Раша тудеј го суспендира водителот кој изјави дека украинските деца требало да бидат „удавени“


  Рускиот државен телевизиски канал РТ (Раша тудеј) го суспендираше водителот Антон Красовски, откако тој во етерот предложи дека украинските деца во 1980-тите кои ги гледале руските сили како окупатори требало да бидат „удавени“. Во понеделникот, главната уредничка на RT, Маргарита Симонјан, ги осуди коментарите на Красовски во објава на Телеграма, велејќи дека тие се […]

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека 123 функционери од власта кријат имоти


  Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција соопшти дека според списоци кои ги поседувале 123 функциониери на СДСМ и ДУИ поседувале имоти кои ги скриле од јавноста и кои вределе 30 милиони евра. Тие тоа го нарекоа афера „Тајни имоти“ и, наводно, ги поседувале сите детали. „Овие имоти се тајни и истите не се евидентирани од […]

Јовески и Ковеси потпишаа договор за соработка со Европското јавно обвинителство


  Јавниот обвинител на Македонија, Љубомир Јовески, денеска во Луксембург потпиша Работен договор за соработка со Европската главна обвинителка, Лаура Ковеси. Документот, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство, има за цел да ја олесни меѓусебна соработка и размената на информации меѓу двете обвинителства за да се обезбеди ефикасна истрага и гонење на сторителите на […]

Тричлена делегација на ОБСЕ, предводена од Османи, на средба со јорданскиот крал Хусеин II


  Како дел од активностите на Медитеранската конференција на ОБСЕ за 2022, којашто Северна Македонија, како актуелен претседавач со Групата на медитерански партнери за соработка на ОБСЕ, ја организира во Јордан, делегација предводена од Министерот за надворешни работи Бујар Османи, заедно со Министерот за надворешни работи на Полска, Збигњев Рау, и Генералната секретарка на ОБСЕ, […]

Претседателот Пендаровски во Варшава одликуван со Орден на Белиот Орел,  претседателот Дуда со Орден „8 Септември“


  Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска во Варшава, во рамки на неговата официјална посета на Република Полска, беше одликуван со највисокото полско одликување, Орден на Белиот Орел, како симбол на блиските дипломатски и политички релации меѓу двете држави и претседатели и потврда на македонско-полското пријателство и партнерство. Со Орден „8 Септември“ претседателот Пендаровски, соопштија […]

Фон дер Лајен ја започнува балканската турнеја в среда во Скопје


  Претседателката на Европската Комисија ќе го посети Западниот Балкан од среда, главна порака е посветеноста на ЕУ за европската интеграција на регионот. Шефицата на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, од среда започнува нова турнеја низ земјите од Западен Балкан во контекст на војна во Украина и енергетската криза. Целта на оваа посета е […]

Пендаровски – Дуда: Нашите европски интеграции се една од клучните точки на дискусија


Посета на Полска како потврда за зајакнатиот политички дијалог меѓу Северна Македонија и Полска. Разговори со претседателот Анджеј Дуда за актуелните безбедносни прашања, енергетската и економската криза, предизвици со кои заеднички се соочуваме во Европа, напиша претседателот на државата Стево Пендаровски на неговиот фејсбук профил. – Нашите европски интеграции се една од клучните точки на […]

Во сообраќајна несреќа во Грција, полесно повредени петмина македонски државјани


Петмина државјани на Северна Македонија се полесно повредени и хоспитализирани, но не се во животна опасност по сообраќајната несреќа што кусо по полноќ се случила во северна Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, несреќата се случила на автопатот Егнатиа во близина на Амфиполи, откако, од засега непознати причини, автомобилот […]

Швајцарска банка ќе ѝ плати на Франција 238 милиони евра за да избегне тужба


  Швајцарската банка Креди Суис се согласи да плати 238 милиони евра на Франција за да избегне кривично гонење за измама, соопшти денеска надлежен суд во Париз. Банката се согласи на плаќање за да избегне тужба за прикривање даночно затајување од страна на нејзините клиенти во Франција помеѓу 2005 и 2012 година. Судот наведе дека […]

Ангеловска-Бежоска: Најновите шокови можат да го зголемат јазот во економскиот просперитет


  Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска го водеше еден од трите панели на Конференцијата на централната банка на Полска, а останатите два панели ги водеа Гувернерот на Централна банка на Австрија и Гувернерот на Централната банка на Литванија. Конференцијата беше посветена на процесот на конвергенција во регионот на Централна и Југоисточна Европа. „Без сомнение во последните три […]

(Видео) Презентација на извештаите на Светска банка за економската состојба во земјите од Западен Балкан


  Светска банка организира презентација на 22. издание од серијата на извештаи за економската состојба во земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија).  

