Предупредувачки штрајк на Македонски пошти


Фото: Б. Грданоски

Вработените во Македонски пошти од денеска започнуваат со предупредувачки прекини во работата во време траење од половина час. Тие паузата во текот на работните часа ќе ја поминат во предупредувачки прекин во работата бидејќи се уште немаат земено плата за месец септември.

Предупредувачките прекини, велат вработените ќе се одвиваат за време на паузата во времетраење од половина час се со цел за да не бидат оштетени корисниците на нивните услуги, но доколку не земат плата тие најавуваат и протест пред Владата.

Истиот ќе се одржи идната сабота на 29 октомври се со цел вработените да се изборат за земање на задоцнетата плата.

Законската обврска инаку за земање на плата е до 15 во тековниот месец, но до овој момент Македонска пошта нема обезбедено доволно средства за пуштање на платите за вработените.