МВР: Лажни сите дојави за бомби во училишта во Скопје


По направените потребни проверки, Министерството за внатрешни работи утврди дека се лажни дојавите за поставени експлозивни направи во девет училишта во Скопје што биле  испратени попладнето на нивните електронски адреси. -Во врска со денешните пријави од девет училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа, утврдено е дека […]

„Заветна“ на Пепи Бафтировски ги спои Игор Џамбазов и Гуру Харе – како баладата звучи во блуз манир


Антологиската патриотска фолк балада „Заветна“, која своевремено оригинално ја изведе и маестрално ја испеа македонската фолк легенда, покојниот Пепи Бафтировски доби блуз верзија. Песната е последната снимка на дуетот Игор Атанасоски – Харе и Игор Џамбазов. Во најавата  за песната Џамбазов на својот Инстаграм ќе каже: Ова  наше видување на легендарната ‘Заветна’, испеана од Пепи Бафтировски, звучи […]

Блумберг: Најбогатите Руси изгубиле 93 милијарди долари од почетокот на војната во Украина


Од почетокот на руската инвазија на Украина, најбогатите Руси изгубиле повеќе од 93 милијарди долари од своето богатство, пишува Блумберг а пренесува Новаја Газета Европа. Според агенцијата, руските бизнисмени изгубиле 46,6 милијарди долари на првиот ден од руската инвазија на Украина. Во месеците по воведувањето на западните санкции изгубиле уште 47 милијарди долари. Според украинскиот […]

Телефонски разговор Османи – Ескобар


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари телефонски разговор со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар и специјален претставник на САД за Западен Балкан на кој е направен осврт кон соработката во рамки на Стратешкиот дијалог, а разговарале и за актулната политичка состојба во државава. -Османи реферираше за новиот акциски план кој е во финална […]

Стејт департмент: Кина сака да го прекрои меѓународниот поредок


Стејт департментот синоќа посочи дека Кина сака да го смени актуелниот меѓународен поредок и можностите на Пекинг за достигање на таа цел се зголемуваат.  Во твит на заменик портпаролот на Стејт департментот, Ведант Пател, исто така се признава дека Пекинг поседува потенцијал за реализација на таа цел.  – Кинеската Народна Република е наш единствен конкурент […]

Русија, засега, останува во европскиот фудбал, побара преговори со УЕФА


Русија – Руската фудбалска федерација (РФС), сепак, не ги исполни своите закани дека ќе истапи од УЕФА и објави денеска дека сака да формира работна група со Европската куќа на фудбалот за да се изнајде модел за враќање во меѓународните натпреварувања десет месеци од воведените санкции поради руската инвазија врз Украина. „Извршниот одбор на РФС донесе одлука да и предложи […]

Париз за Нова година ќе го обезбедуваат 5. 400 полицajци


Франција –  Префектурата на полицијата во Париз, со цел новогодишната ноќ да помине без проблеми, најави дека ќе го зајакне својот безбедносен систем на 31 декември, јави дописникот на МИА од Париз. Вкупно 5.400 полицајци и жандарми ќе бидат распоредени во главниот град и неговите предградија. Засилен систем, со цивилен персонал, ќе биде мобилизиран и во […]

Претставничкиот дом на САД ги објави даночните пријави на Трамп  


САД– Комитетот за буџетни расходи на Претставничкиот дом денеска ги објави даночните пријави на поранешниот претседател Доналд Трамп од 2015 до 2020 година. Ова е завршница по повеќегодишните напори на експретседателот да спречи обнародување на неговите даноци.   Комитетот, предводен од демократи, минатата недела изгласа обнародување на даночните пријави на Трамп во две редактирани верзии, поради […]

Скопјанец со помош на уште едно лице си ја нападнал сопругата


Скопјанец со помош на уште едно лице си ја нападнал 21 – годишната сопруга во куќата на нејзините родители, по што со закана со оружје ја одвел од домот. Како што информираат од МВР вчера во 15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода скопјанецот Д.С.(39) кој се сомничи дека  на 07.12.2022 […]

Хрватска се подготвува за влез во Шенген и еврозоната од 1 јануари


Хрватска- Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, словенечката претседателка Наташа Мирц Мусар и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на 1 јануари симболично ќе го одбележат влезот на Хрватска во Шенген зоната со посета на досегашниот хрватско-словенечки граничен премин Брегана. На овој начин, во недела ќе се одбележи можноста на хрватските граѓани да влегуваат и […]

