СДСМ: На површина излегоа скандалозни закани и навреди меѓу Арсовска и Мицкоски


  Социјалдемократскиот сојуз денеска соопшти дека со последното интервју на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, на површина излегле страшни и скандалозни закани и навреди меѓу неа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Арсовска изјави за Канал 5 дека Мицкоски ѝ рекол „Од првиот момент кога ќе станам премиер, ќе те влечеме по улици“, а ВМРО-ДПМНЕ […]

За кого ќе поскапи струјата: ЕСМ понуди за 16 отсто повисока цена на тендерот на ЕВН хоум


  АД ЕСМ ѝ понуди на ЕВН Хоум купопродажна цена на електрична енергија од 56 евра за мегаватчас, за покривање на 100 отсто од вкупно планираните количини. Оваа цена е за околу 16 отсто повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јули-декември 2022), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од […]

Владата идната недела ќе свика состанок со приватните превозници, ЈСП и Градот Скопје


Владата идната недела ќе свика состанок со приватните превозници, Јавното сообраќајно претпријатие и Градот Скопје со цел да се информира за каков проблем станува збор. Ова денеска го посочи премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на која беше презентиран новиот Буџет на Министерството […]

Дојавите за бомби во „Ист гејт“, „Мериот“ и салата „Борис Трајковски“ – лажни


Полицијата утврди дека се лажни дојавите за поставени бомби и во молот „Ист Гејт“, хотелите „Мериот“ и „Сенигалија“, салата „Борис Трајковски“ и во дел од училиштата, соопштија од МВР за МИА. Полицијата претходно заврши со проверките на Скопскиот аеродром и дел од училиштата и исто така утврди дека станува збор за лажни пријави. Утрово на […]

Костадиновска-Стојчевска од Цетиње: Наша обврска е да ги поттикнеме креативните индустрии 


– Македонската економија има огромен, а недоволно искористен потенцијал за развој во делот на креативните индустрии, како и луѓе кои со своите дела веќе се имаат докажано на светската сцена, но мора да се направи многу повеќе за да се унапредат условите, со што ќе се добие и поголема ефикасност – истакна министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на министерскиот состанок на […]

Еден од осомничените во скандалот во Европарламентот останува градоначалник во Белгија


Белгија– Европратеникот од Белгија, Марк Тарабела, иако е суспендиран од неговата партија, ќе остане градоначалник. Марк Тарабела е меѓу петте главни осомничени во скандалот со поткуп на пратеници во Европскиот Парламент од страна на Катар. Европратеникот пред неколку дена беше суспендиран од страна на неговата социјалдемократска партија, но тој продолжува да негира било каква инволвираност […]

Зголем бројот на претстави и посетители во театрите, филхармонија и професионалните ансамбли за народни игри и песни


Вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри во периодот 2021/2022 година во однос на 2020/2021 е зголемен за 168.8 %, а пораст е забележан и кај бројот на посетителите, соопшти Државниот завод за статистика. Просечниот број на посетителите на една претстава изнесува 152. Во периодот 2021/2022 година, бројот на прикажаните претстави во професионалните театри […]

Јапонија се враќа кон нуклеарната енергија


  Јапонија денеска најави враќање на користењето на  нуклеарната енергија во услови на енергетска криза, повеќе од една деценија откако катастрофата во централата Фукушима во 2011 година го принуди Токио да ги затвори повеќето од своите реактори. Јапонското јавно мислење се сврте против нуклеарната енергија откако силниот земјотрес и цунами ја предизвикаа несреќата во нуклеарната […]

Македонија вчера го алармираше НАТО за дојавите за бомби, вели Османи


Министерот за надворешни работи Бујар Османи при денешната посета на Општина Липково информриа дека вчера се алармирани структурите на НАТО за континуираните дојави за бомби во земјава. Османи потенцраше дека се работи за хибридни закани што се случуваат и во регионот. – Ова се случува и во регионот. Црна Гора одлучи училиштата да бидат онлајн […]

Белград достави барање до КФОР српската војска да се врати во Косово


  На преминот Мердаре на косовската граница со Србија на Кфор му е предадено барањето на владата на Србија за враќање на сто до илјада припадници на српските безбедносни сили на територијата на Косово според Резолуцијата 1244, пишува РТС. Таква одлука донесла владата на Србија на синоќешната седница. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави […]

Бугарија ја доби првата транша од Планот за закрепнување на ЕУ вреден 6 милијарди евра


