Во Миладиновци засадени нови дрвца


Во  населено место Миладиновци денеска успешно реализирана акција за пошумување, отпочна акција  со која се засадени 27.000 садници  на простор од 10 хектари, акцијата е поддржана од ДМ Дрогерие Маркт и Македонски шуми со активно учество на Општина Илинден. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и претставници на Советот на Општината, учествуваше во акцијата „Пошумуваме […]

СП2022: Костарика ја совлада Јапонија


 Костарика триумфираше попладнево над Јапонија со 1-0 (0-0) во рамки на воведниот натпревар од второто коло во групата Е на Светското првенство во Катар. Костарика, која во првото коло претрпе катастрофален пораз од Шпанија (7-0), ја забележа првата победа на Мундијалот со гол во финишот на натпреварот во Ал Рајан. Стрелец на победоносниот гол беше […]

Скопските бадникари засадија 30 млади стебла даб по повод 30-годишниот јубилеј


По повод 30 години постоење, скопските бадникари денеска во месноста Говрлевска Краста засадија 30 млади стебла даб. Иницијативата со активен придонес и учество е на почесниот член на Одборот и поранешен кум Љупче Николовски. – На јужните падини на Водно во месносста Говрлевска Краста каде што со години собираат бадникови гранчиња што ги делат пред Соборниот […]

Русите спремаат нова мобилизација, се прегрупираат во три правци


  Од Генералштабот на украинската војска соопштена е ситуацијата на терен за претходниот ден при што е наведено дека Русите се прегрупираат во три правци и дека планираат нова мобилизација. Руската мобилизација, која предизвика масовно бегство на мажите од државата, завршена е на 28 октомври, а рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу рече дека тогаш […]

Велосипедист удрен од автомобил на автопатот Скопје-Тетово


Велосипедист завршил во болница откако бил удрен на автопатот Скопје-Тетово. Според МВР, вчера во 13.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово патничко моторно возило “хјундаи“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А.(66) од Скопје, удрило во велосипед управуван од И.Б.(48) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во […]

Промовиран романот „Тарафот“ од Петар Трајков


Во автентичен  книжевно  афирмативен  амбиент на Метаноја кафе во Скопје во сабота  се одржа промотивно читање на  книгата „Тарафот“ од Петар Трајков од Струмица.  Промоцијата беше реализирана како читање на делови од текстот одбрани лично од авторот. И негова интерпретација.  Модел  кој авторот го избрал како  актуелен во земјите со искусна читачка публика. Промовирање со […]

Шефот на НАТО ја пофали германската поддршка за Украина пред средбата во Букурешт


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја пофали поддршката на Германија за одбраната на Украина од руската инвазија, во изјава за неделното издание на германскиот весник „Велт“, два дена пред состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Алијансата во Букурешт. „Силната поддршка на Германија прави одлучувачка разлика“, рече Столтенберг. Германија претходно беше постојано […]

Николовски: Зелената транзиција меѓу клучните приоритети на МЗШВ


Зелената транзиција е еден од клучните приоритети на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство (МЗШВ), покрај другите реформи кои ги спроведуваме и верувам дека заеднички со одговорните компании и институциите ќе придонесеме да ја менуваме свеста, да се однесуваме одговорно и да имаме што повеќе и подобри вакви успешни примери, изјави ресорниот министер Љупчо Николовски […]

АД Мепсо: Интензивни активности во ТС Битола 2 за намалување на ризиците од испади или дефекти


Во насока на искористување на добрите временски услови, деновиве во ТС Битола 2 се вршат засилени ремонтни активности согласно договорот за ревитализација на високонапонската опрема во оваа трафостаница. Овој проект опфаќа замена на 67 раставувачи на 400 kV и 110 kV напонско ниво,  замена на 114 потпорни изолатори и поставување на 75 мерни трансформатори на […]

Русија не е сериозно ослабена од војната во Украина, тврди естонскиот министер за одбрана


 Естонскиот министер за одбрана Хано Певкур изјави дека не мисли оти Русија е сериозно ослабена од војната во Украина, јави ДПА. „Мораме да бидеме искрени и јасно да кажеме дека руската морнарица и руските воздухопловни сили се приближно големи колку што беа пред војната“, изјави Певкур за ДПА за време на неговата посета на Берлин. […]

