Тренчевска уверува: Нема отпуштања, преку преземања вработените ќе одат во институции каде недостасува таков кадар


Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во емисијата „Аргумент плус“ на Телевизија 24 зборуваше за препораките од Планот за фискална оддржливост кои се однесуваат на вработените во јавниот сектор. „Согласно препораката за рационализација и оптимизација на вработените во јавниот сектор, секоја институција треба да направи функционална анализа, која е неопходна за да може […]

Лавров: Русија „не гледа поента“ да го задржи дипломатското присуство на Западот


  Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави во вторникот дека „нема смисла“ да се задржи сегашното ниво на дипломатско присуство на земјата на Запад, јавуваат државните медиуми на земјата РИА Новости. „Тоа нема смисла и немаме желба да го задржиме истото присуство во западните земји. Нашите луѓе работат во услови кои тешко може […]

Ковачевски во Абу Даби разговараше за инвестиции од Емиратите


  Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министрите за финансии Фатмир Бесими, за транспорт и врски Благој Бочварски и за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во рамки на посетата на Абу Даби, остварија средба со Мохамед Саиф Ал Суваиди генерален директор на Фондот за развој на Абу Даби, како и со Калифа ал Кубаси, заменик-генерален […]

Почна евакуацијата на цивилите од Херсон, објави командантот на руските војски во Украина


  Новиот командант на руската армија во Украина, Сергеј Суровикин, во вторникот изјави дека цивилите се „преселуваат“ од јужниот град Херсон, окупиран од Русија, опишувајќи ја воената ситуација во Украина како „напната“. „Непријателот постојано се обидува да ги нападне позициите на руските трупи“, рече Суровикин во своето прво телевизиско интервју откако беше назначен минатата недела, […]

„Стара Градска болница“ одбележа 60 години, претставена идеја за доградба на нов оперативен блок


Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, позната како „стара Градска болница“, вечерва со свечена академија одбележа 60 години од основањето. Речиси нема жител на главниот град кој некогаш не побарал услуга во оваа болница лоцирана во центарот на Скопје, беше истакнато на свеченоста.  Во клиниката годишно се извршуваат повеќе од 200 000 амбулантско-поликлинички […]

Германија го отпушти шефот за сајбер безбедност „поради врски со Русија“


  Германскиот шеф за сајбер безбедност е сменет по обвинувањата дека е прекумерно близок со Русија преку здружението кое тој го помогнал да се формира. Арне Шенбом ја предводеше Федералната управа за сајбер безбедност (БСИ) – задолжена за заштита на владините комуникации – од 2016 година. Германските медиуми го обвинија дека имал врски со луѓе […]

Лажни дојави за бомби на неколку локации во Белград меѓу кои и на аеродромот „Никола Тесла“


Србија- Белградскиот аеродром „Никола Тесла“, редакцијата на српски „Курир“, како и црква, студентски дом и обложувачница во Белград денеска добиле анонимни дојави за бомби. По увид на Министерството за внатрешни работи на Србија утврдено е оти дојавите се лажни, пишува Н1. Во изминатите неколку месеци Србија често беше мета на лажни дојави за бомби, а […]

Магдалена Филиповска-Грашковска е нова директорка на Фондот за здравствено осигурување


Владата на денешната седница ја именува Магдалена Филиповска-Грашковска за нова директорка на Фондот за здравствено осигурување.   „На денешната владина седница, за директорка на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, на предлог на министерот за здравство, е именувана Магдалена Филиповска-Грашкоска“, стои во соопштението на Владата.

Изборот на судии на Уставниот суд го блокира Собранието


Собранието попладнево ја продолжи расправата за дневниот ред за 88. седница. Претседателот на Собранието Талат Џафери и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица спореа во врска со предлогот за втора точка на дневниот ред да биде Предлози за избор на судии на Уставниот суд. Тие бараа таа точка да биде тргната од дневен ред. Мнозинството не […]

„ЕксонМобајл“ соопшти дека Путин ѝ го одзел имотот во Русија  


САД– Американската нафтена компанија „ЕксонМобајл“, синоќа јави дека целосно излегла од Русија откако рускиот претседател Владимир Путин го отуѓил сиот нејзин имот по седум месеци разговори за законски трансфер на 30 отстотниот удел во голем енергетски проект во земјата.  Од „Ексон“ изјавија дека не примиле некаква компензација за активите, кои таа ги оцени на повеќе […]

