СП2022: Венгер импресиониран од Меси


Директорот на ФИФА за глобален развој Арсен Венгер рече дека е воодушевен од настапите на аргентинскиот капитен Лионел Меси на Мундијалот во Катар. „За мене е импресивно тоа што Меси повторно ја откри способноста да забрза во одреден момент. Никогаш не бил брз, но бил во состојба да знае кога треба да го смени движењето […]

Молдавија затвори шест телевизии поради ширење дезинформации


  Дозволите за емитување на шест телевизиски канали во Молдавија се суспендирани поради обвинувања за дезинформации, неточно покривање на руската војна во Украина и „обиди за манипулирање со јавното мислење“, соопштија властите. Одлуката за одземање на лиценците на каналите Прво во Молдавија, РТР Молдавија, Акцент ТВ, НТВ Молдавија, ТВ6 и Орхеи ТВ беше објавена доцна […]

Северна Кореја истрела две балистички ракети, соопшти јужнокорејската војска


Северна Кореја денеска истрела две балистички ракети кон морето во близина на источниот брег на Корејскиот Полуостров, соопшти јужнокорејската војска. Заменикот-министер за одбрана на Јапонија Тоширо Ино изјави дека севернокорејските балистички ракети се чини дека паднале надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија. Според јапонското Министерство за одбрана, проектилите летале на височина од 550 километри […]

Фијаско на изборите во Тунис, излегле само 9 отсто од гласачите


  Главната опозициска коалиција во Тунис соопшти дека претседателот Каис Саид мора да поднесе оставка откако на парламентарните избори учествуваа помалку од 9 отсто од граѓаните со право на глас. Шефот на Националниот фронт за спас, Неџиб Чеби, рече дека саботното гласање било „фијаско“, повикувајќи на масовни протести со барање за предвремени претседателски избори. Гласањето […]

Европската Унија постигна договор за пазарот на јаглерод


Преговарачите на Европската Унија рано изутринава постигнаа договор за ревизија на нејзиниот пазар на јаглерод, главниот инструмент на ЕУ за борба против климатските промени, објавија чешкото претседателство и Европскиот совет. – Договорот ќе ни овозможи да ги исполниме климатските цели во главните сектори на економијата, истовремено обезбедувајќи најранливите граѓани и микро-претприемачите да добијат поддршка во […]

Викнете полиција… Нешто чудно се случува во Апелација


Сведоците кои биле скриени во некои долапи, а еден имало бесшумен, како сенка, зад завеса гледале чудни настани. Како во филмот „Враќање во иднината“ во одаите на скопскиот Апелациски суд се премотувале назад филмските ролни кои почнаа да се снимаат кога излезе аферата со прислушувањето за да се вратат настаните на почеток и иднината да […]

Една искра е доволна за да се разгори ситуацијата во Косово


 Министерот за одбрана на Србија Милош Вучевиќ изјави дека ситуацијата во Косово „се уште е многу напната“ и дека „едно шкорче е доволно за да се запали сè“. Вучевиќ за денешното издание на Курир изјави дека „очигледно е дека се води многу перфидна војна за да им се стави до знаење на Србите дека не […]

СП2022: Хрватска заработи над 50 милиони евра


Успешниот настап на Светското првенство во Катар и освоениот бронзен медал на хрватската фудбалска репрезентација ѝ донесоа заработка од 51.5 милиони евра. Хрватска втор Мундијал по ред се искачи на пиедесталот и по среброто на завршниот турнир 2018 во Русија заврши третопласирана во Катар совладувајќи го вчера Мароко во малото финале со 2-1. Само оваа […]

Кличко: Обновено греењето во Киев


  Греењето во потполност е воспоставено во Киев по најновото бомбардирање на водоводната и енергетската инфраструктура, вели градоначалникот на главниот град н Украина, Виталиј Кличко. „Градот ги обновува сите услуги по последното гранатирање“, рече Кличко во апликацијата за размена на пораки Телеграм. „Конкретно, системот за снабдување со топлина на главниот град во потполност е обновен. […]

Еден милион евра не се проблем за Скопје за решавање на случајот со приватните превозници, смета Пенов


