Блумберг: Најбогатите Руси изгубиле 93 милијарди долари од почетокот на војната во Украина


Од почетокот на руската инвазија на Украина, најбогатите Руси изгубиле повеќе од 93 милијарди долари од своето богатство, пишува Блумберг а пренесува Новаја Газета Европа. Според агенцијата, руските бизнисмени изгубиле 46,6 милијарди долари на првиот ден од руската инвазија на Украина.

Во месеците по воведувањето на западните санкции изгубиле уште 47 милијарди долари. Според украинскиот Форбс, вкупното богатство на најбогатите бизнисмени во Украина во февруари е намалено за повеќе од 20 милијарди долари, од 40 на 22,5 милијарди долари.

Според пресметките на Блумберг, во 2022 година имотот на 500-те најбогати луѓе на Земјата намален е за вкупно 1,4 трилиони долари.