Кривична пријава за злоупотреба на службена положба за поранешен градоначалник


 СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ј.П.(53) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „злоупотреба на службената положба и овластување”. Како што соопшти МВР, пријавениот, во својство на овластено лице – градоначалник, во периодот од 2011 до 2015 година во повеќе наврати ја злоупотребил […]

Кина нема да го објавува бројот на заразени со Ковид-19


 Кинеската Национална здравствена комисија од денеска престанува да го објавува бројот на асимптоматски случаи, бидејќи многу жители повеќе не се тестираат, но бројот на заразени со коронавирус силно расте и тешко е да се обезбедат точни податоци за вкупниот број на заразени. Епидемијата на ковид експлодира во Кина, но вистинската скала е „невозможна“ да се […]

Репортери без граници: 533 новинари се во затвори, најмногу досега


Оваа година во затворите ширум светот имало 533 новинари, што е за 45 повеќе од минатата година (488), кога веќе беше објавено историско ниво, се вели во годишниот извештај на Репортери без граници (РСФ). Бројот на убиени новинари (57), пред се поради војната во Украина, исто така е во пораст во споредба со 2021 година […]

Најстудено на Попова Шапка, снежна покривка од четири сантиметри


Најстудено изутринава е на Попова Шапка, каде во 7 часот се измерени – 2 степена, а висината на снежната покривка изнесува четири сантиметри. Нула степени се регистрирани во Крива Паланка, Берово, Маврови Анови и Лазарополе,  еден во Тетово, Битола и  Крушево, два во Прилеп и Виница, три во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Демир Капија и […]

СП2022: Највисок пораз на Хрватска на големите турнири


ОАЕ – Со триумфот од 3-0 во синоќешното полуфинале на Светското фудбалско првенство Аргентина ѝ го нанесе на Хрватска највисокиот пораз на големите натпреварувања. Хрватска досега има одиграно 29 натпревари на светските и 22 на европските првенства, и ниту еднаш немаше претрпено пораз со три голови разлика. Највисоки порази на Хрватска на светските и европските фудбалски првенства: Хрватска – Аргентина […]

Дејвид Бекам од ВИП ложата го следеше мечот Аргентина-Хрватска


ОАЕ- Дејвид Бекам е снимен во Катар како го следи натпреварот помеѓу Хрватска и Аргентина. Пензионираниот фудбалер пристигна во црн костум и дрес. Натпреварот го следеше во друштво на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во ВИП ложата. Бекам е снимен на натпреварот помеѓу Хрватска и Бразил, Аргентина и Холандија и Англија и Франција. Хрватска синоќа […]

Утрово, нови дојави за бомби во 15 училиштата во Скопје


Утрово, повторно пристигнале закани за поставени бомби во училиштата во Скопје.  Според ученици од гимназијата „Орце Николов“, по примената дојава за поставена бомба во просториите на учулиштето, учениците и вработените се евакуираат. Дојава има и во „Владо Тасевски“. На местото се припадници на антитерористичката единица кои со детектори и со кучиња ја пребаруваат зградата. – […]

Од Здравко Чолиќ до Џибони- сите патишта за дочек на Нова година низ регионот


За Македонија уште не е познато каква новогодишна програма ќе има на плоштадите и уште се очекува официјална информација, но градовите во регионот веќе најавија кои пејачи ќе настапуваат за дочекот на новата 2023 година. Каде ќе отпатувате вие? Белград, Србија: Газда Паја, Нучи, Војаж и Теодора Џехверовиќ      Загреб, Хрватска: Сенида     […]

Курти, Османи и Коњуфца ќе потпишат барање за членство во ЕУ


 Во Приштина денеска ќе се одржи церемонија на која ќе биде потпишано барањето за членство на Косово во ЕУ, јавија приштински медиуми. Косовското претседателство, како што јави приштинска „Коха“, соопшти дека церемонијата ќе се одржи во 11 часот. Апликацијата ќе ја потпишат претседателката Вјоса Османи, премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на косовскиот Парламент, […]

(Фото) Нови 168 мистериозни геоглифи откриени во Наска


Истражувачите од јапонскиот Универзитет во Јамагата открија 168 нови геоглифи во пустината Наска во Перу со помош на дронови. Околу 50 од овие големи цртежи прикажуваат хуманоидни фигури, а другите се на птици, китови убијци, мачки и змии. Некои се само обични линии или трапезоидни цртежи. Тешко е да се каже кога се создадени цртежите, но садовите од глина пронајдени покрај цртежите потекнуваат […]

