Еко-активисти си ги залепија рацете на две дела на Гоја во музејот Прадо


  Две еко-активистки си ги залепија рацете на рамката на две дела на Франциско Гоја во музејот Прадо во Мадрид во знак на протест против „недејствувањето на властите“ против глобалното затоплување Демонстрантите не ги оштетиле платната, соопшти шпанската полиција. Своето внимание го насочија кон познатите дела на Гоја „Гола Маја“ и „Облечена Маја“. „Се залепивме […]

Кристофер Хил побарал од Вучиќ Србија да се однесува одговорно


  Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска телефонски разговараше со американскиот амбасадор во таа земја Кристофер Хил, кој „од него побара Србија да се однесува одговорно, сериозно и да не учествува на кој било начин во загрозување на регионалниот мир и стабилност“, објави Претседателството на Србија. Во соопштението, како што пренесува Бета, се наведува дека Вучиќ […]

Во Шпанија запленети рекордни 32 тони канабис, вредни околу 64 милиони евра


Шпанската полиција денеска соопшти дека запленила 32 тони канабис, посочувајќи дека станува збор за светски рекорд. Вредноста на дрогата на црниот пазар изнесува околу 64 милиони евра. Канабисот е запленет како дел од истрагата во која беа уапсени 20 лица. Полициската операција беше спроведена во изминатите неколку недели во неколку шпански градови, вклучително и Толедо […]

Мандатот на Арсовска низ фотографии: Главните проекти стојат како пред една година


  Една година од мандатот на градоначалничката Данела Арсовска, која во својата кампања најавуваше дека главниот град ќе го претвори во „модерно Скопје“, прошетавме низ улиците да провериме до каде е реализацијата на замислата. На некои проекти се работи, повеќето стојат во место, а некои не се ни почнати. Ако тргнете од Општина Аеродром, се […]

Започнува реконструкција на 36 мостови низ Скопје


Град Скопје соопшти денеска дека во соработка со Јавното претпријатие Улици и патишта отпочнува со проект за санација на 36 мостови, надвозници и пешачки натпатници кои се во надлежност на Град Скопје. „Дел од мостовите и натпатниците како повеќедецениски предизвик и покрај потребата не се санирани, а неопходна е реконструкција на коловозот, тротоарите и оградите, […]

Германскиот канцелар ја предупреди Меркел дека троши премногу пари


Берлин, 5 ноември 2022 (МИА) – Кабинетот на германскиот канцелар ја предупреди својата претходничка Ангела Меркел за преголемите трошоци што канцеларијата ги создава откако поранешната канцеларка ја напушти функцијата во декември минатата година, јавуваат германските медиуми. „Се одржаа дискусии меѓу кабинетот на канцеларот и раководството на кабинетот на Ангела Меркел, кои се однесуваат на прилагодување […]

Избрано ново раководство на Стопанската комора на северозападна Македонија


    Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) денеска го одржа 5-то Изборно собрание, на кое за нов претседател на Комората беше избран Менди Ќура. Како што соопштија од Комората, меѓу останатите, избрани беа и пратеници, претседател и заменик претседател на Собранието, 18 членови на Управниот одбор и пет члена на Надзорниот одбор. Новоизбраниот претседател […]

Србите ги напуштаат косовските институции


  Најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ) одлучи денеска да ги повлече своите членови од институциите на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Лидерот на СЛ, Горан Ракиќ, кој беше единствен министер Србин во владата на Албин Курти, поднесе оставка од челната функција во Министерството за заедници и враќање. По денешната седница […]

Еко свест: Јавното здравје мора да биде дел од носењето одлуки во енергетската криза


Последните објавени информации кои се однесуваат на одлуката на АД ЕСМ за тестирање на нови мотори со дизел гориво во топланите Исток и Запад во Скопје по 15 ноември се несериозни и непотребни во услови кога природниот гас е опција како енергенс за овие топлани, апелираат од Центарот за истражување и информирање за животна средина […]

Ковачевски: РЕК Битола е столбот на македонската економија, работните места се и понатаму сигурни


