Репортери без граници: 533 новинари се во затвори, најмногу досега


Оваа година во затворите ширум светот имало 533 новинари, што е за 45 повеќе од минатата година (488), кога веќе беше објавено историско ниво, се вели во годишниот извештај на Репортери без граници (РСФ).

Бројот на убиени новинари (57), пред се поради војната во Украина, исто така е во пораст во споредба со 2021 година (48) и 2020 година (50).

Повеќе од половина од затворените новинари во светот на 1 декември се во овие пет земји – Кина (110), Мјанмар (62), Иран (47), Виетнам (39) и Белорусија (31).

Иран е единствениот кој не беше на таа црна листа минатата година, посочува невладината организација која го објавува годишниот извештај од 1995 година.

Од почетокот на протестите во септември, Иран затвори невиден број медиумски работници во последните дваесет години.