Сончево со мала до умерена локална облачност


Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната од 24 до 31 степен. УВ=7 Во Скопје, претежно сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до […]

Астрономски календар


  Денеска е четврток, 8 септември 2022 година, 246-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 119 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 5 минути, а ќе зајде во 18 часот и 58 минути. Денов трае 12 часа и 53 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе […]

„Епл“ претстави 4 нови модели на ајфон, нови часовници и слушалки


По неколку месеци следење на бројните гласини и шпекулации за новата генерација телефони, „Епл“ (Apple) синоќа официјално претстави четири модели од серијата iPhone 14. Новата генерација донесе нови и големи промени, како и некои нови услуги фокусирани на безбедноста и изненадување во од Dynamic Iceland на моделите iPhone Pro. Како што се навестуваше, мини моделот […]

Британската фунта на најниско ниво во однос на доларот од 1985 година


  Британската фунта денеска падна на најниско ниво во однос на доларот од 1985 година поради стравувањата од рецесија и инфлација. Како знак на тежината на задачата што ја чека новата премиерка Лиз Трас да ја заживее британската економија, фунтата до 14 часот (16:00 часот по средноевропско време) денеска загуби 0,96 отсто на 1,1409 во […]

Изненадувачки контранапад на Украина во регионот на Харков


  Украина започна ненадеен контранапад во североисточниот регион Харков, изложувајќи ги руските сили на притисок кои исто така се соочуваат со украински напади на југ. Официјален претставник на Народната република Донецк, контролирана од Русија, изјави во вторникот дека украинските сили „го опколиле“ Балаклија, источен град со 27.000 луѓе сместен меѓу Харков и Изјум, окупиран од […]

Холандија ѝ дава силна поддршка на Македонија на патот кон ЕУ


  Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната заедничка прес-конференција со Вопке Хукстра, министер за надворешни работи на Кралството на Холандија, изрази здоволство што одржуваме добар интензитет на политички дијалог на високо ниво. Ова е одраз, нагласи Османи, на пријателството и партнерството помеѓу нашите две држави што се одвива во последните три децении. Шефот […]

Маричиќ-Азески: Преговорите со ЕУ ќе овозможат сериозни промени во економијата


  Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и главен преговарач на тимот што ќе преговара со Европската Унија оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, на која разговараа за соработката и учеството на Стопанската комора во процесот на преговори. – Колку подобро се адаптира македонското стопанство, толку ќе […]

МААЕ: Иран за три до четири недели ќе има доволно материјал за нуклеарна бомба


  Залихите на ураниум на Иран збогатен до 60 проценти, што е блиску до нивото за нуклеарно оружје, ќе бидат доволни во случај на натамошно збогатување на ураниум за нуклеарна бомба, се вели во извештајот на Агенцијата за атомска енергија на ОН (МААЕ) објавен денеска. Преминувањето на тој праг е пресвртница во прекршувањето на одредбите […]

Партијата на Путин предлага референдуми за анексија на украинските територии на 4 ноември


  Партијата Единствена Русија на Владимир Путин предлага на 4 ноември да се одржи референдум за анексија на украинските територии кои се под контрола на руските сили. „Доњецк, Луганск и многу други руски градови конечно повторно ќе го најдат своето матично пристаниште. И рускиот свет, денес поделен со формални граници, повторно ќе го најде својот […]

Шолц ги отфрли барањата на Полска за воени репарации


  Германскиот канцелар Олаф Шолц ги отфрли полските барања за исплата на штета што Германија ѝ ја предизвикала на земјата за време на Втората светска војна. – Како и сите влади пред мене можам да потсетам дека прашањето за воените репарации е дефинитивно решено според меѓународното право, изјави тој во интервју за Франкфуртер алгемајне цајтунг. […]

Украина со повик до жителите околу Запорожје: Евакуирајте се!


