СП2022: Највисок пораз на Хрватска на големите турнири


ОАЕ – Со триумфот од 3-0 во синоќешното полуфинале на Светското фудбалско првенство Аргентина ѝ го нанесе на Хрватска највисокиот пораз на големите натпреварувања.

Хрватска досега има одиграно 29 натпревари на светските и 22 на европските првенства, и ниту еднаш немаше претрпено пораз со три голови разлика.

Највисоки порази на Хрватска на светските и европските фудбалски првенства:

Хрватска – Аргентина 0-3 (полуфинале СП 2022)

Хрватска – Франција 2-4 (финале СП 2018)

Хрватска – Англија 2-4 (групна фаза ЕП 2004)

Хрватска – Шпанија 3-5 (осминафинале ЕП 2020)

Бразил – Хрватска 3-1 (групна фаза СП 2014)

Мексико – Хрватска 3-1 (групна фаза СП 2014)