Дуодрамата „Кислород“ на битолскиот театар го отвора 47. издание на МОТ 2022


  Од денеска почнува 47-то издание на Младиот отворен театар – МОТ, еден од најстарите театарски фестивали во регионот со интернационална програма. На сцените на Младински културен центар, „Public room“ и КЦ Јадро во наредните денови до 19 ноември фестивалот ќе донесе 23 продукции односно 25 програмски активности.   – Моќта на театарот и театарот […]

„Вида“ – Концерт на Филхармонијата и виолинистот Владимир Костов


  Оркестарот на Филхармонија, вечер во 20 часот, ќе одржи концерт насловен „Вида“ на кој како солист ќе настапи виолинистот Владимир Костов. Гостин на концертот е чембалистката Цветанка Созовска. На програмата се дела од Корели, Вивалди, Порпора и Рихтер.  Владимир Костов (1975) е роден во Битола каде што го започнува своето музичко образование. Студиите по виолина […]

Премиера на претставата за деца „Јас сум Акико“ во КИЦ – Скопје


  Во Салонот 19:19 при Културно-информативниот центар во Скопје вечер премиерно ќе биде изведена претствата „Јас сум Акико“ наменета за деца над 11-годишна возраст. Акико е претстава која е поразлична од останатите и нуди симболики, асоцијации и толкувања, како уникатни делови од една сложувалка. -Не постојат погрешни толкувања. Сечие толкување е поразличнно, посебно и правилно […]

Недела на италијанската кујна


  Неделата на италијанската кујна во светот, ќе биде одбележана и во земјава од денеска до 13 ноември. Целта е да се промовира традиционалната италијанска кујна и италијанскиот начин на живот, но и вредности како заедништво, одржливост и иновативност. Годинашното издание на Неделата на италијанската кујна започнува денеска со гала вечера во ресторанот BELLA VISTA […]

Магла наутро, денот сончев


  Времето денеска ќе биде стабилно и претежно тивко со ниска облачност и магла по котлините. Попладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени. Во Скопје претпладне со појава на магла и ниска облачност, преку […]

Централната банка предвиде нагло забрзување на економскиот пад во Русија


  Руската економија ќе доживее нагло забрзување на стапката на пад во наредните месеци, предвидува Централната банка на Руската Федерација во својот Извештај за монетарна политика. По падот за 4,1% во вториот квартал, за 4% – во третиот, рускиот БДП ќе загуби 7,1% на годишно ниво во октомври-декември, следува од проценките на Централната банка. Рецесијата […]

Биткоинот падна под 17.000 долари, најниско од 2020 година


  Цената на криптовалутата Биткоин падна на најниско ниво во последните две години по извештаите за проблеми со ликвидноста на големата трговска берза ФТХ. Биткоинот со 16.941 долари достигна најниско ниво од 2020 година. Цените на другите криптовалути, како што е Етер, исто така паднаа. Загубите во цената беа предизвикани од повторната загриженост на инвеститорите за стабилноста на […]

Дали руското повлекување од Херсон е понуда на Кремљ за преговори?


  „Во правецот Херсон, нашите загуби се седум до осум пати помали од оние на непријателот. Мислиме, пред сè, за животот на секој руски воен човек. Одлуката да се браниме на левиот брег на Днепар (т.е. да се повлечеме од Херсон) не е лесна, но во исто време ќе ги спасиме животите на нашата војска […]

„Ауди“ го претстави Q8 E-Tron, електричен SUV со 496 КС


„Ауди“ Q8 E-Tron е новото име за подобрениот E-Tron, а променетото име им овозможува на купувачите да разберат дека се работи за flagship електричен SUV од германскиот бренд. Новиот модел доаѓа во стандардна „кутиеста“ каросерија и како „заоблен“ Sportback. Q8 E-Tron го одликува подобрениот дизајн кој вклучува нов „нос“, предната решетка сега има самозатворувачки систем, […]

СЗО регистрира 90 проценти пад на смртните случаи од Ковид-19 од минатата зима


Бројот на смртни случаи од Ковид-19 нагло опадна од минатата зима, соопшти Светската здравствена организација. Минатата недела, околу 9.400 смртни случаи поврзани со Ковид-19 беа пријавени ширум светот, соопшти денеска во Женева шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. Ова е речиси 90 проценти помалку отколку во февруари, кога беше постигнат овогодишниот неделен врв од 75.000. […]

