Инфлацијата во Бугарија на највиоко ниво од 1998 година


  Бугарија–   Инфлацијата во Бугарија е зголемена во септември и го достигна највисокото ниво во изминатите 24 години, соопштиНационалниот статистички институт. Потрошувачките цени се зголемија за 18,7 отсто на годишно ниво во септември, побрзо од растот од 17,7 отсто во август. Последната висока инфлација, наводно, била највисока од мај 1998 година, кога изнесувала 18,8 отсто. […]

Врачена наградата „Роман на годината“ на Симона Јованоска (фото)


Наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, синоќа, во кафе-барот „Филхармонија, во присуство на бројни гости од културната фела ѝ беше доделена на Симона Јованоска за романот „Денот на црвот“ . Романот „Денот на црвот“  е богат на ниво на стил, книжевна постапка, тон на […]

Сончево и топло, во делови од котлината со слаба утринска магла


Времето ќе биде сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 7, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени. Во Скопје сончево и релативно топло, во делови од котлината со […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 18 октомври 2022 година, 290–иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 75 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 48 минути, а ќе зајде во 17 часот и 49 минути.  Денов трае 11 часа и 1 минута.  Месечината, која е во фаза на последна четвртина, нема да изгрее ова деноноќие, а ќе зајде во 14 […]

„Златната топка“ за Бензема и Путелјас


  Напаѓачот на европскиот првак Реал Мадрид, Карим Бензема ја освои вечерва наградата „Златна топка“ која традиционално се доделува во изборот на списанието Франс фудбал, додека признанието најдобра фудбалерка втора година по ред и припадна на Алесиа Путелјас од Барселона. The 2022 women’s Ballon d’Or complete ranking! #ballondor pic.twitter.com/QJLVZW6XjG — Ballon d’Or #ballondor (@francefootball) October […]

За Мицкоски е неетичко откривањето на имињата на компаниите што тој ги понудил


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва го оцени како неетичко откривањето на имињата на компаните кој тој ги предложил на Владата за полесно соочување со последиците од енергетската криза.  „Ценам дека тој кој ги споменува имињата на фирмите нема авторизација да ги споменува имињата на контактите и постапил неетички, но имам намера да ја кажам […]

Црна дупка проголта ѕвезда пред неколку години, сега „ждригна“


Црните дупки се едни од најмистериозните и најекстремните објекти во универзумот. Тоа се тела со толку силна гравитација на кои ништо не може да им избега, дури ни светлината. Тие се исто така интересни бидејќи им овозможуваат на астрономите да го набљудуваат однесувањето на законите на физиката во најекстремни услови. Понекогаш овие „чудовишта“ голтаат ѕвезди […]

Бесими: Во ниту еден момент никој не кажал дека ќе се намалат платите


  Во ниту еден момент, ниту премиерот, ниту некој друг кажал дека ќе се намалат платите, а тоа не стои ниту во Планот за штедење, но има одредени сектори и колективни договори чии решенија ќе мора да се ревидираат, рече вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими. Според него, во 2023 година, поради кризата, може да […]

Шолц нареди трите нуклеарни централи во Германија да работат до средината на април


Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска нареди трите национални нуклеарни централи да останат во функција до средината на април следната година, за да се избегнат можните недостигања во снабдувањето со електрична енергија. Како што соопшти кабинетот на Шолц, германскиот канцелар денеска ја соопштил својата одлука преку писмо што го испратил до Владата. Министерот за економија Роберт […]

Новиот буџет пред Владата до крајот на октомври, проекциите за раст се меѓу 2,9 и 3,1 отсто


  Министерот за финансии Фатмир Бесими вечерва најави дека до крајот на октомври буџетот за 2023 година ќе биде доставен до Владата. Проекциите за економскиот раст, нагласи, се оптимистички, меѓу 2,9 до 3,1 отсто. -Се очекува инфлацијата идната година да се ублажи и да биде под просекот од 11,6 проценти колку што е сега, до […]

Се бара решение за новите договори за парно, греењето за граѓаните не е загрозено


