Голем месечен хороскоп за ноември 2022


Близнаците ги очекува среќа, Скорпијата ќе реши важен проблем, а вие?   ОВЕН Работа Месечниот хороскоп за ноември 2022 година испраќа предупредување до Овенот – подгответе се! Постои можност да го промените работното место, позицијата, а можеби и да изгубите некои важни трудови, што ќе придонесе да се чувствувате несигурно. Но, кога Меркур ќе влезе […]

Од 1 ноември ќе работи ТЕ-ТО


Од 1 ноември ќе работи когенеративната термоелектрана ТЕ-ТО, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Како што рече Бектеши по средбата со претставници на прехранбената индустрија, топлинска енергија ќе има. 

Влада: АД ЕСМ целосно ги задоволува потребите за струја на домаќинствата и малите потрошувачи


АД ЕСМ во текот на вчерашниот ден произведе 11.569 мегават часови електрична енергија при што во термоелектраните се произведени 8.449, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 3.120 мегават часови. Со тоа АД ЕСМ целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети, информираат од Владата. […]

„Последниот ден на Мисирков“ од Јордан Плевнеш објавена во Москва


По повод 120-годишнината од формирањето на „Македонското научно-литературно другарство“ во 1902 година во Санкт Петербург, издавачката куќа „У Никитских ворот“ од Москва ја објави драмата „Последниот ден на Мисирков“ од македонскиот автор со интернационално реноме Јордан Плевнеш. Преводот на руски јазик е на Олга Панкина, која во последниве три децении има објавено преводи од врвните […]

Џамбаски се жали во бугарската влада за клубот „Никола Вапцаров“


Недопустливо е во срцето на Пиринска Македонија да биде отворен клуб кој ќе сее сепаратизам и антибугарски тези, напиша бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски во писмото до Владата на Бугарија околу  македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, што треба да биде отворен на 30 октомври во Благоевград. – Недопустливо е во срцето на Пиринска Македонија да биде […]

Сали: Потребна е соработка со цел да се обезбедат услови за елиминација на вирусниот хепатитис


„Јас не можам да чекам“ е мотото под кое веќе две години се одбележува процесот на елиминација на хепатитис, со цел да се нагласи потребата од зајакнување на борбата против вирусниот хепатитис и навременото тестирање и лекување, како најзначајниот фактор на ризик за појавата на рак на црниот дроб, истакна министерот за здравство Беким Сали […]

Се отвара нов музеј во чест на оперската дива Марија Калас – Атина ги победи Париз и Њујорк


  Грција– Нов музеј посветен на оперската дива, Марија Калас,ќе биде отворен за јавноста во летото 2023 година, што се совпаѓа со 100-годишнината од раѓањето на најславната сопраниостка на сите времиња, соопшти градочалникот на Атина,  Костас Бакојани. Бакојани, ја објави веста во средата за време на специјалната церемонија за „добредојде“ на 50 лични предмети на […]

Османи и Сарацин разговарале за Берлинскиот процес


  Еден ден по претседателката на Европската комисија во Скопје пристигна и специјалниот пратеник на Германија за Западен балкан, Мануел Сарацин. Тој имаше денес средба со Бујар Османи, министерот за надворешни работи. Османи изразил големо задоволство од позитивниот исход од министерскиот состанок во рамки на Берлинскиот процес одржан минатата недела и усвоената декларација за имплементација […]

Расте финансиската вклученост на населението, сепак се уште заостануваме зад европскиот просек


Минатата година 85,3 отсто од населението во земјава постаро од 15 години поседувало сметка, додека во регионот сме на второто место според финансиската вклученост. Сè повеќе наши граѓани поседуваат дебитна и кредитна картичка и сè повеќе се купува онлајн, сепак сè уште заостануваме зад европскиот просек. Ова, како што велат од Народна банка (НБ), го […]

НБА легендите носат патики со потпис на македонскиот дизајнер Сатја Грабулоски и SWithADot 


Патики со потписот на македонскиот дизајнер Сатја Грабулоски и SWithADot добија водителите на најпознатото шоу за кошарка во САД, Inside the NBA. Четворицата водители на шоуто, Ерни Џонсон и легендарните кошаркари Шекил О’Нил, Чарлс Баркли и Кени Смит во емисијата ги покажаа патиките со нивните ликови и се заблагодарија за оригиналниот подарок. „Голем поздрав од […]