  Бугарија ја доби првата исплата според Планот за закрепнување на ЕУ, чија вкупна вредност изнесува 11,8 милијарди лева (шест милијарди евра). Средствата ќе бидат поделени на пет транши што Бугарија треба да ги добие во следните пет години, изјави на прес-конференција вицепремиерот за управување со европските фондови Атанас Пеканов, јави дописникот на МИА во […]

Бочварски очекува автопатите Петровец – Катланово и Кичево – Охрид да се завршат идната година


  Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски очекува делницата Петровец – Катланово да биде завршена наредната година, а автопатот Кичево – Охрид да се заврши во предвидениот рок до 31 декември идната година. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата, Бочварски образложи зошто се пролонгира рокот за изградба на автопатот Петровец – […]

ФИФА: Светско клупско првенство со 32 екипи од 2025 година


  Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска преку својот претседател Џани Инфантино стави крај на шпекулациите и потврди дека светското клупско првенство од 2025 година ќе се одржува во нов формат. – Светското првенство за клубови, во нов формат со 32 екипи, ќе почне од 2025 година, изјави Инфантино на прес – конференција во Доха. Првиот човек на ФИФА ја потврди […]

ЕДС бара Владата да интервенира и за долговите на јавните претпријатија кон останатите снабдувачи со струја


  „Енерџи деливери солушнс“ (ЕДС) преку соопштение ја поздравува одлуката на Владата да ги помогне институциите кои беа исклучени од снабдување од страна на ЕВН, но истовремено апелираме дека е неопходно таа да помогне и кај јавните претпријатија што должат и кон останатите снабдувачи со електрична енергија на македонскиот пазар. „Интервенцијата на Владата не смее […]

Во Македонија се снима „Мојата мајка е космонаут“ со холивудската ѕвезда Вилијам Болдвин


Македонија полека но сигурно го гради патот кон соработка со холивудските филмски ѕвезди. Започна првиот дел од снимањето на проектот „Мојата мајка е космонаут’ по сценарио и во режија на Енди Делиана. Во проектот една од главните улоги ја игра Вилијам (Били) Балдвин, една од големите холвудски ѕвезди (Sliver, Internal affair, Fair game), заедно со […]

НАкС: Законот за високо образование сè уште не ги испорачува потребните промени во образовниот систем


Голем број неажурирани подзаконски акти, недоволна имплементација, нефункционални работни тела, ова се само дел од истакнатите проблеми на денешната отворена дискусија на тема Законот за високо образование, искуства од примената и потреба од промени, во организација на Независниот академски синдикат (НАкС) во Кинотека во Скопје. Неда Здравова која е редовна професорка на Правен факултет Јусинијан […]

Нуредини: Заштита на биолошката разновидност е можна само со добро воспоставена глобална рамка и механизми за соработка


Ја препознаваме регионалната соработка како важен елемент во ефективното спроведување на Глобалната рамка за биолошка разновидност по 2020 година и нејзиното следење и известување на регионално ниво. Особено сум горд сум што ја зголемивме покриеноста на заштитените подрачја за 5 отсто во изминатиот период, паралелно со преземањето значителни напори за подобрување на нивната ефикасност во […]

„ТАВ Македонија“: Дојавата за бомба е лажна, авиосообраќајот продолжува по регуларниот распоред


Дојавата за бомба на Меѓународниот аеродром Скопје е лажна, соопшти „ТАВ Македонија“ по извршените проверки од страна на полицијата. – Согласно информацијата добиена од Министерството за внатрешни работи, би сакале да ве известиме дека единиците на МВР ги завршија проверките на Меѓународниот Аеродром Скопје и притоа од нивна страна е утврдено дека станува збор за […]

Апелација ја укина првостепената пресуда за „Таргет-Тврдина“, паднаа „во вода“ 65 години затвор


  Падна уште една пресуда поврзана со масовното прислушување во Македонија и тоа во најважниот предмет што го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство, случајот „Таргет-Тврдина“. Апелацискиот суд Скопје ги уважи жалбите на обвинетите за случајот „Таргет-Тврдина“ и ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, […]

Нема поставена бомба на аеродромот и во дел од училиштата во Скопје


  Завршени се проверките во Аеродромот во Скопје и дел од училиштата и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, соопштија од полицијата. По завршувањето на проверките во другите објекти полицијата соодветно ќе извести. Инаку, утрово дојави за поставени бомби имаше во повеќе јавни и спортски објекти, хотели и училишта во Скопјеи во Битола. […]