Седници на неколку собраниски комисии


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за надворешни работи и за труд и социјална политика, како и Законодавно-правната комисија. На дневен ред на Комисијата за економски прашања се измените и дополнувањата на Законот за угостителската дејност и на Законот за енергетска ефикасност, двата по скратена постапка, како […]

Германскиот претседател Штајнмаер во ненајавена посета на Киев


Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска пристигна во ненајавена посета на Киев, јави ДПА. Штајнмаер, кој утрово пристигна во Киев со воз, треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски подоцна во текот на денот. Ова е прва посета на Штајнмаер откако Русија ја почна инвазијата врз Украина на 24 февруари, но негов трет обид […]

„Каде одиме…?“ – изложба на Стефан Димовски


Во Домот на култура „Кочо Рацин“ во галерија „КО-РА“ во Скопје вечер ќе биде отворена самостојната изложбана уметникот Стефан Димовски насловена „Каде одиме…?“. -Светот на Стефан Димовски не престанува да нѐ изненадува, секогаш со еден нов изблик на колоратурна свежина, со сиот изблик на хроматска ведрина, со магичнoста на колажните структури и гамата преточена од […]

Сончево и релативно топло со мала локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска слаба магла. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Како што соопштија од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 23 до 28 степени. […]

Еврокомесарката Јохансон и Спасовски в среда ќе го потпишат договорот за ФРОНТЕКС


Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон на прес-конференцијата по министерската конференција Прашки процес, најави дека в среда во Скопје заедно со министерот Оливер Спасовски ќе го потпишат Договорот за ФРОНТЕКС помеѓу ЕУ и Северна Македонија. -Мора да го поддржиме ФРОНТЕКС во земјите партнери од Западен Балкан, каде веќе имаме 300 мажи и жени кои овозможуваат […]

ЕУ бара да се садат што повеќе дрвја, бетонираните градови не знаат каде


Тие ги ладат улиците, го намалуваат загадувањето на воздухот и го подобруваат менталното здравје на урбаните жители, но европските градови сè уште се борат да засадат повеќе дрвја. Бидејќи климатските промени предизвикуваат покачување на температурите во градовите ширум ЕУ, локалните лидери се под зголемен притисок да најдат начини да ги одржат урбаните пејзажи кул. И […]

Пелоси: Иранските дронови се опасни


Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, денеска изјави дека Иран го прави светот помалку безбеден со снабдување на Русија со дронови што се користат против цели во Украина. Мислам дека Иран прави голема грешка, изјави Пелоси по средбата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. – Пред сè, треба да можеме да се спротивставиме на […]

ЕУ ќе воведе еден полнач за сите електронски уреди


Европската комисија ќе претстави предлог регулатива за единствен  полнач за електронски уреди. Приклучокот за полнење USB-C ќе стане задолжителен за низа уреди, како што се мобилни телефони, таблети и е-читачи, дигитални камери и конзоли за игри, слушалки и звучници, безжични глувци и тастатури и преносни системи за навигација. Новата регулатива ќе важи  24 месеци по […]

И Бeса го условува влезот на Бугарите во Уставот


Ќе ги поддржиме уставните измени со кои Бугарите и други народи би се вметнале во Преамбулата од Уставот, но условот е терминот „20 проценти“ во Законот за употреба на јазиците да се замени со „албански јазик“, изјави денеска Арафат Шабани од Беса. Вчера истот услов го постави и Арбен Таравари, в.д. претседател на Алијанса за […]

Светска банка не очекува рецесија во Македонија, но не исклучува квартален негативен раст


  Светска банка не очекува да се случи рецесија во  Македонија во однос на севкупниот учинок, иако е можен квартален негативен раст, а тоа може да биде видливо дури и оваа година. Сепак, како што посочија експерти на Светска банка кои денес во Скопје го презентираа најновиот есенски економски извештај за земјите од Западен Балкан, […]

На „Богородица“ се чека повеќе од еден час за влез во Македонија


На граничниот премин „Богородица“ вечерва времето за чекање за влез во државава е повеќе од еден час, информираат за МИА од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). Оттаму посочуваат дека слична е состојбата и на граничниот премин „Табановце“, а причината, како што велат, најверојатно е користењето на продолжен викенд од страна на граѓаните. бт/