Нула проценти увоз, во изминатите 24 часа ЕСМ во целост произведе струја за домаќинствата и за малите потрошувачи


  АД ЕСМ на 23.10.2022 година произведе 10.709 MWh електрична енергија. Во Термоелектраните произведени се 6.896 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.813 MWh, соопштија денеска од владиниот Сектор за односи со јавноста. – АД ЕСМ во изминатото деноноќие целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите […]

Цените на недвижностите во регионот скокнаа за повеќе од 30 отсто


  Силен скок на цените на недвижностите е присутен на пазарите во поголемите градови во регионот – во Загреб, Белград, Сараево, Бања Лука, Подгорица, пишува Јутарњи лист. За една година цените на становите скокнаа за повеќе од 30 отсто, а по почетокот на војната во Украина и доаѓањето на голем број Руси и Украинци, цените […]

Западни земји: „Валканата бомба“, изговор на Русија за да ја интензивира војната во Украина


  Никој нема да биде измамен ако Русија го интензивира конфликтот во Украина под изговор дека Киев ќе употреби „валкана бомба“ на своја територија, изјавија министрите за надворешни работи на Франција, Велика Британија и САД. Министрите на трите земји во заедничка изјава ги оценија како лажни изјави од Москва дека Украина се подготвува да употреби […]

Кој е Ли Чијанг, човекот што ќе биде нов кинески премиер


  Пред почетокот на 20-тиот партиски конгрес оваа недела, малку луѓе надвор од Кина беа слушнале за Ли Чианг, а камоли дека тој ќе стане вториот најмоќен лидер во Кина. Дури во неделата, кога шефот на Комунистичката партија во Шангај го следеше Ши Џинпинг на сцената во Големата сала на народот, стана очигледно дека 63-годишниот […]

Серија на изложби посветени на Пабло Пикасо низ Македонија


По повод 140 години од раѓањето на Пабло Пикасо, Амбасадата на Кралството Шпанија ќе организира серија на изложби посветени на големиот шпански уметник Пабло Пикасо. По големиот успех во 2016 година на изложбата „Пикасо можеби јас“ на македонскиот уметник Филип Фидановски покажана пред скопската публика, овој пат изложбата ќе имаат можност да ја погледнат граѓаните […]

Џамбо Агушев и “Фонтана” со нова урбана обработка на “Касапско оро”


Групата Фонтана заедно со трубачот Џамбо Агушев направи урбана обработка на “Касапско оро“,  една од најпознатите инструментални теми во целокупната Балканска музичка традиција.   За потребите на документарниот филм посветен токму на „Касапско оро“, кој треба да се промовира наскоро е направена токму оваа обработка со еден современ урбан призвук, а солистичкиот дел изведен од […]

Агресијата кај малолетниците, рефлексија на влијанието на социјалните мрежи и економската криза


Агресијата е чувство кое најчесто полека, но сигурно се „вбризгува“ кај лицата кои се чувствуваат осамено, се сомневаат во себе, имаат незадоволство од финансиската состојба, или пак, не примаат доволно љубов. Овие чувства најчесто се филтрираат преку социјалните мрежи и економската криза. Според училишниот и семеен психолог Ивана Велевска причините поради кои агресијата се јавува […]

Германски милионер загина со семејството при пад на авион во Костарика


Костарика- Германскиот претприемач и милионер Рајнер Шалер и неговото семејство биле во авионот што се урна во Карипското Море во близина на Костарика, соопшти владата. Извор од Министерството за јавна безбедност на Костарика потврдил за АФП дека Шалер (53) и уште пет лица се на списокот на патници во авионот. Рајнер Шалер е основач и […]

Османи на Конференција на ОБСЕ задно со медитеранските партнери во Јордан


Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во својство на претседавач на групата медитерански партнери за соработка на ОБСЕ, денеска во Јордан, заедно со министерот за надворешни работи на Јордан, Ајман Сафади, ќе ја отворат овогодинешната Медитеранска конференција на ОБСЕ. Овогодинешната конференција е во организација на Северна Македонија и во ко-организација со земјата домаќин, Јордан. Како […]