Електрана на полуостровот Крим нападната со дрон


Властите на црноморскиот полуостров Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година, денеска соопштија дека електраната Балаклава во текот на ноќта била цел на беспилотно летало и дека нема жртви или поголема материјална штета. „Синоќа беспилотно летало удри во термоцентралата Балаклава“, изјави гувернерот на Севастопол, Михаил Развојајев. Според него, нема жртви, а причинета е […]

Лајен твитна на македонски


  Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, твитна на македонски јазик за потпишувањето на Договорот за статус со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража – Фронтекс.   Лајен денес ќе ја посети Тирана, како втора станица на нејзината турнеја низ регионот. Синоќа таа имала организирана вечера од страна на претседателот Стево Пендаровски […]

Костадиновска-Стојчевска од Загреб: Промоцијата на македонските и на хрватските културни вредности се наш приоритет


Министерката за култура на Северна Македонија, Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерката за култура и медиуми на Хрватска, Нина Обуљен Коржинек, вчера во Загреб потпишаа Програма за културна соработка за периодот од 2022 до 2025 година со цел воспоставување и развивање на соработката меѓу институциите и соодветните здруженија од сите области на културата и уметноста, поттикнување и […]

Промовирање на авантуристичкиот туризам во Западен Балкан


Од денеска до 29 октомври во Охрид, Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и регионалниот проект на УСАИД за Економски развој, управување и раст на претпријатијата заеднички ќе бидат домаќини на тридневен регионален собир за развој на авантуристички туризам во државите од Западен Балкан. На конференцијата ќе присуствуваат туроператори кои работат со авантуристички туризам и […]

Отворена изложбата „И јас сум тука“ во штипскиот Центар за култура


Изложбата на фотографии, насловена „И јас сум тука“, синоќа беше отворена во „Галерија 22“  при Центарот за култура  „Ацо Шопов“ во Штип. Aвторите Сребра Ѓорѓијевска и Тоше Огњанов велат дека изложбата е кохезија на приказни на лицата со посебни потреби и вклучува дваесет лица од повеќе градови од државата со чија активност е креиран резултатот […]

Почна пилот иницијатива за телемедицина со нови уреди за далечинско следење на здравјето


Министерството за здравство денеска почна пилот-иницијатива за телемедицина откако Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) обезбедија педесетина уреди за следење на здравјето од далечина кои ќе им овозможат на лекарите да вршат физички прегледи од далечина. Уредите ќе им бидат обезбедени на ранливите семејства и ќе […]

Конкурс за прием на нови членови во Друштвото на писателите на Македонија


Друштвото на писатели на Македонија ќе распише Конкурс за прием на нови членови. Според одлуката, која е донесена едногласно на состанокот на Претседателството на ДПМ одржан вчера, Конкурсот ќе биде отворен од 1 до 15 ноември 2022 година. Како што информираат од писателската асоцијација, сите заинтересирани кандидати треба да достават во Друштвото: молба за прием […]

Си: Кина е подготвена да работи со САД во корист на двете земји


Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека Кина е подготвена да работи со Соединетите Американски Држави за доброто на двете земји, објави денеска кинеската државна новинска агенција.   На седницата на Националниот комитет за односите меѓу Кина и САД, тој оцени дека двете земји како големи светски сили треба да ја зајакнат комуникацијата и соработката за […]

Зеленски: Од почетокот на војната украинските сили соборија околу 250 руски хеликоптери


Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето редовно ноќно видео обраќање до нацијата кажа дека од почетокот на војната украинските сили собориле речиси 250 руски хеликоптери. -Вкупниот број на соборени руски хеликоптери е приближно 250. Руските окупатори веќе изгубија толку многу опрема, не само авиони, што повеќето светски армии едноставно немаат и никогаш нема да имаат, […]

Завршни работи на пешачката патека во Мралино во должина од 700 метри


Градежните активности во Општина Илинден продолжуваат да се одвиваат со интензивно темпо, финишира изградбата на пешачката патека во н.м. Мралино во должина од 700 метри. Денеска увид во градежните работи на овој значаен проект направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, во разговор со граѓаните тој истакна дека пешачката патека е од голема важност за […]