Еден милион евра не се голем проблем за Градот Скопје и за Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ и тоа не може да биде мотив за да се блокира Скопје и да се упропастат десетици милиони евра за трошоци на граѓаните за справување со последиците, вели во интервју за МИА министерот за локална самоуправа Ристо Пенов. – […]

18 декември во историјата – Првите британски колонисти со „Мејфлауер“ се истоварија во Америка


  На 18 декември 1620 година, англискиот брод „Мејфлауер“ се закотви на американското копно во денешен Плимут, Масачусетс, а неговите патници се подготвуваа да ја започнат да ја градат својата нова населба, колонијата Плимут. Познатата приказна за „Мејфлауер“ започна во 1606 година, кога група реформски настроени пуританци во Нотингемшир, Англија, основаа своја црква, одвоена од […]

Утрото со температури над нулата, дневната ќе стаса до 13 степени


Изутринава температурите во земјава се движеа од нула степени на Попова Шапка, два во Куманово, три во Битола, Берово, Маврови Анови и Лазарополе, пет во Прилеп и Крушево, шест во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Штип, Тетово, Охрид, Претор и Крива Паланка, осум во Струмица, девет во Гевгелија и Демир Капија и 10 Дојран. Најмногу дожд во […]

Атина ќе подели 650 милиони евра на граѓаните заради зголемените цени


Владата во Атина од февруари следната година ќе издвои 650 милиони евра за финансиска помош за своите граѓани поради големите поскапувања на храната, најави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Како што јавуваат денеска грчките медиуми, тој во парламентот најавил дека државата на граѓаните ќе им врати 10 отсто од потрошените пари за купување храна до одредена […]

(Видео) Поради зголемено ниво на Радика, урнат мостот што води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште


Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, на 16 декември урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше), соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. На патниот правец крак Маврово – Маврови Анови, поради појава на магла, видливоста беше намалена […]

(Видео) Шојгу ги посети војниците на првата линија на фронтот


  Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ги посети војниците вклучени, во како што Русија ја нарекува, „посебната воена операција“ во Украина, соопшти утрово Министерството за одбрана. „Челникот на руската војска, со хеликоптер ги посети војниците на местата на кои се распоредени во подрачјето на посебната воена операција“, соопшти Министерствто на апликацијата Телеграм. Москва, инвазијата […]

Пенов : Општините не ги користат ингеренциите што им ги дава Законот


Податоците укажуваат дека оваа година сите општини имаат зголемен трошоците и долгови во споредба со лани, вели министерот за локална самоуправа Ристо Пенов во интервју за МИА, посочувајќи дека земјава е пониско децентрализирана од европските стандарди, при што имаме неискористеност и на овие ингеренции коишто законот им ги дава на општините. Во однос на спорот […]

Рици: Северна Македонија е на вистинскиот пат во борбата против корупцијата


Северна Македонија е на вистинскиот пат во борбата против корупцијата. Тоа го потврдува силно изразената политичка волја на власта за имплементација на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата, но и напредокот на листата на Транспаренси интернешанл за перцепција на корупцијата во земјата за оваа година, оценува во разговор за МИА, Данило Рици, регионален претставаник за […]

Брегалница во долниот тек изобилува со бактерии од фекално потекло


Реката Брегалница во долниот тек е загадена, а нејзината вода е од класа четири, покажаа мерењата на лабораторијата „Амбикон” и на Здружението „Медиа плус”. Според добиените резултати, оваа река во делот на штипскиот регион е на ниво на канализациска мрежа, бидејќи водата е богата со бактерии од фекално потекло. Весна Коловска од Здружението „Медиа плус” […]

Во фабриките на „Хјундаи“ во Америка работеле деца и на 12години


Откриено е дека најмалку четири главни доставувачи на компанијата „Хјундаи мото“ и сестринската компанија „Киа корпорејшн“ вработуваат детска работна сила во фабриките во Алабама. Новинари на „Ројтерс“ со помош на државните и сојузните агенции сега истражуваат дали се користи детска работна сила и во другите фабрики на овие компании низ светот. Во фабрика во сопственост […]

Претежно облачно и ветровито, температурата до 13 степени


 Времето во државата денеска прeтпладне ќе биде претежно облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени. Во Скопје претпладне облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура […]