Се разгледуваат можностите како да им се помогне на производителите на основните прехранбени продукти


  Се разгледуваат опциите како производителите на основните прехранбени продукти да имаат пониска регулирана цена за да се намалат финалните цени на крајните производи, но и како да им се излезе во пресрет на јавните комунални претрријатија, соопшти  министерот за економија Крешник Бектеши. Според него, министерот за финансии Фатмир Бесими до крајот на оваа или […]

Романската централна банка ја зголеми каматната стапка на 6,25 отсто


Народната банка на Романија ја зголеми референтната каматна стапка на 6,25 отсто. Зголемувањето на каматната стапка за 0,75 процентни поени ги изненади инвеститорите кои очекуваа раст од 0,5 поени. Во образложението на централната банка се наведува дека годишната инфлација најверојатно ќе остане на нагорна траекторија до крајот на годината под влијание на шокови на страната […]

Гардијан: Бајден не ја исклучува можноста за средба со Путин на самиот Г-20 на Бали


САД – Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека не ја исклучува можноста за средба со рускиот колега Владимир Путин за време на самитот на Г-20, што следниот месец ќе се одржи во Индонезија. -Ќе видиме, им рече Бајден на новинарите на прашањето дали ќе го искористи состанокот на Г-20 во Бали, како можност директно да […]

Утре состанок со компанијата за набавка на природен гас што ја посочи Мицкоски


Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, како и со Виктор Андонов, советник за енергетика на премиерот, во текот на утрешниот ден ќе остварат состанок со една од компаниите за набавка на природен гас која што како контакт до Владата ја даде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски. И Бектеши, како […]

МААЕ ја смета нуклеарната централа Запорожје за украинска постројка


Украина – Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави денеска во Киев дека агенцијата ја смета нуклеарната централа Запорожје за украинска постројка, пренесуваат британските медиуми. Нуклеарната централа Запорожје се наоѓа во градот Енергодар и од март е под контрола на руските сили. Рускиот претседател Владимир Путин вчера потпиша указ со кој […]

Престанува да важи одлуката за ограничен извоз на пченица и брашно


Владата на денешната седница што се одржа попладнево донесе Одлука за престанување на важење на одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки која се однесуваше на пченица и наполица, брашно од пченица и наполица и семе од сончоглед (кршено или дробено). Одлуката е донесена по предлог на Министерството за економија. -Одлуката за ограничување на […]

МНР апелира на зрело и достоинствено однесување по најавите за отворање ново граѓанско здружение во Охрид


По повод најавеното отворање на новото здружение на граѓани во Охрид, како и јавните повици за изразување протест против него, Министерството за надворешни работи (МНР) упатува апел до сите граѓани, политички и неполитички групации за зрело и достоинствено однесување, втемелено врз почитта кон правото на сите граѓани, без разлика на својата етничка припадност, да ја […]

Ограничени маржите и за млечните производи


  Владата на денешната 87. седница донесе Одлука за дополнување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки со што, по предлог на Министерството за економија, се замрзнува маржата и за млечните производи: урда, крајво бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт. За овие производи се ограничува […]

Руски функционер му предложи на министерот Шојгу да се самоубие


  Функционер инсталиран од Русија во Украина предложи министерот за одбрана на претседателот Владимир Путин да размисли да се самоубие поради срамот од поразите во војната во Украина, што претставува запрепастувачка јавна навреда за највисоките претставници на Русија. Во четириминутната видео-порака, Кирил Стремусов, заменик-шефот на анектираната област Керсон, инсталиран од Русија јавно ги критикуваше „генералите […]

„Рамстор“ прославува и ве наградува


Месец Октомври го одбележува доаѓањето на есента, големите попусти, а воедно и месецот во кој Рамстор  го слави својот роденден. Оваа година Рамстор маркети и Рамстор Мол  слават  17 години постоење на македонскиот пазар. Во пресрет на роденденската прослава, во текот на месец Октомври, за потрошувачите, Рамстор маркети и Рамстор Мол обезбедија големи попусти, акции, […]

Норвешка очекува рекорден прилив од продажба на нафта и гас во 2023 година


Владата на Норвешка наредната година очекува рекордни приходи од продажба на нафта и гас, речиси една петтина повеќе отколку годинава и петпати повисоки од 2021, благодарение на проценетото повисоко производство и „скокот“ на цените. Цените на гасот во Европа се повисоки поради намалените залихи од Русија. Западните земји воведоа санкции против земјата поради нејзината инвазија […]

