Москва почна да регрутира војници со видео снимки од млади мажи кои купуваат автомобили


DOHA, QATAR - DECEMBER 17: Croatia players celebrate after the team's victory during the FIFA World Cup Qatar 2022 3rd Place match between Croatia and Morocco at Khalifa International Stadium on December 17, 2022 in Doha, Qatar. (Photo by Alex Pantling/Getty Images)

 

Москва започна нова кампања за да ги привлече Русите да се пријават во вооружените сили и да се борат во Украина, и покрај изјавите на Кремљ дека ќе нема нови регрутации, пишува Си-Ен-Ен.

Руските пропагандни видеа објавени на социјалните мрежи во последните денови се обидуваат да ги привлечат руските мажи преку наративи за патриотизам, морал и социјален напредок. Многу од клиповите ја прикажуваат војната како бегство од мрачната реалност на нивниот секојдневен живот – кој се состои од пиење вотка, сиромаштија и беспомошност, судејќи според видеата.

На едно од видеата, објавено на 14 декември, се гледа млад човек кој избира да се бори наместо да се забавува со пријателите, а потоа ги изненадува сите купувајќи автомобил со парите што ги заработил борејќи се со воен договор.

Војна наместо забава

Во видеото објавено на 15 декември, поранешната девојка на еден војник повторно е импресионирана од неговата храброст и го моли повторно да бидат заедно. Во друго видео, средовечен маж ја напушта својата ниско платена работа во фабрика за да потпише воен договор и да оди на фронтот.

Друго од видеата покажува отмени Руси во нивните 30-ти години како товарат автомобил. Една постара жена прашува каде одат, на што еден од мажите вели: „Во Грузија. Засекогаш“. Кога друга жена ќе истури вреќа со намирници, наместо да помогнат, отмените мажи само влегуваат во автомобилот и си заминуваат, додека група помлади Руси брзаат да ги добијат намирниците. „Момците заминаа, мажите останаа“, вели една од постарите жени.

Во меѓувреме, продолжуваат да доаѓаат извештаи и поплаки за недостиг на храна и опрема во руската армија, што рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе го реши. За време на состанокот со мајките на мобилизираните во ноември, Путин инсинуираше дека е подобро да се умре борејќи се за земјата отколку да се пие вотка до смрт.