Реџепи разговара за преминување во ДУИ


Кастриот Реџепи, поранешен пратеник на Беса, кој во Собранието функционираше како независен, во врска со неговото евентуално приклучување кон „огнената група“ на ДУИ, синоќа изјави дека со пратеникот Изет Меџити отсекогаш имал добри односи и покрај партиските поделби. – На оваа средба се сретнавме со Изет Меџити, Блерим Беџети и мојот пријател Алко на кафе, […]

Евростат: Поскапува и кафето, секојдневниот утрински ритуал станува луксуз


Шолја кафе, секојдневната рутина со која многумина го започнуваат денот, ги чини македонските граѓани за 18,3 отсто поскапо отколку една година порано. Граѓаните на ЕУ, пак, пијат кафе поскапо за 16,9 проценти, покажуваат податоците на Евростат за август 2022 година, споредено со истиот месец лани. За оние кои го пијат кафето со млеко или шеќер, […]

Министерката Петровска на безбедносен форум во Црна Гора


Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска учествува на регионалниот политичко-безбедносен форум „2БС – Да се биде безбеден“ во Будва, Црна Гора. Петровска ќе се обрати на панелот „НАТО подготвен за иднината – силен и отпорен“, заедно со заменик премиерот и министер за одбрана на Црна Гора, Рашко Коневиќ, и министерот за одбрана на Босна и […]

Најдоброто од светот на џезот и импровизираната музика на 41. Скопски џез фестивал од 13 до 16 октомври


  Годинашниот 41. Скопски џез фестивал ќе се одржи од 13 до 16 октомври. Организаторите велат дека внимателно составената програма и годинава го имаше императивот за сочувување на високиот меѓународен рејтинг на фестивалот и традицијата тој да го претстави најдоброто од светот на џезот и импровизираната музика. Десет реномирани состави од САД, Бразил, Европа и […]

Од Никол Кидман до Синди Крафорд- невидени модни фотографии на Патрик Демаршелие на изложба во Берлин


  Германија– Првата самостојна изложба на фотографии на модниот великан Патрик Демаршелие по неговата смрт минатиот март ќе биде отворена во сабота во галеријата Camera Work во Берлин.   Поместени се фотографии од 1987 до 2017 година и колекцијата содржи 42 слики, вклучително и 37 кои се јавно прикажани за прв пат, како што е […]

Отворање нов Центар за ментално здравје во рамки на Општата болница во Кочани


Министерот за здравство Беким Сали и специјалниот претставник и раководител на канцеларијата на СЗО во Скопје, Ане Јоханесен, денеска ќе го отворат новиот Центар за ментално здравје во рамки на Општата болница со проширена дејност Кочани.   Настанот, како што информираат од Министерството за здравство, се организира во пресрет на одбележувањето на 10 октомври – […]

Ќе започнат градежните работи на двете железнички делници на Коридор-8


Во просториите на Дирекцијата на ЖРСМ Инфраструктура денеска брифинг ќе одржи директорот Хари Локвенец, на кој ќе го најави почнувањето на градежните работи на двете делници на Коридор 8. Едната делница е Куманово-Бељаковце, а изведувач на работите е компанијата Штрабак, и втората делница Бељаковце – Крива Паланка, каде изведувач на работите е компанијата Ѓуљермак. Ќе […]

Изложба „Ченто – биографија низ фотографија“


Во просториите на НУ Музеј Куманово денеска ќе биде поставена изложбата „Ченто – биографија низ фотографија“ од авторот Рубинчо Белчески, историчар – кустос советник во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп. Изложбата, која ќе биде отворена до 19 октомври, се организира по повод 120 години од раѓањето и 65 […]

„Шехерезада“ и „Валпургиска ноќ“ во Националната опера и балет


Во Националната опера и балет вечер ќе бидат изведени балетските едночинки „Шехерезада“ од Н. Р. Корсаков и „Валпургиска ноќ“ од Шарл Гуно. Ќе настапат првенци, истакнати солисти, солисти, балетските ансамбли на Националната опера и балет и Државната опера од Варна, Бугарија. Приказните од „Илјада и една ноќ“ преточени во балетот „Шехерезада“ од Н. Р. Корсаков […]

