(Видео) Ковачевски вечерва пееше за Европа, еве како звучеше хитот „Инсиеме“ („Заедно“)


Трибината на СДСМ „Силно и одлучно кон иднината“ што се одржа вечерва во Скопје, финишираше со познатиот евровизиски хит на Тото Кутуњо „Инсиеме“ („Заедно“), кој беше преработен и отпеан од повеќемина македонски музичари. На бината во салата „Борист Трајковски“, вечерва на музичарите им се придружија и премиерот и лидер на СДСМ, Ковачевски, како и поќемина […]

Неверојатен податок за хрватската репрезентација, сите им се восхитуваат


  Хрватската фудбалска репрезентација го освои третото место на Светското првенство откако го совлада Мароко со 2:1 со головите на Мислав Оршиќ и Јошко Гвардиол. По натпреварот започна лудо славење низ сите краишта на светот, а луди прослави се одржаа и во соблекувалната. Хрватска е светска велесила и тоа сите го знаат сега, а по […]

Сценско-музичкиот спектакл „И тетовските глумци поа“ ја наполни салата во тетовскиот Центар за култура


  Тетовските актери од драмското студио покажаа дека знаат да „поа“ (пејат) исполнувајќи десетина нумери познати како филмска музика, а полната сала е доказ дека ова осмо по ред издание на манифестација ги исполнува сите услови за престижен културен настан. Со поддршка на музичката група Дрим Тим тетовските актери испеаја повеќе песни меѓу кои и […]

Иран: Најпознатата актерка уапсена поради поддршка на протестите


  Иранските власти уапсија една од најпознатите актерки во земјата, откако таа изрази солидарност со антивладините демонстранти. Таранех Алидости беше приведенa под обвинение за „ширење невистини“ за протестното движење што ја зафати земјата, соопштија државните медиуми. Во објава на Инстаграм минатата недела, таа ја осуди егзекуцијата на млад човек поради неговата вмешаност во протестите. Алидости […]

Ковачевски: Енергетската трансформација дава резултат – за 10 месеци имаме 141 мегават инсталиран капацитет


  Енергетската трансформација дава резултат, за само 10 месеци веќе имаме 141 мегават инсталиран капацитет, што во нашата историја се нема досега случено, а до крајот на мандатот ќе имаме речиси 300 мегавати инсталиран електричен капацитет, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска во Скопје.   -Особено сум горд што конечно, по децении стоење во […]

Ковачевски: Влеговме директно во огнот, за побрзо да испорачаме резултат


  Ниту еднаш, во било која прилика, дома или во странство, не ја користевме кризата како алиби, како оправдување во нашата работа, напротив, влеговме директно во огнот, за да испорачаме резултат, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешната голема национална трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Скопје. -Нашиот масовен собир го одбележува и […]

Зечевиќ: СДСМ нема да прави компромис за иднината


  Генералниот секртер на СДСМ, Миле Зечевиќ вечерва од трибината „Силно и одлучно кон иднината“, порача дека СДСМ нема да прави компромис за иднината, дека е одбран патот на просперитетот. „Наместо да лелекаме над судбината, сами да ја креираме. Заедно, со кренати глави, горди, достоинствени и обединети да го креираме современиот наратив на новата европска […]

Награда од Општина Битола за 19 талентирани ученици


По повод Денот на заштитникот на градот „Свети Нектариј Битолски“, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, додели награди на 19 талентирани ученици кои освоиле најмногу бодови на јавниот повик, кој општината го објави во февруари, годинава. Пријавите кои пристигнаа со освоени високи места на битолските ученици на општински, регионални, државни и меѓународни натпревари, потврдија, дека […]

Москва почна да регрутира војници со видео снимки од млади мажи кои купуваат автомобили


  Москва започна нова кампања за да ги привлече Русите да се пријават во вооружените сили и да се борат во Украина, и покрај изјавите на Кремљ дека ќе нема нови регрутации, пишува Си-Ен-Ен. Руските пропагандни видеа објавени на социјалните мрежи во последните денови се обидуваат да ги привлечат руските мажи преку наративи за патриотизам, […]

Хрватска го урна мароканскиот сон и ја освои бронзата на Светското првенство 2022


  Репрезентацијата на Хрватска ја совлада селекцијата на Мароко во натпреварот за 3. место на Светското првенство 2022 година во Катар. Селекцијата на Хрватска победи со резултат 2:1. Сите голови беа постигнати во првото полувреме. За Хрватска погодија Јошко Гвардиол (7. минута) и Мислав Оршиќ (42. минута). Гвардиол со 20 години и 328 дена стана […]

Од понеделник стабилизирање на времето со повеќе сончеви периоди и постудени утра


  Времето во државата утре прeтпладне ќе биде претежно облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени. Во Скопје претпладне облачно, попладне облачноста ќе се намалува. […]

Гардијан: Траги од кокаин откриени во домот на поранешната британска премиерка Лиз Трас


Траги од дрога биле пронајдени во домот на британската политичарка Лиз Трас по забавите на кои присуствувале нејзините политички сојузници, објави Гардијан. Според изворите, белиот прав бил откриен на имотот минатото лето во деновите пред Трас да победи во трката за лидер на Ториевците и да стане премиерка на Велика Британија. Еден член на персоналот […]

Папата Франциско ѝ ги враќа на Грција скулптурите од Партенон


  Поглаварот на Римокатоличката црква и Ватикан, папата Франциско, одлучи да ѝ врати на Грција три стари делови на Партенон кои повеќе од еден век се наоѓаат во папските збирки на ватиканските музеи. Ватикан известува дека папата одлучил да му ги врати трите парчиња од храмот Партенон на грчкиот надбискуп Јеренимос, како конкретен знак на […]

Дамева: Судскиот совет ќе го испита случајот „Таргет – тврдина“, согласно надлежностите


  Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева во врска со пресудата на Апелациот суд Скопје за предметот „Таргет – Тврдина“ во писмена изјава до медиумите наведува дека во понеделник во рамки на нејзините овластувања веднаш ќе преземе дејствија, а Судскиот совет ќе го испита конкретниот случај и за преземените дејствија и за констатираната фактичка состојба […]

Шпанија тестира скратена работна недела со иста плата


Шпанија тестира скратена работна недела со еднаква плата како дел од мал пилот проект, објави државната телевизија RTVE, цитирајќи го Министерството за индустрија. Доколку резултатите од пробниот период, кој првично ќе трае две години, бидат позитивни, мерката може да се прошири и на други делови од пазарот на трудот. Вкупно 10 милиони евра се достапни […]

Починато лице најдено во каналот „Студенчишта“ во Охрид


  Во водите на каналот „Студенчишта“ во Охрид, утрово, било пројандено починато лице. СВР Охрид денеска соопшти дека станува збор за Д.Р. (76) од Охрид, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги. – Денеска во 7 часот и 38 минути во СВР Охрид, пријавено е дека во водите на канал „Студенчишта“ […]

Москва: Засега не се можни директни трилатерални разговори за нуклеарната централа Запорожје


Русија смета дека директни трилатерални разговори меѓу Москва, Киев и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за заштитената зона околу нуклеарната централа Запорожје не се можни поради моменталната состојба на руско-украинските односи, изјави рускиот постојан претставник во МААЕ Михаил Уљанов. – Се разбира, напредокот по ова прашање би можел да биде побрз доколку се одржат […]

Отворен првиот германски терминал за ЛНГ


Првиот германски терминал за течен гас (ЛНГ) беше отворен во северното германско пристаниште Вилхелмсхавен, а канцеларот Олаф Шолц по тој повод изјави дека овој терминал ќе ја намали зависноста на Германија од рускиот гас. – Со овие и други терминали за ЛНГ во изградба, Германија ќе стане независна од рускиот гас од гасовод, изјави германскиот […]

Ирскиот премиер Мајкл Мартин поднесе оставка, на негово место доаѓа Лео Варадкар


  Ирскиот премиер Мајкл Мартин денеска поднесе оставка и на негово место ќе дојде Лео Варадкар. Варадкар ќе биде потврден за премиер по вторпат во кариерата на специјална седница на ирскиот парламент подоцна во текот на денот. Лидерот на либералната партија Фајн Гаел ќе го замени демохристијанинот Мартин, лидер на партијата „Фиана Фаил“, согласно коалицискиот […]

Доделени наградите за најдобри млади вина од индивидуални производители и семејни винарии


  Здружението на винари од Македонија, денеска ги додели наградите за најдобри млади вина од индивидуални производители и семејни винарии, во рамки на „Тиквешки вински салон”, манифестација организирана од Здружението „Тиквешки семејни винарии”. Натпреварот се одржува традиционално веќе осум години, а целта е, како што беше кажано, да се види потенцијалот на младите вина од […]