Руски функционер му предложи на министерот Шојгу да се самоубие


Министерот за одбрана Сергеј Шојгу

 

Функционер инсталиран од Русија во Украина предложи министерот за одбрана на претседателот Владимир Путин да размисли да се самоубие поради срамот од поразите во војната во Украина, што претставува запрепастувачка јавна навреда за највисоките претставници на Русија.

Во четириминутната видео-порака, Кирил Стремусов, заменик-шефот на анектираната област Керсон, инсталиран од Русија јавно ги критикуваше „генералите и министрите“ во Москва дека не ги разбрале проблемите на фронтот.

Стремусов рече: „Навистина, многумина велат: ако тие беа министрите за одбрана кои дозволиле таква состојба, можеле како офицери да се застрелаат. Но, знаете зборот ‘офицер’ за многумина е неразбирлив збор“.

По повеќе од седум месеци војна во Украина, најосновните воени цели на Москва сè уште не се постигнати, додека руските сили претрпеа серија порази на бојното поле во последните месеци, принудувајќи го Путин да објави делумна мобилизација.