Маричиќ до Џамбаски: Некој сака да профитира ако има замрзнат конфликт меѓу Софија и Скопје


  Две вистини треба да се прифатат во двете земји – дека Втората светска војна е завршена пред повеќе од 70 години и дека Студената војна заврши пред повеќе од 30 години, а битката меѓу Северна Македонија и Бугарија не е ниту национална, ниту етничка, туку е битка меѓу оние сили што сакаат овие две […]

Ковачевски во Прага повика на солидарност и соработка за да се надмине енергетската криза


  Премиерот Димитар Ковачевски во Прага во рамки на првиот состанок на Европската политичка заедница, учествува на лидерската тркалезна маса посветена на енергетиката и економијата. Заедно со премиерот Ковачевски на истата дискусија присуствуваа и премиерот на Шпанија, Педро Санчез, премиерот на Холандија, Марк Руте, премиерката на Обединетото Кралство, Велика Британија и Ирска, Елизабет Трас, како […]

Во Кремљ врие, дали ќе биде сменет Шојгу


  Како што напредува украинската контраофанзива, Кремљ сè повеќе зоврива, а турбуленциите во палатата би можеле да се наречат операција за „спасување на воениот лидер Путин“. Имено, според пишувањето на Институтот за проучување на војната (ISW) и некои независни руски медиуми како „Медуза“ и „Кореспондент“, во самиот воено-политички врв има кавги и тензии, за кои […]

УСАИД прославува 30 години партнерство со Северна Македонија


  УСАИД започна кампања за одбележување на 30 години од партнерство со Северна Македонија. Патувачкиот караван „Инспирирај се за иднината“ прво го посети Охрид, каде пред присутните се обрати Џери Дајбл, претставничка на канцеларијата на УСАИД во земјава. -Нашите програми беа насочени кон унапредување на децентрализацијата, промовирање на судските реформи, транспарентно владеење и иницирање решенија […]

Со шведската истрага се зголемија сомнежите за саботажа на „Северен тек“


  Се зголемија сомнежите за саботажа на оштетените гасоводи Северен тек 1 и 2 во Балтичкото Море, по истрагата на посоченото место во шведската ексклузивна економска зона, јавија дел од светските медиуми, повикувајќи се на државната полиција. Шведските и данските власти ги истражуваат протекувањата од руските цевки на четири места, откриени минатата недела во ексклузивните […]

Македонската репрезентација 64. на ранг-листата на ФИФА, пад за едно место 


Швајцарија– Македонската фудбалска репрезентација забележа пад за една позиција на најновата ранг-листа на ФИФА на која се наоѓа на 64. место.  На послабиот рејтинг влијаеја двете порази на македонските фудбалери во септемврискиот циклус во Лигата на нации, од Грузија (0-2) на гостински терен и од Бугарија (0-1) во Скопје.  На чело на ранг-листата на ФИФА останува Бразил, пред […]

Калиопи по седум години со концерт во Македонија – ја покани Народниот театар од Велес


Поп-ѕвездата Калиопи (55), по седум години откако го одржа својот последен солистички концерт во Битола, повторно најави самостоен концерт во земјава, и тоа во Велес, во Народниот театар ,,Јордан Хаџи Костадинов – Џинот”. Настанот е закажан на 26 ноември, во 20 часот на големата сцена ,,Петре Прличков”. Како што е наведено во најавата за концертот, […]

МОТ од 10-19 ноември, објавен повик за учество на домашни продукции


Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје објави повик за учество на домашни продукции на меѓународниот театарски фестивал Млад отворен театар (МОТ), чие 47. издание ќе се одржи од 10 до 19 ноември. „Будно следејќи ги активностите на домашната театарска сцена, претставени преку несомнено големите заложби за истрајност и континуирано и иновативно делување, особено на независната […]

Враќањето на Борисов не е пат кон стабилност


Кој победи на бугарските избори, Западот или рускиот претседател Владимир Путин? Може ли Москва да ја искористи хроничната политичка нестабилност во оваа црноморска нација каде што проруските чувства се продлабочуваат? Ова се прашањата што го информираа меѓународното покривање на минатонеделните бугарски избори, четврти пат кога земјата се упатува кон гласачките кутии од април 2021 година. […]