Путин испрати новогодишни честитки, од Европа само за Вучиќ, Орбан и Лукашенко
Путин им честитал Нова година на вкупно 22 сегашни и поранешни лидери, меѓу нив и Берлускони и Шредер
Рускиот претседател Владимир Путин испрати новогодишна честитка до светските лидери. Ова го пренесува веб-страницата на Кремљ.
Севкупно, Путин им честиташе на 22 лидери, вклучувајќи ги и лидерите на непризнаените Абхазија и Јужна Осетија. Во Европа честитки беа испратени само до српскиот претседател Александар Вучиќ, унгарскиот премиер Виктор Орбан и Александар Лукашенко од Белорусија.
Меѓу другите приматели на Путин се кинескиот претседател Ши Џинпинг, индискиот премиер Наренда Моди, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и сирискиот претседател Башар ал Асад. Путин не му честиташе на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Исто така, на веб-страницата на Кремљ, посебно е забележано дека Путин им честитал на некои поранешни лидери на странски држави – Силвио Берлускони, Роберт Кочарјан, Нурсултан Назарбаев, Серж Саркисјан, Герхард Шредер.
Претседателскиот портпарол Дмитриј Песков рече дека Путин нема да им честита на лидерите на „непријателските земји“ бидејќи „практично немало никакви контакти“ со нив.