Силна експлозија во воено-производствениот погон „Арсенал“ во Бугарија, но не е инцидент


 Силна експлозија беше регистрирана во воено-производствениот погон „Арсенал“ нешто по девет часот изутринава по локално време, јави БНТ. Засега нема информации за штета и за жртви. Бугарската национална телевизија наведува дека може да станува збор и за контролирана експлозија. Извршниот директор на компанијата, Николај Ибушев, за БТА потврди дека не се случила несреќа. Извршено е […]

Научници во САД развија нов сој на корона вирус


Истражувачи од американскиот универзитет Бостон соопштија дека развиле нов сој на корона вирус по низа слични експерименти во светот, со цел да се борат против нови пандемии. Новиот сој претставува комбинација од омикрон и оригиналната варијанта од Вухан, а истражувањето го спроведе тим научници од Флорида и Бостон, јави „Фокс њуз“. Евидентирано е дека глувците […]

САД ќе и обезбедат на Куба два милиони долари помош по ураганот Ијан


Вашингтон синоќа најави дека ќе даде два милиони долари итна помош за Куба по минувањето на ураганот Ијан, што Хавана ја прифати. САД му нудат на кубанскиот народ „важна хуманитарна помош“ преку нивната меѓународна агенција за развој и доверливи меѓународни партнери кои директно соработуваат со Кубанците чии заедници беа уништени од ураганот, нагласи Нед Прајс, […]

ЕСМ: Зголемено производството, обезбедена струја за дел од домашното стопанство


АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) вчера произведе 12.660 MWh електрична енергија, со што, како што соопшти, целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствени, домашни капацитети. Од ЕСМ истакнуваат дека го зголемиле производството, како и дека обезбедиле струја за дел од домашното стопанство. Прецизираат дека во термоелектраните […]

СДСМ до Данела: Не те избраа да ја префрлаш на други вината, туку да работиш!


СДСМ  ја обвини утрово градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска,  дека се обидува на други да ја порефрли вината за своето неработење, откако таа најави штрајк без преседан досега, односно управа на Град Скопје место да го решава проблемот со кризата околу градскиот автобуски сообраќај , да повикува на протест пред Владата, како од „најдобрите времиња“ […]

Државните институции мора да штедат 15 отсто струја до март


 Владата на денешната 93-та седница ја разгледа Информацијата со споредбена анализа за потрошена електрична енергија од државните институции, подготвена од Министерството за економија. – Министерството за економија беше задолжено да достави ваква информација и анализа до Владата, откако органите на државната управа, институциите коишто немаат статус на органи на државната управа и правните лица основани […]

Утврдена висината за стипендии за средношколците, конкурсите до крајот на месецов


 Владата на денешната 93-та седница донесе Одлука за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта во земјава за учебната 2022/2023 година, со којашто се утврдени бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средното образование. – Стипендии во износ од 3.500 денари месечно се […]

Анкета: Повеќето Германци не сакаат Германија да биде воен лидер во Европа


 Мнозинството Германци, односно 68 отсто од нив, не сакаат нивната земја да биде воен лидер во Европа, покажува новото истражување на јавното мислење на Институтот Кантар Паблик, нарачано од фондацијата Кербер. Исто така, истражувањето покажа дека околу 80 отсто од Германците стравуваат дека војната во Украина може да се прошири на територијата на земјите-членки на НАТО, на […]

Без струја реонот околу кулите Џевахир и делови од Драчево и Козле


Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Аеродром, Кисела Вода и Карпош, соопштуваат од РЦУК – Скопје. Во периодот од 08:30 до 13:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од од улиците „Блажо Орландиќ“, „12-та Македонска бригад“ во околината на крстосницата […]

Наутро студено со минусни температури, преку ден сончево и топло


Наутро студено време со слаба магла по одделни котлини, а во текот на денот претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот од север облачностa ќе се зголемува. Утринските температури ќе се движат од -4 до 6 степени, а […]

Берлускони се пофали со контактот со Путин: За роденден добив 20 шишиња вотка и честитка


Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони изјави дека повторно е во контакт со рускиот претседател Владимир Путин и дека неодамна разменил пријателски писма со него, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на аудио снимка што денеска ја објави италијанската агенција „La Presse“. Берлускони во обраќањето пред пратениците на Долниот дом на италијанскиот парламент рече дека за роденден од […]

Приведен вработен од ЈСП кој ја пратил заканата за поставување бомба


Денеска од полициски службеници е приведен Ј.И., вработен во ЈСП, по претходна пријава околу 5 часот од ова претпријатие дека од неговиот меил на службениот меил на ЈСП и на мејловите на сите директори, службите за финансии, правни и други служби во ЈСП била испратена закана дека поради нередовното земање на плата планирал да постави […]

Предупредувачки штрајк на Македонски пошти


Вработените во Македонски пошти од денеска започнуваат со предупредувачки прекини во работата во време траење од половина час. Тие паузата во текот на работните часа ќе ја поминат во предупредувачки прекин во работата бидејќи се уште немаат земено плата за месец септември. Предупредувачките прекини, велат вработените ќе се одвиваат за време на паузата во времетраење […]

Зеленски: Тоа што Русија напаѓа цели во Украина со беспилотни летала го покажува нејзиниот политички и воен пораз


Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија напаѓа цели во Украина со беспилотни летала од Иран го покажува нејзиниот политички и воен пораз. „Фактот дека Москва користи иранско оружје по децении финансирање на воената индустрија за време на советскиот и постсоветскиот период е пораз“, рече Зеленски во видеото објавено на официјалната веб-страница, пренесе Ројтерс. Украина објави […]

Силен земјотрес во Кина


Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северниот кинески регион Чинхај, соопшти Американскиот геолошки институт. Според соопштението, земјотресот бил на длабочина од 8,6 километри. Засега нема извештаи за евентуални жртви и материјална штета.

„„На ДЛУМ му треба галериски простор“. Годишната изложба отворена со протест


Членовите на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) синоќа во „Мала станица“ ја отворија својата Годишна изложба и воедно одржаа протест од кој упатија неколку барања до Владата и Министерството за култура. Со транспаренти во раце: „ДЛУМ 75 години без простор“, „Бараме вработување“, „Достоинствени услови за уметниците!!!“, „Поголем медиумски простор за култура!!!“, „ДЛУМ пред […]

Вицепремиерот Битиќи во посета на компанијата „Кромберт и Шуберт“ во Битола


Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес, среда (19.10.2022 година) ќе ја посети компанијата „Кромберт и Шуберт“ во индустриската зона „Жабени“ во Битола. По посетата вицепремиерот Битиќи ќе даде изјава за медиуми, со почеток во 11:30 часот, пред влезот на фабриката.  

Ковачевски во ОАЕ: Во фокусот проекти за инфраструктурата, агро-бизнисот и енергетиката


  Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министрите за финансии Фатмир Бесими, за транспорт и врски Благој Бочварски и за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во рамки на посетата на Абу Даби, остварија средба со Мохамед Саиф Ал Суваиди генерален директор на Фондот за развој на Абу Даби (ADFD) како и со Калифа ал Кубаси, […]

Ангел Димитров ги нарече „парадокс“ реакциите на борците од Битола за клубот „Ванчо Михајлов“


  Копретседателот на македонско-бугарската Историска комисија, Ангел Димитров, повторно се впушти во политички квалификации околу дневните настани, велејќи дека „Македонија дефинитивно не се однесува како кандидат за членство во ЕУ“. Гостувајќи во емисијата „Брисел 1“ на телевизијата Bulgaria ON AIR Димитров рече случувањата околу бугарските клубови го потсетувале на настаните во 1940-тите години, дека тоа […]

Отворена сензорна соба во ООУ „Гоце Делчев“ во Прилеп


Нови можности за подобрување на способностите на децата со типичен и атипичен развој, со новата сензорна соба во ООУ „Гоце Делечев“ во Прилеп, прва во градот во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, финансиран од Европската Унија. Стручната служба и наставниот кадар во ова катче ќе може да работат со децата и […]