Бектеши и Ковачевски на состанок за набавка на природен гас, ЕСМ обезбеди количини до крајот на октомври


Министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски денеска треба да одржат состанок со една од компаниите за набавка на природен гас што ја посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. На состанокот кој ќе се одржи надвор од земјава, ќе присуствува и Виктор Андонов, советник за енергетика на премиерот. Како што рече министерот […]

Ден на Македонската академија на науките и уметностите


Во Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе биде одбележан Денот на академијата. Во рамки на одбележувањето ќе биде положено цвеќе на споменикот на Блаже Конески, а пригодна реч ќе има академик Љупчо Коцарев. По повод Денот на Академијата на годинашните добитници Павол Жиго и ќе им биде доделено и меѓународното признание „Блаже Конески“. 

Следниот самит на Европската политичка заедница во Молдавија


Чешка – Во главниот град на Чешка денеска ќе се одржи неформален Самит на ЕУ, чиј фокус ќе биде одговорот на одлуката на Русија да припои четири украински региони. Освен тоа, шефовите на држави и влади на ЕУ ќе разговараат и за можностите за подобрување на заштитата на критичната инфраструктура, најави претседателот на Советот на ЕУ, Шарл […]

Почнува „КинеНова“ – филмови, „Режисерот во фокус“ и мастерклас


  Под мотото „Првиот остава трага“ од денеска до 14 октомври во Скопје ќе се одржува 7. Меѓународниот фестивал на дебитантски филм „КинеНова“. Со проекции во „Милениум“ и во Кинотека, организаторите на домашната публика ќе и ги „подарат“ актуелните први и втори остварувања на новите режисерски имиња во седмата уметност. -Октомври традиционално станува месец на […]

Сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер


Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени. Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 7 октомври 2022 година, 279-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 86 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 35 минути, а ќе зајде во 18 часот и 7 минути. Денов трае 11 часа и 32 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее […]

Руте од Прага: Се согласивме дека мораме да ја намалиме цената на гасот


  Холандскиот премиер Марк Руте денеска од Прага, каде што се одржува првиот состанок на Европската политичка заедница, изјави дека „тоа за што денеска се договоривме е дека мораме да ги намалиме цените на гасот во Европа“, и тоа, според него, не е прашање само за 27-те земји членки на ЕУ, туку за сите 44 […]

Вучиќ со Ковачевски во Прага како во студентски денови


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој се наоѓа на Самитот во Прага на иницијативата за формирање на Европска политичка заедница, на Инстаграм објави фотографија со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, јави дописникот на МИА од Белград. -Со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, исто како во студентските денови, додека ја чекаме следната средба, напиша […]

Украинските сили почнаа да напредуваат и во регионот Луганск


  Серхи Хајдај, шеф на воената администрација на регионот Луганск, потврди дека украинските војници повторно влегле во источниот регион Луганск и „ќе продолжат да се движат во таа насока“. Си-Ен-Ен во средата објави дека украинските единици влегле во селото Хрекивка во Луганск. „Видов дека некои војници веќе објавија фотографија од нив како стојат на позадината […]

Меси: Во Катар го играм последниот Мундијал во кариерата


  Катар на крајот на оваа година ќе ми биде последно Светско првенство во кариерата, најави еден од најдобрите фудбалери на сите времиња и аргентински капитен Лионел Меси. Од своето репрезентативно деби во 2005 година до денес, Меси одигра 164 натпревари за аргентинскиот состав и со 90 голови е прв стрелец во историјата на Гаучосите. […]

ЕСМ обезбеди гас за две недели од октомври, грејната сезона во Скопје почнува на 15-ти месецов


  АД ЕСМ обезбеди природен гас од Макпетрол до крајот на октомври, а грејната сезона ќе започне на 15 октомври, велат од ЕСМ. -На почетокот на грејната сезона системот ќе работи на природен гас, осносно обезбеден е гас од „Макпетрол“ до крајот на октомври по цена од 1713 евра за 1000 нормални метри кубен гас. […]