5 декември во историјата – Ескадрила од авиони исчезна во Бермудскиот триаголник


  Во 14,10 часот на 5 декември 1945 година, пет торпедо-бомбардери ер“ на американската морнарица кои го сочинуваа Летот 19, полетаа од поморската воздушната база Форт Лодердејл во Флорида на рутинска тричасовна мисија за обука. По завршувањето на нивната цел, Летот 19 требаше да ги однесе на исток за дополнителни 67 милји, потоа да сврти […]

Украина: Руските војници сè повеќе користат сексуално насилство како оружје


  Украинскиот јавен обвинител Андриј Костин го осуди „драстичното зголемување“ на сексуалното насилство извршено од руски војници како дел од тековната инвазија на Украина. – Сите полови и возрасни групи се погодени, изјави Костин за весниците на германската Funke Media Group и францускиот весник Ouest-France во забелешките во кои имаше увид ДПА пред денеска да […]

Рускиот патријарх Кирил го повика раководството на земјата да се сврти кон Истокот


  Патријархот Московски и на цела Русија Кирил го повика раководството на Руската Федерација да се сврти кон Истокот, пред се кон истокот на Русија. Патријархот ова го изјави на средбата со лидерот на Јакутија, Ајсен Николаев. -Тоа што се случува денеска во односите меѓу Русија и Западот треба многу да го научи нашето раководство, […]

Почнуваат активности за ставање во функција на електраната ТЕЦ Неготино


АД Електрани на Северна Македонија соопшти дека ТЕЦ Неготино од изутринава ќе почне со пуштачки активности за ставање на електраната во функција на производство. – Вечерва завршуваат сервисните и ремонтните активности на генераторот и на другата опрема во ТЕЦ Неготино, и утре во 7.30ч почнуваат пуштачките активности за ставање на електраната во функција на производство, […]

Руска НВО Меморијал: Нема дипломатско решение за војната во Украина


  Во моментов „нема дипломатско решение“ за војната во Украина, изјави денеска Ирина Чербакова, коосновач на руската невладина организација за човекови права Меморијал, која беше распуштена од руските власти. – Апсолутно сум убедена дека нема дипломатско решение со режимот на (претседателот Владимир) Путин, се додека тој се уште е таму, рече Чербакова, која ја напушти […]

Стапуваат во сила ограничувања на цената на руската нафта и европското ембарго


  Ограничувањето на цената на руската нафта до 60 долари за барел, согласно договорот на ЕУ, Г7 и Австралија, денеска стапува во сила, како и ембаргото за увоз на руска нафта во ЕУ, со неколку исклучоци. Горната граница се однесува на нафтата што Москва ја извезува по морски пат во светот. Одлуката за ограничување на […]

Како да се стигне до работа: Сообраќаен хаос во Скопје поради блокадите на автобусџиите


Сообраќаен хаос и утрово во Скопје. Граѓаните мака мачат да стигнат на своите одредишта на време, поради долгите колони на скопските улици. Во најголема мера тоа се должи на протестот и блокадите на приватните автобусџии, но и на градежните работи кои што се одвиваат на повеќе сообраќајници во исто време. Приватните автобуски превозници денеска од […]

Во Собранието продолжува расправата за Предлог-буџетот за 2023


  Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2023 година. Собраниската Комисија за финасирање и буџет во петокот вечерта едногласно усвои амандман на Предлог буџетот за 2023 година за прераспределба на милион и седумдесет и две илјади денари за поефикасно извршување на функциите на Комисијата за […]

Остин: Војната на Путин не е резултат, туку причина за проширувањето на НАТО 


  Војната  што ја почна рускиот претседател Владимир Путин не е резултат, туку е причина за проширувањето на НАТО, изјави Лојд Остин, министер за одбрана на САД.  -Русија не беше испровоцирана. Русија не беше под закана. Русија не беше нападната. Наместо тоа, еден човек избра војна. И војната на Путин не е резултат на проширувањето […]

