„ТАВ Македонија“: Дојавата за бомба е лажна, авиосообраќајот продолжува по регуларниот распоред


Фото: Б. Грданоски

Дојавата за бомба на Меѓународниот аеродром Скопје е лажна, соопшти „ТАВ Македонија“ по извршените проверки од страна на полицијата.

– Согласно информацијата добиена од Министерството за внатрешни работи, би сакале да ве известиме дека единиците на МВР ги завршија проверките на Меѓународниот Аеродром Скопје и притоа од нивна страна е утврдено дека станува збор за лажна пријава за поставена експлозивна направа која ја добивме утрово. Би сакале да ја известиме целата јавност и нашите патници дека нема откажани летови и дека авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје продолжува по регуларниот распоред, се наведува во соопштението од „ТАВ Македонија“.

За детали во однос на летовите, патниците моожат да се информираат на веб-страницата http://skp.airports.com.mk/,или на Шалтерот за информации кој е достапен 24/7, како и на телефонскиот број +389 2 3148 333.