Поранешен главен советник на канцеларката Меркел, стана советник на премиерот Рама за економија и финансии


Фото: Б. Грданоски

Главниот советник на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, Ларс-Хендрик Ролер стана советник на албанскиот премиер Еди Рама, за економија и финансии.

Информацијата ја соопшти премиерот Еди Рама, кој на социјалните мрежи сподели и фотографија со Ларс-Хендрик Ролер.

Тој пишува дека „посебно задоволство и привилегија е што на нашиот пат ни се придружува Ларс-Хендрик Ролер, како советник на премиерот за економија и финансии, со кого имавме два дена интензивни и многу корисни разговори“.

-Ларс-Хендрик Ролер ги водеше економските и финансиските политики на Германија од 2011 година до пролетта оваа година, покривајќи ја цела деценија улогата на главен економски советник на канцеларката Ангела Меркел. Во оваа улога тој, меѓу другото, го предводеше тимот германски преговарачи на форумите Г7 и Г20, потенцира Рама.

Додава дека „пред неколку месеци Ларс-Хендрик Ролер ја презеде функцијата директор на Одборот за инвестиции на BlackRock, мултинационалниот колос со седиште во САД, кој управува со најголемиот фонд во светот со околу 10 трилиони американски долари“.