Дејвид Бекам од ВИП ложата го следеше мечот Аргентина-Хрватска


ОАЕ- Дејвид Бекам е снимен во Катар како го следи натпреварот помеѓу Хрватска и Аргентина.

Пензионираниот фудбалер пристигна во црн костум и дрес. Натпреварот го следеше во друштво на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во ВИП ложата. Бекам е снимен на натпреварот помеѓу Хрватска и Бразил, Аргентина и Холандија и Англија и Франција.

Хрватска синоќа загуби со 3:0 од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство во Катар. Сега ја очекува борбата за третото место.