Израел наскоро ќе стане важен снабдувач на гас за Европа


Израел в четврток ќе потпише договор за поморската граница со Либан и ќе стане важен снабдувач на гас за Европа во блиска иднина, изјави израелскиот премиер Јаир Лапид во Ерусалим. Потпишувањето на историскиот договор, постигнат со посредство на САД, ќе ја отвори вратата за експлоатација на гасни полиња во источниот Медитеран, рече Лапид на денешната […]

САД и Русија се почесто во комуникација околу Украина


Генералот Марк Мили, претседател на Здружениот генералштаб на САД и началникот на Генералштабот на руската армија Валериј Герасимов денеска разговарале телефонски , изјави американски официјален претставник за Ројтерс кој сакал да остане анонимен. Службеникот не даде повеќе детали за разговорот, кој беше нивен прв од мај. Герасимов претходно разговараше со началникот на британскиот Генералштаб Тони […]

Вандализирана бистата на Никола Вапцаров во Скопје


Непосредно пред отворањето на македонскиот клуб “Никола Вапцаров” во Бугарија, бистата на социјалистичкиот поет е вандализирана во Градскиот парк во Скопје, објави вечерва партијата Левица.  -Пробугарските СДС експедитивно реагираа за опожарувањето на фашистичкиот клуб “Ванчо Михајлов” во Битола, но кога станува збор за сочувување на македонската антифашистичка историја, тие по автоматизам се приклонуваат кон системското […]

СДСМ го повика ВМРО-ДПМНЕ да ги достави информациите за таен имот на ДКСК


Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина поседува некакви информации за функционери кои не пријавиле имот и сториле некаков прекршок,  да ги достават до  ДКСК за понатамошно постапување, одговорија од СДСМ на обвинувањата на најголемата опозициска партија која денеска ја објави т.н. афера „Тајни имоти“.   Од опозицијата тврдат дека 123 функционери од редовите на СДСМ и ДУИ не […]

Сунак до Британците: Ќе ви служам со интегритет и понизност


Велика Британија се соочува со сериозни економски предизвици и има потреба од стабилност и единство, изјави денеска Риши Сунак, во својот прв јавен говор откако беше прогласен за лидер на владејачката Конзервативна партија и иден премиер. – Нема сомнеж дека се соочуваме со голем економски предизвик, рече Сунак. Тој истакна дека на Британија сега и треба стабилност и единство […]

Албанија воведува вонреден данок за извозниците на електрична енергија


Албанската влада воведува новина во предлог-буџетот за следната година а тоа е вонреден данок за производителите на електрична енергија што извезуваат. Владата го аргументира наметнувањето на овој данок со тоа што „производителите на енергија оствариле профит без зголемување на трошоците поради поскапувањето на енергенсите со кои се тргува на берзата“. Се предвидува производителите да бидат оданочени за […]

Во Шпанија повторно избувна шумски пожар, евакуирани две села


Големиот шумски пожар што беснее во долината Мена во северна Шпанија, принуди од вчера да се евакуираат две села, јави денеска весникот Ел Паис, цитирајќи ги локалните власти. Пожарот во западниот дел на Баскија и северниот дел на провинцијата Бургос избувна во неделата по неколкунеделна пауза од пожарите што ја погодија Шпанија во текот на летото. Уништени се повеќе […]

Норвешка приведе Русин и Русинка затоа што фотографирале воена база која била забранета за фотографирање


Норвешката полиција денеска соопшти дека привела двајца Руси под сомнение дека фотографирале воена инсталација во северна Норвешка до која е забранет пристап. Државниот обвинител Штефен Равнасен изјави за телевизијата НРК дека руски државјани – маж и жена, двајцата на возраст од триесетина години – биле уапсени во саботата во близина на Бјерквик, каде што се наоѓа објектот […]

Нивото на реката Мисисипи намалено поради што во опасност е доведен товарниот бродски сообраќај


Сообраќајот со товарни бродови по реката Мисисипи, една од најважните економски артерии на САД, веќе неколку денови е отежнат поради намаленото ниво на водата предизвикано од сушата, јави викендов Ен-би-си. -Ова е апсолутно срцепарателна слика, како резултат на продолжената суша дното на реката Мисисипи сега е брег, соопшти дописникот на Ен-би-си од Батон Руж, Луизијана. […]