Премиерот Димитар Ковачевски по повод 40 години на РЕК Битола истакна денеска дека овој рударско – енергетски комбинат е столб на македонската економија и капацитет од кој зависеше осамостојувањето на државата. Тој ја посети машинската сала на термоелектраната на РЕК Битола, по што се обрати на свеченоста по повод јубилејот. „И денес во услови на […]

Бесими за Буџетот за 2023: Поддршка за граѓаните и фирмите во кризата и ветeр во грб на економијата


  Министерот за финансии Фатмир Бесими во колумна се осврнува на Предлог-буџетот за 2023 година што беше усвоен на владина седница минатата недела. Колумната ја пренесуваме во целост:  Отчетноста е дел од фискалната транспарентост, која е највисокиот степен на контрола на јавните финансии. Oттаму, деталното и разбирливо образложување на предлог-буџетот, најзначајниот фискален документ кој се […]

Петнаесет загинати во пожар во бар во Русија


Најмалку 15 лица загинаа синоќа во бар во Русија во градот Кострома, на околу 300 километри североисточно од Москва, јавува агенцијата ТАСС, наведувајќи дека пожарот е можно да бил предизвикан од пијан маж кој испукал сигнална ракета. Во првите извештаи гувернерот на таа област Сергеј Ситников преку Телеграм пренесе дека загинале 13 лица, а петмина […]

Бајден: Твитер шири лаги низ целиот свет


  Американскиот претседател Џо Бајден синоќа оцени дека Илон Маск ја купил платформата за социјални медиуми Твитер за да шири лаги низ светот. Твитер вчера отпушти половина од персоналот, но соопшти дека скусувањата се помали во тимот одговорен за спречување на ширење на дезинформации. Ова доаѓа откако огласувачите се повлекоа поради загриженоста за управувањето со […]

ОН: Речиси илјада новинари се убиени во последните 10 години


Во последните 10 години во светот се убиени 958 новинари, соопшти денеска високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Турк, цитиран од ДПА. Во истиот период, повеќе од илјада новинари беа затворени, рече тој на почетокот на конференцијата во Виена посветена на заштитата на медиумските работници. „Овој број е неприфатлив“, рече Турк во видео-обраќањето […]

Торнадо ги погоди Тексас и Оклахома: Едно лице загина, десетици се повредени


Делови од Тексас и Оклахома синоќа беа погодени од торнада, при што загина најмалку едно лице, дваесетина други се повредени, а десетици куќи и згради се урнати. Торнада силно го погодија округот МекКуртин, Оклахома, во југоисточниот дел на државата. Коди МекДаниел, управителот за итни случаи на округот, потврди дека едно лице загинало. Во малиот град […]

Општински обврзници и економски зони – што најави Мицкоски за финансирањето на општините


Општините кои што се под водство на градоначалници од редовите на ВМРО ДПМНЕ ќе издаваат општински обврзниц со кои ќе бараат нови извори на средства за нивно финансирање, најави денес лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Обврзниците ќе може да ги купуваат граѓаните и фирмите, а каматата ќе биде неколкукратно повисока во однос на онаа […]

ВМРО ДПМНЕ ќе учествува на лидерската средба, соопшти Мицкоски


  ВМРО ДПМНЕ ќе учествува на лидерската средба која ја закажа премиерот Ковачевски, соопшти денеска лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски. Тој ова го изјави на партискиот саем кој што се одржува денес и утре во Скопје, а на кој што отчет за сработеното во изминатата една година даваат градоначалниците од редовите на ВМРО ДПМНЕ. […]

Народна банка почна да објавува статистички податоци за должничките хартии од вредност


  Народната банка започна со објавување нови статистички податоци за показателот должнички хартии од вредност. Овој показател ги прикажува финансиските врски помеѓу секторите во националната економија, како и помеѓу секторите на националната економија и секторот странство, врз основа на должничките хартии од вредност, соопштија од НБ. Со изработката и објавувањето на овие податоци се збогати […]

Горица го отпушти Ангеловски


  Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски повеќе не е шеф на стручниот штаб на Горица. Претседателот на клубот Ненад Чрнко го разреши Ангеловски од функцијата тренер и спортски директор на Горица. Одлуката за прекин на соработката е донесена по вчерашниот пораз во 16. коло на хрватскиот шампионат против Истра. – Сакаме да му се заблагодариме […]