  Граѓаните корисници на централно греење во Скопје ќе мора да склучат нови договори за оваа услуга со новиот снабдувач, ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје, но се бараат начини како да се поедностави постапката, информираа денес надлежните. Граѓаните реагираа на информацијата дека околу 60 илјади корисници ќе мора да одат лично на трите предвидени […]

Дел од Карпош утре, а дел од Студеничани задутре ќе останат без вода


Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека: На ден 18.10.2022 година (вторник), поради поврзување на нова и стопирање на стара водоводна мрежа на ул. Букурешка 103, од 09:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од: ул. […]

Унгарија не го прифати предлогот на ЕУ за обука на украински војници


Луксембург – Унгарската влада не го прифати предлогот на ЕУ за формирање мисија за обука на 15.000 украински војници на територијата на ЕУ, бидејќи тоа ќе доведе до опасност од ескалација на војната во Украина, изјави денеска во Луксембург унгарскиот премиер Петер Сијарто. Сијарто рече дека, во согласност со законот, не учествувал на гласањето на денешниот […]

Обвинителството на САД побара шест месеци затвор за Стив Бенон


САД– Сојузни обвинители денеска побараа Стив Бенон, поранешен советник на поранешниот претседател Доналд Трамп да биде осуден на шест месеци затвор за непочитување на Конгресот, јави дописникот на МИА од Вашингтон.   Според препораката, покрај затворската казна од шест месеци, државата бара тој да плати и 200.000 долари парична казна.  – За неговото одржливо, несовесно потценување на […]

Владината делегација која оди за Абу Даби ќе биде минимална, вели Ковачевски


Владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски која утре треба да патува за Обединетите Арапски Емирати ќе биде минимална, изјави денеска премиерот. Како што истакна Ковачевски, заедно со него ќе патуваат и министерот за финансии, Фатмир Бесими со раководителот на секторот за меѓународни финансии,  додека министерите за земјоделство и за транспорт и врски, Љупчо Николовски […]

Косово планира годинава да аплицира за членство во ЕУ


Косово – Косовскиот вицепремиер задолжен за евроинтеграции, развој и дијалог, Бесник Бислими, на денешната средба со амбасадорот на Франција во земјата, Оливие Гуеро, најави дека Косово годинава ќе аплицира за членство во Европската унија, со цел да се стекне со статусот на земја кандидат, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението од владината служба за информирање, […]

ЈСП нема да штрајкува утре, од раководството им било ветено дека платата ќе им биде исплатена


Раководството на репрезентативните синдикати на ЈСП денеска попладнево на состанок одлучи утре вработените да не ја прекинуваат работата, со оглед на тоа што им било ветено дека ќе им биде исплатена заостанатата плата. Но, велат од Синдикатот, доколку платата не биде исплатена во текот на утрешниот ден, во среда ќе организираат протест и ќе ја […]

Париз шокиран од убиството на Лола (12) пронајдена во кутија


  Парижаните останаа запрепастени од шокантното убиство на 12-годишна ученичка чие тело беше пронајдено во петокот во кутија во дворот на нејзината станбена зграда. Девојчето, по име Лола, го поминало денот нормално на училиште, но нејзиниот татко се огласил кога таа не се вратила дома во попладневните часови. Подоцна вечерта било пријавено присуство на проѕирна […]

Досега само „Макпетрол“ доставила понуда за природен гас за ноември


Во текот на оваа недела се очекува да бидат доставени понудите за набавка на потребните количини на природен гас за месец ноември. Досега понуда има доставено само „Макпетрол“, но се очекуваат понуди од уште две до три компании. – Веќе е пристигната една понуда од компанијата „Макпетрол“ за потребните количини за ноември, меѓутоа очекуваме уште неколку […]

Најмалку четворица загинати во падот на руски борбен авион во градот Јејтс (Видео)


  Во падот на борбениот авион „Су-34“ во станбена зграда во Јејск, во регионот Краснодар на југот на Русија во близина на Украина, според последните информации, загинале четири лица, а уште шест се водат за исчезнати, јави обединетата дежурна диспечерска служба на градот, пишува Интерфакс. Според последните податоци, повредени се 25 лица. Четворица од нив […]