Германија го отпушти шефот за сајбер безбедност „поради врски со Русија“


Арне Шенбом

 

Германскиот шеф за сајбер безбедност е сменет по обвинувањата дека е прекумерно близок со Русија преку здружението кое тој го помогнал да се формира.

Арне Шенбом ја предводеше Федералната управа за сајбер безбедност (БСИ) – задолжена за заштита на владините комуникации – од 2016 година.

Германските медиуми го обвинија дека имал врски со луѓе поврзани со руските разузнавачки служби.

Министерството за внатрешни работи ги истражува наводите изнесени против него.

Но, се потврди дека тој бил отпуштен со непосреден ефект.

Шенбом се најде под лупа откако Јан Бемерман, водител на една од најпопуларните германски ТВ емисии доцна во ноќта, ги истакна тие  потенцијални врски со руската компанија.

Пред да го води БСИ Шенбом помогна во формирањето и водење на Советот за сајбер безбедност на Германија, приватна асоцијација која ги советува бизнисите и креаторите на политики за прашања поврзани со сајбер безбедноста.

Се вели дека тој одржувал блиски врски со здружението и присуствувал на нивната прослава на 10-годишнината во септември.

Еден од членовите на здружението беше компанија за сајбер безбедност наречена „Протелион“, која беше подружница на руска фирма, наводно основана од поранешен член на КГБ, почестен од претседателот Владимир Путин.

„Протелион“ беше исфрлен од здружението минатиот викенд, а Советот за сајбер безбедност Германија вели дека наводите за врски со руското разузнавање се невистинити.

Портпаролот на министерката за внатрешни работи, Ненси Фезер, потврди дека отпуштањето на Шенбом дошло како одговор на неодамнешните извештаи, велејќи: „Позадината на ова не е само поради наводите откриени и широко дискутирани во медиумите“.

Портпаролката додаде: „Нарушена е потребната доверба на јавноста во неутралноста и непристрасноста на неговото раководство како претседател на најважната германска агенција за сајбер безбедност“.

Но, тие нагласија дека шефот на безбедноста ќе се „се смета за невин“ додека се води истрага за обвинувањата.

Германскиот медиум „Шпигел“ претходно објави дека Шенбом побарал да се отвори формална дисциплинска постапка против него, откако не доби „повратна информација“ од владата по првичните обвинувања.

Се вели дека Берлин е сè позагрижен дека неговата критична инфраструктура би можела да биде цел на руското разузнавање додека ја засилува својата поддршка за Украина.

Минатата недела, Министерството за одбрана објави дека планира да достави четири системи за противвоздушна одбрана во Киев. Се вели дека една единица ИРИС-Т е способна да одбрани цел град од воздушни напади.