Апелацискиот суд речиси три години не носи пресуда за Владимир Талески и другите во „Транспортер“


  БИТОЛА – Лав Толстој ја напиша грандиозната епопеја „Војна и мир“ за три години, а Апелацискиот суд во Скопје не може за две години и девет месеци да донесе одлука по жалбата на осудените во случајот „Транспортер“ поврзан со училишниот превоз во Битола. Дали е тоа немарност, дали е корупција, дали е лоша организираност, […]

14 декември во историјата – Роалд Амундсен стана прв истражувач кој стигна на Јужниот пол


  На 14 декември 1911 година, Норвежанецот Роалд Амундсен станува првиот истражувач кој стигнал до Јужниот Пол, победувајќи го својот британски ривал Роберт Фалкон Скот. Амундсен, роден во Борге, во близина на Осло, во 1872 година, беше една од најголемите фигури во поларното истражување. Во 1897 година, тој беше прв сопатник во белгиска експедиција која […]

Можно ли е прелевање на косовската криза во Македонија?


Северот на Косово е блокиран четврти ден откако локалните Срби поставија барикади на најважните магистрални патишта. КФОР објави дека единствениот пат до мир е Белград и Приштина да ги решат своите прашања преку дијалог и да ги почитуваат правата на сите заедници. Линк до целиот текст тука

„Варијации“ на Трпчевски меѓу изданијата на годината на британски „Грамофон“


Веројатно најголемиот светски музички магазин, особено влијателен со своите рецензии, британски „Грамофон“ го вброи компакт-дискот „Варијации“ на македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески меѓу најдобрите солистички пијано албуми на годината, а неговата изведба на  2 сета варијации на Бетовен се најде на листата најдобри изведби на дела од големиот германски композитор во 2022 година, […]

Британија ќе воведе нови мерки за намалување на бројот на мигранти од Албанија


Англија– Британскиот премиер Риши Сунак изјави дека Велика Британија ќе воведе нови мерки насочени кон намалување на бројот на мигранти кои пристигнуваат од Албанија во Велика Британија со мали чамци преку Ла Манш. Сунак, кој се соочува со притисок да го ограничи зголемениот број мигранти кои доаѓаат преку Каналот, рече дека планира да воведе нова […]

САД ќе му платат на „Фајзер“ околу две милијарди долари за дополнителни пакувања на лекот „Паксловид“ во 2023 година


САД – Владата на САД се согласи да и плати на фармацевтската компанија „Фајзер“ речиси две милијарди долари за дополнителни 3,7 милиони пакувања на лекот за Ковид-19, „Паксловид“. Новите залихи ќе ги надополнат 20-те милиони пакети претходно купени од американските власти, кои се очекува да бидат обезбедени на почетокот на 2023 година, се вели во соопштението […]

Состојба на патиштата


ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБА НА ПАТНИ ПРАВЦИ И ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ 06:00 часот ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Магистралниот пат Струмица – Радовиш пат е во прекин и се пренасочува по регионален пат, поради случена сообраќајна незгода. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Крива Паланкa кој не се задржува на […]

Лајчак и Ескобар денеска во Белград


Србија – Во Белград денеска ќе престојуваат специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак и заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар. Лајчак ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а потоа ќе им се придружи и Ескобар, специјалниот пратеник на американскиот Стејт департмент за Западен Балкан. По […]

Репортери без граници: Зголемен бројот на новинари во затвори, годинава 533


Франција – Бројот на  новинари во затвори годинава е 533, се наведува во годишниот извештај на невладината организација „Репортери без граници“. За споредба, лани бројот на новинари кои завршија во затвор беше 488. Зголемен е и бројот на убиени новинари. Годинава се 57. Лани беа 48, а во 2020 година – 50. Повеќе од половина од […]

САД обвинија пет Руси и двајца Американци за заговор во интерес на руската Влада


САД – Американските власти обвинија пет Руси и двајца Американци за заговор за снабдување и перење пари во име на Владата во Москва. Министерството за правда во Вашингтон соопшти дека осомничените се обиделе да добијат од американски компании технологија за воена употреба за рускиот одбранбен сектор. Тие, исто така, се тврди дека заговориле шверц на снајперска […]