УЕФА пак едногласно го отфрли проектот Суперлига


Челниците на УЕФА и најсилните европски лиги одржаа состанок во Нион со претставници на компанијата „А22 Спортс менаџмент‘, која стои зад проектот Суперлига, и уште еднаш ја офтрлија идејата за формирање на ова натпреварување. Во соопштението на УЕФА се наведува дека на состанокот присуствувале претседателот Александар Чеферин, претставници на европските клубови и лиги, како и […]

Корисниците масовно го напуштаат Твитер


  Голем број корисници на Твитер не се задоволни како Елон Маск управува со платформата, ни со промените кои милијардерот ги внесува во сервисот, па се во потрага по алтернативни платформи. Радикалните потези на Маск, по преземањето на Твитер (отпуштање голем број вработени, воведување задолжителни претплати за верификација на налозите, најава за враќање на блокирани […]

Талибанците им забранија на Авганистанките да одат во забавни паркови


Талибанските власти им наредија на сопствениците на сите забавни паркови во Авганистан да не им дозволат на жените да влегуваат, што е уште една забрана со која соочуваат Авганистанките. Мохамед Садек Акиф Мухаџир, портпарол на талибанската полиција за морал, позната како Министерство за пропагирање на доблест и спречување на пороците, ја потврди веста за ДПА, но одби […]

Ковачевски од Струмица: Никого нема да заборавиме и да оставиме сам да се справува со последиците од кризата


Ветивме дека никого нема да заборавиме и да оставиме сам да се справува со последиците од кризата. Мерките што ги носиме, политиките кои ги спроведуваме, грижата за стопанството и граѓаните се со цел да обезбедиме подобар квалитет на живот, сигурност, економски раст, просперитет и развој, истакна премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска присуствуваше на отпочнување на […]

Македонија елиминирана од ЕП, лавовски се бореше до крај (фото)


Македонија не успеа да се пласира во главната фаза на ЕП. Имено вечерва во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, нашите девојки во третиот меч во групата-Ц и тоа против Романија, е поразена со 23:31 (12:13). Голема борба на нашите девојки, не може да се каже дека не ја сакаа победата која ќе значеше и фантастичен […]

Се чисти Дабничкиот канал низ Прилеп


Повеќе од Над 600 м3 отпад извадени од Дабничкиот канал во Прилеп ќе бидат транспортирани до депонијата кај Алинци, пишува градоначалникот Борче Јовчески на ФБ. – Заедно со ЈКП „Комуналец“ будно ја следиме ситуацијата за чистотата во градот и континуирано спроведуваме вакви акции. Сакам да упатам апел до сите наши сограѓани за поголема свест и […]

Шпанија и Португалија сакаат организација на СП2030 заедно со Украина


Шпанија и Португалија, кои заеднички сакаат да бидат домаќини на фудбалскиот Мундијал 2030, ја приклучија кон својата кандидатура и со војна погодената Украина, објави денеска првиот човек на португалскиот фудбал Фернандо Гомеш. – Нашата кандидатура има сè што е потребно: инфраструктура, искуство и одличен човечки капитал. Од таа гледна точка, нудиме најдобра кандидатура. Сега имаме дополнителна работа поврзана со вклучувањето на […]

Левица прашува: Абази убедувал или уценувал обвинители да го гласаат?


Левица реагира на изборот на Ислам Абази на функцијата шеф на јавното обвинителство за организиран криминал и корупција. Според нив, слабостите и недореченоста на Законот за јавни обвинители ја исполни долго посакуваната желба на ДУИ да инсталира свој човек на чело на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.   -Зад силуета на […]

Ќе поништат оглас за контролори на летање зашто Албанците што положиле не се од ДУИ


Тројцата членови на управниот одбор на МНАВ и директори во агенцијата, Фахрудин Хамиди, Миѓан Селмани и Влатко Крстевски, сакаат да го поништат огласот за контролори на летање, зашто од 270 пријавени положиле само 8 кандидати, меѓу кои не се нивните, а ни пријавените деца на функционери од ДУИ, пишува СДК.МК.   Меѓу најдобрите 8, се […]

Изречени 24 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици


МВР денеска во периодот од 06.00 до 10.00 часот спроведе акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.   При контролата констатирани се 24 сообраќајни прекршоци. Од нив три санкции за некористење сигурносен појас, една мерка за возење […]