Турција успешно тестираше домашно развиена ракета со краток дострел


Турција– Турција изврши успешно тестирање на домашно развиената ракета со краток дострел „Тајфун“, јави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк. Пробното лансирање го изврши турската компанија РОКЕТСАН во рамките на проектот за развој на ракетниот систем Тајфун на Управата за одбранбена индустрија. Ракетата успешно ја погодила целта откако беше лансирана од копно во близина на турската црноморска област Синоп во […]

Се враќа топлиот оброк во РЕК Битола, мензата пак ќе работи


РЕК Битола и Хотелот Молика започнуваат постапка за повторно отворање на мензата во РЕК Битола. На денешниот работен состанок договрени се сите неопходни чекори што треба да бидат преземени со цел работниците во РЕК Битола повторно да имаат топол оброк. – За нас, работниците се најважни. Тие го носат товарот на производството и заслужуваат квалитетни […]

Поради скината цевка населбата Бутел без вода


 Поради скината цевка од страна на фирма на улица „Бутелска“ бб до Општината Бутел, прекин во водоснабдувањето попладнево имаат корисниците од населба Бутел. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето е прекинато од 17:30 часот и ќе трае до санирање на дефектот. 

Новиот шведски премиер најави промена на миграциската политика и сузбивање на криминалот


Новиот шведски премиер Улф Кристерсон денеска во парламентот ја претстави коалициската влада на десниот центар, ветувајќи дека ќе го промени курсот за миграциската и енергетската политика и кривичното правосудство. Малцинската влада на Кристерсон, кого парламентот вчера го избра за премиер, ја сочинуваат неговата Умерена партија, Демохристијаните и Либералите, а извршната власт е поддржана од антиимиграциската […]

Се враќа топлиот оброк во РЕК „Битола“, мензата пак ќе работи


  РЕК „Битола“ и хотелот „Молика“ започнуваат постапка за повторно отворање на мензата во РЕК „Битола“. На денешниот работен состанок договрени се сите неопходни чекори што треба да бидат преземени со цел работниците во РЕК „Битола“ повторно да имаат топол оброк. „Топлиот оброк се враќа во РЕК ‘Битола’, мензата повторно ќе ги отвори вратите за […]

Навреда била македонскиот клуб да се нарекува по Никола Вапцаров, вели општината Благоевград


  Советот на општината Благовград во Пиринска Македонија донел решение да не се дозволи отворање на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ затоа што тоа било антибугарска провокација. Неделникот „Фокус“ го објавува факсимилот на решението на советниците од Благоевград, кое било усвоено со 25 гласа „за“, ниту еден „против“ и четири „воздржани“. Во ова решение се […]

Задолжителни здравствени прегледи и мобилен мамографски скрининг во борбата со ракот на дојка


Владата одржа тематска седница посветена на борба со ракот на дојка, како дел од одбележувањето на октомври на светско ниво, како месец посветен на борбата со ракот на дојката. Донесените заклучоци се однесуваат на воведување задолжителни здравствени прегледи, како и обезбедување мобилен мамографски скрининг, соопшти владината прес-служба. Заклучено е да се задолжи Министерството за финансии […]

Даниел Крег го доби истото кралско одличје како Џејмс Бонд


Англија – Засега последниот глумец од „Џејмс Бонд“ филмовите, Даниел Крег(54) ја доби истата кралска почест со којашто бил одликуван и неговиот можеби најпознат лик „007“, кој потекна од серијалот книги на Ијан Флеминг. Имено, тој во замокот Виндзор беше награден со Одличјето на Редот на Сент Мајкл и Сент Џорџ, за заслуги во филмот […]

Ученичка во Иран претепана до смрт поради тоа што одбила да пее песна за врховниот лидер


  Уште една ученичка, наводно, била убиена од иранските безбедносни служби, откако била претепана во својата училница затоа што одбила да пее прорежимска песна кога нејзиното училиште беше претресено минатата недела, што предизвика дополнителни протести низ целата земја овој викенд. Според Координативниот совет на иранските учителски здруженија, 16-годишната Асра Панахи починала откако безбедносните сили упаднале […]

Лиз Трас е најнепопуларен британски премиер во историјата на анкетите


  Лиз Трас падна на најниската популарност досега од кој било британски политички лидер по катастрофалниот почеток на нејзината премиерска функција. Истражувањето на фирмата YouGov, спроведено веднаш откако таа го отпушти министерот за финансии Кваси Квартенг и ги напушти клучните компоненти на нејзината економска стратегија минатиот петок, покажува дека четири од пет возрасни Британци (80 […]