Во Скопје посебен режим на сообраќај


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска поради најавено одржување на протест, со почеток во 06.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот. Посебниот режим на сообраќај ќе биде воспоставен на бул. „Илинден“ – од крстосницата на бул. „Илинден“ со бул. „Св. Климент Охридски“, до крстосницата […]

Облачно со слаб ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер. Попладне облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени. Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, […]

Премиера на филмот „Фениксот од Кавадарци“


Во Кинотека денеска премиерно ќе биде прикажан документарно – играниот филм „Фениксот од Кавадарци“, реализиран со финансиска подршка на Филмскиот фонд. Сценарист и режисер е Мишо Нетков, а главен продуцент и монтажер Миле Петковски. Актер-наратор е Гоце Ристовски, костимограф Живко Трајчевски, аниматор Бојан Секуловски, а камермани се Кристијан Теодоров и Георге Трајковски. Филмот е сниман […]

Магла на патот Тетово-Попова Шапка


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Поради појава на магла на патниот правец Тетово-Попова Шапка се бележи намалена видливост од 40 до 50 метри. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од […]

СП 2022: Англија убедлива против Сенегал во осминафиналето


ОАЕ – Со убедлива победа од 3:0 против Сенегал, репрезентацијата на Англија вечерва избори пласман во четвртфиналето на Светското фудбалско првенство 2022. Џордан Хендерсон и Хари Кејн се запишаа во листата на стрелците во првото полувреме, Букајо Сака погоди во вториот дел за убедлив триумф. Во четвртфиналето Англија ќе се сретне со Франција која денес забележа […]

Мистериозна смрт на инфлуенсерка од Охрид во Африка


Популарната мејк ап артистка и инфлуенсерка Маја Миа, по потекло од Охрид, била пронајдена почината во Африка, јавуваат медиуми од црниот континент. Миа е родена во Македонија, но живеела во Танзанија повеќе од една деценија. Извештаите велат дека пред нејзината смрт таа живеела во Јужна Африка. Засега не се наведуваат причините за смртта на Маја. […]

Иран ќе ја распушти полицијата за морал, изјави државниот обвинител


  Иранската полиција за морал, која е задолжена да го спроведува исламскиот кодекс на облекување во земјата, е распуштена, изјави јавниот обвинител на земјата. Коментарите на Мохамед Џафар Монтазери, кои допрва треба да бидат потврдени од други агенции, беа дадени на настан во неделата. Во Иран има повеќемесечни протести поради смртта на една млада жена […]

Паѓа поддршката во Русија за водење на војната во Украина


  Британското Министерство за одбрана, во својата најнова проценка на разузнавањето, укажа на новите знаци од независен руски медиум дека јавната поддршка во Русија за воената кампања „значително паѓа“. „Медуза“, веб-страница што известува за руски вести од Латвија, вели дека добила неодамнешна доверлива анкета спроведена од Федералната служба за заштита, која е задолжена за чување […]

Два трупа пронајдени во Скопје


Два човечки трупа се пронајдени на две различни локации во Скопје. Во СВР Скопје вчера било пријавено дека во објект во изградба на улица „Орце Николов“ во Скопје бил пронајден починат В.Љ.(40) од скопската населба Илинден, вработен во градежна фирма од Скопје. Како што информира МВР, смрт констатирала екипа од Итна медицинска помош, а увид […]

Магла на патниот правец Тетово – Попова Шапка


Поради појава на магла на патниот правец Тетово – Попова Шапка се бележи намалена видливост од 40 до 50 метри. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, соопшти АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за […]

Приватните превозници утре ќе го блокираат Скопје


Приватните превозници и утре со 200 автобуси ќе ги блокираат клучните крстосници и булевари во центарот на Скопје, најави Кемал Муриќ претставникот на приватниот превозник „Слобода превоз“ во изјава за ТВ 24.  Состојбата со ЈСП и приватните превозници ја коментираше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој вели дека  премиерот Ковачевски и Арсовска имале тајни […]