(Видео) Експлозија во Турција, има загинати и повредени


Најмалку седум лица загинаа во експлозија во ресторан во Назили, област во западната турска провинција Ајдин. Гувернерот на провинцијата изјави за агенцијата „Анадолија“ дека првичните наоди покажале дека експлозијата се случила додека персоналот ја менувал празната плинска боца што се користела во кујната околу 15:30 часот. Aydın Valisi Hüseyin Aksoy, Nazilli ilçesindeki bir restoranda meydana […]

Арачиновец осомничен за грабнување во Липковско


Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен жител на селото Орланци, општина Арачиново за кого постои основано сомнение дека во соизвршителство со друго за сега непознато лице сторил кривично дело „грабнување“. Како што соопшти Јавното обвинителство, на 7 декември 2022 година од семејна куќа во селото Отља, општина Липково тие […]

Објавена листата на државници на кои Путин им честиташе Нова година


  Претседателот на Русија, Владимир Путин нема да им честита Нова година на американскиот и францускиот претседател Џо Бајден и Емануел Макрон, како и на германскиот канцелар Олаф Шолц, соопшти денеска Кремљ. – Овие колеги не ни честитаат. Всушност, ние немаме никаков контакт со нив. А земајќи ги предвид непријателските потези што постојано ги преземаат, […]

Повторно штрајк на вработените во авиокомпанијата „Рајанер“ во Белгија


  Вработените во авиокомпанијата „Рајанер“ (Ryanair) во Белгија денеска почнаа тридневен штрајк, поради што претстојниот новогодишен викенд ќе бидат откажани десетици летови. Се претпоставува дека штрајкот во Белгија нема да влијае врз сообраќајот на „Рајанер“ во другите држави. Аеродромската служба на Шарлроа, вториот по големина аеродром во Белгија, од каде што голем број летови одат […]

Анкета во Бугарија: Недовербата спрема Радев за прв пат е поголема од довербата


  Во Бугарија се случуваат промени во односот спрема  политичарите: за прв пат се забележува дека има повисок степен на недоверба кон претседателот Румен радев отколку доверба. Ова го покажуваат податоците од новото национално истражување на „Маркет линкс“ на бТВ во анкетата спроведена од 10 до 20 декември 2022. „Со текот на годините, тој (претседателот) […]

Ковачевски: Во новата 2023 година продолжуваме уште поодлучно за сигурна и европска иднина


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во новогодишната честитка до граѓаните порача дека во новата 2023 година државата ќе продолжи да напредува и да ги остварува целите и ќе биде подобра за граѓаните. „Можам со сигурност да кажам дека наредната година ќе биде подобра. Платите и пензиите ќе продолжат да растат, завршени […]

Меси, Путељас и Аргентина најдобри во избор на спортските новинари


  Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси и неговата шпанска колешка Алекси Путељас се прогласени за најдобри спортисти во 2022 година, а фудбалската репрезентација на Аргентина за најдобра екипа во изборот на Меѓународното здружение на спортски новинари (AIPS). Во машка конкуренција славеше аргентинскиот капитен и член на ПСЖ, Меси, со 962 гласови, пред светскиот рекордер во скок […]

Холандскиот суд одлучи дека визи треба да се издаваат на роднините на луѓето на кои им е доделен статус на бегалец


Холандскиот суд одлучи дека властите треба да издаваат визи на роднините на луѓето кои добиле статус на бегалци во земјата. Највисокиот управен суд во Холандија тврдеше дека интересот на семејствата е поважен од оној на државата. Одлуката донесена вчера е во согласност со меѓународното право за обединување на разделените семејства. Според новата политика, роднините на […]

Повторно штрајк на вработените во авиокомпанијата Рајанер во Белгија


Вработените во авиокомпанијата Рајанер (Ryanair) во Белгија денеска почнаа тридневен штрајк, поради што претстојниот новогодишен викенд ќе бидат откажани десетици летови. Се претпоставува дека штрајкот во Белгија нема да влијае врз сообраќајот на Рајанер во другите држави. Аеродромската служба на Шарлроа, вториот по големина аеродром во Белгија, од каде што голем број летови одат кон […]

Путин испрати новогодишни честитки, од Европа само за Вучиќ, Орбан и Лукашенко


  Рускиот претседател Владимир Путин испрати новогодишна честитка до светските лидери. Ова го пренесува веб-страницата на Кремљ. Севкупно, Путин им честиташе на 22 лидери, вклучувајќи ги и лидерите на непризнаените Абхазија и Јужна Осетија. Во Европа честитки беа испратени само до српскиот претседател Александар Вучиќ, унгарскиот премиер Виктор Орбан и Александар Лукашенко од Белорусија. Меѓу […]