северна Македонија, Паркот на природата Кораб-Коритник во Албанија и Националниот парк Шари во Косово наскоро ќе бидат дел од прекуграничен парк, најголем од ваков вид во Европа, со површина над 242 илјади хектари. -По повод Меѓународниот ден на планините, во Тирана се одржа меѓуресорска средба меѓу […]

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа 55 победи во 2022 година


  Со 55 победи од 85 дуели најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успешно ја помина 2022 година.  За Ѓорчевска година започна лошо со повреда во јануари, но два и пол месеци подоцна се врати на терените и имаше успешна сезона со повеќе победи од вкупниот број на дуели.  Во текот на 2022 таа имаше вкупно 55 […]

12 декември во историјата – Тетратката на Да Винчи продадена за 5 милиони долари


  На 12 декември 1980 година, американскиот нафтен тајкун Арманд Хамер плати 5.126.000 долари на аукција за тетратка која содржи списи на легендарниот уметник Леонардо да Винчи. Ракописот, напишан околу 1508 година, е една од 30-те слични книги што Да Винчи ги создал за време на неговиот живот на различни теми. Содржеше 72 лабави страници […]

Стереотипи за секој хороскопски знак: Далите Овните се навистина непопустливи, а Близнаците дволични?


Кои се најчестите стереотипи за секој хороскопски знак – дознајте што е заблуда, а не е далеку од вистината според астролозите! Секој хороскопски знак е посебен, има свои позитивни страни, маани, силни и слаби страни, според мислењето на астролозите. Сепак, за некои знаци од Зодијакот се прикачуваат разни стереотипи, некои од нив се блиску до […]

Голема полициска акција, апсења и претреси низ цела држава


Во повеќе градови низ државава на над 20 локации изутринава се вршат претреси при што се уапсени повеќе криминалци за шверц на артефакти и предмети со непроценлива културна вредност. Од МВР потврдуваат дека во тек е полициска акција, а детали најавуваат по нејзиното завршување. 

Дојава за бомба и во МНР


 Дојава за поставена бомба пристиганала изутринава во Министерството за надворешни работи во Скопје. Во тек е евакуација на зградата. Дојави за бомби стигнаа и за ГТЦ и неколку училишта. – Информираме дека до Министерството за надворешни работи преку електронска пошта пристигна информација дека во зградата се поставени експлозивни направи. Министерството веднаш ги извести соодветните служби […]

Радев со указ ќе бара да се гласа за новата влада на Бугарија


 Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ќе објави указ со кој ќе му предложи на Парламентот да гласа за кандидатурата на Николај Габровски за премиер. Тоа го соопшти шефот на државата откако кандидатот за премиер на ГЕРБ-СДС го достави списокот со кандидати за министри за формирање влада, јави БТА. Влада со тројца вицепремиери предлага кандидатот за […]