Приведен дилер, пронајдена дрога во Скопје


Во саботата, во 22.45 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Н.(44) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Гази Баба, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и семки од канабис. Тој бил задржан во […]

Министерството за транспорт и врски заштедило 47 отсто електрична енергија


Согласно препораките од Владата, Министерството за транспорт и врски спроведе мерки ненарушувајќи го процесот на работа и заштеди 47 отсто електрична енергија во октомври 2022 година, споредбено со истиот месец минатата година. Во овие времиња кога сите ги чувствуваат последиците од светската енергетска криза и недостатокот на енергенси, со навремени мерки и почитување на препораките, […]

СП2022: ФИФА поради знаме почна дисциплинска постапка против Србија


Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) потврди дека е отворена дисциплинска постапка против Фудбалската федерација на Србија откако знаме на кое Косово е прикажано како дел од територијата на Србија било закачено во соблекувалната пред натпреварот со Бразил на Светското првенство во Катар. Србија во четвртокот загуби од Бразил со 2-0, а фотографијата со знамето на кое е испишана […]

МЗ: Изготвен е план за рационализирање на трошоците во здравствените установи


 По донесување на мерките и препораките за рационално користење на електричната енергија од Економско-енергетскиот совет на Владата во пресрет на грејната сезона, донесена е одлука јавните здравствени установи да склучат договори за електрична енергија преку ЕСМ продажба по поповолна цена од берзанската, соопшти Министерството за здравство. Оттаму посочуваат дека во координација со здравствените установи изготвен […]

Се проверуваат броилата на пријавените институции за субвенционирана струја


Процесот за снабдување со поевтина електрична енергија за клучните субјекти по одлуката на Владата тече непречено и без никаков застој, и сите пријавени кои исполнуваат услови ќе добијат електрична енергија од ЕСМ Продажба од 1 декември. ЕСМ Продажба ги отфрла неоснованите изјави од страна на одредени претставници од стопански асоцијации во кои без аргументи и […]

Во Лондон на раздалеченост од 1,5 км, најдени двајца мртви тинејџери


Две 16-годишни момчиња избодени се на смрт на две локации на оддалеченост од 1,5 километри во југоисточен Лондон, соопшти полицијата. Како што пишува „Скај њус“, полицијата истражува дали постои врска меѓу двете убиства за кои се верува дека се случиле во речиси исто време. Полицајците се повикани во 5.10 во саботата наутро поради дојава за […]

Две братчиња 1 и 3 избодени до смрт во Бронкс, мајката приведена


Две момчиња на возраст од три години и 11 месеци се пронајдени во стан во предградието Бронкс во Њујорк со повеќе убодни рани на вратот и торзото и се пренесени во болница, но повредите биле премногу тешки и лекарите не можеле да ги спасат, пренесуваат американските медиуми. Нивната 24-годишна мајка била однесена во полиција, а […]

Протести во Шангај поради ограничувањата за Ковид-19


Во Шангај денеска избувнаа протести поради заклучувањето како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, нагласуваат очевидци во изјави за западни медиуми, додека во Кина расте гневот против драконската политика „нулта ковид“ што владата ја спроведува речиси три години. Во видео на интернет, а кое според агенцијата Франс прес е снимено на улица во центарот […]

Претседателот со најдолг стаж во светот го продолжува своето 43-годишно владеење


Претседателот на Екваторијална Гвинеја, Теодоро Обианг Нгуема Мбасого е реизбран на функцијата со 95 отсто од гласовите на изборите одржани на 20 ноември. Неговиот син и потпретседател на земјата, Теодоро Нгуема Обианг Манге, го овјави тоа на Твитер. Засега западни медиуми не можат да потврдат дали тоа тврдење е веродостојно. Победата ќе му даде на […]

Софија, Сараево и Белград меѓу најзагадените градови утрово


  Граѓаните на три главни градови од регионот утрово се разбудија во смог. Имено, главните градови на Бугарија, Србија и на БиХ се најдоа на листата 10 најзагадени градови во светот. Според податоците на IQAir, Сараево е петти најзагаден град во светот со индекс на загаденост од 168, а во утринските часови беше и позагаден […]