  Украина денеска ги повика жителите на областа околу нуклеарната централа Запорожје да се евакуираат заради сопствена безбедност. – Апелирам до жителите на областа во близина на нуклеарната централа Запорожје … евакуирајте се! Најдете начин да стигнете до територијата под (украинска) контрола. Ве чекаме и ќе ви помогнеме, напиша украинската вицепремиерка Ирина Верешчук на социјалните […]

Османи за вработувањето на Ејупи: „Зошто да не, не ѝ треба ни Си-Ви!“ (Видео)


  Водителката и несудена конзулка Бесмира Ејупи е вработена во Министерството за надворешни работи (МНР), потврди денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи на прес-конференција. Уште повеќе, тој не гледа воопшто причина зошто таа не би била вработена на почетничка функција во МНР кога е државјанин на Македонија и зошто ѝ е потребно Си-Ви кога натаму […]

Барселона подготвува рекорден трансфер во женскиот фудбал


  Манчестер сити ја прифати понудата на Барселона за услугите на фудбалерката Кеира Волш, која ќе прејде во редовите на каталонскиот клуб за рекорден износ во историјата на женскиот фудбал, објавија денеска британските медиуми. Според Скај спорт, трансферот на 25-годишната Волш од Манчестер сити во Барселона ќе изнесува рекордни 350.000 фунти. Претходно, највисокиот трансфер во […]

ИАТА: Светскиот воздушен сообраќај закрепнува, цените на горивата предизвик


  Закрепнувањето на глобалната воздухопловна индустрија по пандемијата на Ковид-19 зема замав, но високите цени на горивото ќе го зголемат притисокот врз авиокомпаниите, соопшти денеска Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА). Се наведува дека глобалниот патнички сообраќај во јули бил на околу 75 отсто од нивото пред пандемијата, потпомогнато од силната побарувачка за домашни услуги […]

Џафери: Нема враќање назад од евроинтеграцијата на Македонија


Свечен прием по повод 8 Септември – Денот на независноста се одржа попладнево во Собранието на Република Северна Македонија. На свеченоста присуствуваат претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, министри во Владата, претставници на дипломатскиот кор, на верските заедници, поранешните претседатели на Собранието Трајко Велјановски и Тито Петковски, народниот правобранител насер Зивери и други […]

Холандија со највисок раст на БДП во ЕУ во вториот квартал, четири земји забележале пад


  Хрватската економија порасна за два отсто во вториот квартал во однос на претходните три месеци, кога растот беше 2,8 отсто, покажаа сезонски приспособените податоци на Европскиот завод за статистика. Најмногу порасна холандскиот БДП, за 2,6 отсто. Следува Романија со раст на активноста од 2,1 отсто. Само четири земји забележале пад на БДП во однос […]

Австриската влада ја ограничува цената на струјата за домаќинствата


  Австриските домаќинства ќе ја плаќаат целата или поголемиот дел од потрошувачката на електрична енергија по фиксна стапка што ја одредува државата, објави владата во средата. Коалицијата, составена од централно-десничарската Народна партија и Зелените, се согласи за ограничување на цената на струјата. Се очекува оваа мерка да чини четири милијарди евра, а просечното домаќинство да […]

Планот на Украина е да го врати Херсон до крајот на 2022


  Една недела по новата контраофанзива, украинските сили постигнуваат успеси на југот, со амбициозна цел да го вратат најголемиот дел од рускиот окупиран регион Херсон до крајот на годината, изјавија за Си-Ен-Ен високи американски и украински функционери. Според геолокацијата на видео и сателитски снимки, минатата недела беа забележани најамбициозните копнени напади од страна на Украинците […]

Се реконструира улицата „Скоевска“


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска извршија увид во градежните работи на реконструкцијата на улицата „Скоевска“ во населба Радишани, што започнаа пред еден месец. – Денеска извршивме увид во започнатите градежните активности на улица „Скоевска“, чија реконструкција предвидува обнова на коловоз како и партерно уредување и зеленило […]

Канје Вест во војна со „ Гап“ и со „Адидас“ – раперот ги обвини дека „ги крадат“ неговите дизајни


  САД–  Канје Вест ги замоли своите следбеници да не го напаѓаат креативниот директор на Адидас, Аласдаир Вилис, и покрај тоа што го критикуваше на социјалните мрежи само неколку часа претходно во една од мноштвото објави поврзани со тековната расправија на Вест со Вилис. Расправијата на раперот со Адидас и неговиот друг партнер за малопродажба […]