Јотова: Сакаме гаранции за правата на македонските Бугари


Главен аспект на бугарската и европската надворешна политика е проширувањето на Европската унија, а особено европската перспектива на Република Северна Македонија и нејзините односи со Бугарија, изјави бугарската потпретседателка, Илијана Јотова за време на учеството на Политичката школа „Димитар Паница“. Јотова нагласи дека секој што сака да биде дел од европското семејство мора да разбере […]

Ниту Саво Климовски не го помина комисискиот филтер за уставен судија


Членовите на собраниска Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница не дадоа поддршка универзитетскиот професор Саво Климовски да биде избран за уставен судија, како предлог на опозицијата. Комисиската расправа ќе продолжи по едночасовната пауза дадена од претседателката на Комисијата Марија Георгиевска. По паузата, треба да биде разгледана биографијата на републичкиот јавен обвинител […]

(Видео) Работна средба на Азески и Мицкоски за енергетската криза


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска ќе имаат работна средба на која ќе разговараат за енергетската криза. На средбата во просториите на Комората ќе присуствуваат и претставници од нејзиното раководство, бизнисмени и градоначалници на неколку општини. Стопанската комора информира дека тема на состанокот е енергетската криза […]

Патувачкото кино на „МакеДокс 2022“ од утре во Преспа


Четири проекции на документарни филмови од утре до 17 септември 2022 година ќе бидат прикажани во регионот на Преспа, во рамки на Патувачкото кино на „МакеДокс“. Како што информира Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ – Скопје, патувачкото кино утре ќе биде во Ресен (Сарај), на 14 септември во село Дрмени (кај самопослугата), на 16 […]

Левица бара да не се исклучува колекторот на Охридското езеро


Партијата Левица реагиора на најавите за можно исклучување на колекторот на Охридското езеро бидејќи биле превисоки сметките за струја.   -Скандалозни се најавите дека може да дојде до исклучување на колекторскиот систем на Охридското езеро, поради превисоки сметки за струја. Сите препумпни станици, вкупно 18 на број, работат на електрична енергија и директорот на ова […]

До петок сончево и топло, од сабота дожд и заладување


До петок времето ќе биде стабилно со значителен пораст на температура. Особено топло ќе биде во четврток и петок, кога дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината, соопшти УХМР. Во сабота ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Од недела се очекува значително заладување.

„Алејата на Украина“ вечен потсетник на поддршката за украинскиот народ


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски заедно со амбасадорката на Украина, Лариса Дир и претседателот на Здружението на Украинците, Олександр Урбанович свечено ја отворија „Алејата на Украина“. Градоначалникот Герасимовски истакна дека оваа локација каде денеска се отвори „Алејата на Украина“ ќе биде вечен потсетник на поддршката која ја даваат граѓаните и Општина Центар на Украина […]

Украинските земјоделци веројатно ќе ја намалат зимската сеидба за 30 отсто


Украинските земјоделци најверојатно ќе ја намалат зимската сеидба за 30 отсто поради зголемените цени на семињата и горивото, во комбинација со ниските продажни цени на нивното жито, соопшти денеска Здружението на земјоделци на Украина. Земјата веќе почна со зимската сеидба, а Министерството за земјоделство минатиот месец наведе оти очекува нејзино можно намалување на 3,8 милиони […]

Две награди за претставата „Се викам Горан Стефановски“ на Фестивалот во Ниш


Драмски театар – Скопје на театарскиот фестивал „Театар на крстопат“ (Театар на раскршќу) во Ниш освои две престижни награди, награда за најдобра претстава и награда за режија. Како што соопшти Драмски театар – Скопје, наградата за најдобра претстава „My Name Is Goran Stefanovski“ – „Се викам Горан Стефановски“ ја доделува жирито на тркалезната маса на […]

Иљире Даути поднесе оставка од функцијата координатор на пратеничката група


Пратеничката Иљире Даути поднесе оставка од функцијата координатор на Пратеничката група на Алијансата за Албанците.   Даути информацијата ја соопшти преку објава на нејзиниот фејсбук-профил и како причина за нејзиното повлекување од функцијата ги наведува слабите резултати од последните избори за советници во Советот на Општина Тетово, на кои Алијансата за Албанците не освои ниту […]

Пендаровски со сопругата на погребот на кралицата Елизабета Втора


Од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски соопштија дека тој и сопругата ќе присуствуваат на државниот погреб на кралицата Елизабета Втора, што ќе се одржи на 19 септември во Лондон. Според британските медиуми, ова ќе биде прв државен погреб од ваков формат во Обединетото Кралство по тој на Винстон Черчил во 1965 година. Се очекува на […]

Ардерн: Нов Зеланд ќе стане република, но не наскоро


Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн изјави дека по смртта на кралицата Елизабета Втора нејзината влада нема да бара промена на статусот на Нов Зеланд од кралство во република. Ардерн, пренесуваат американските медиуми, изјави дека верува дека Нов Зеланд во иднина ќе стане република и дека тоа ќе се случи за време на нејзиниот живот, но дека […]

Нови барања за екстрадиција за Никола Груевски и осудените во „Монструм“


Министерството за правда во наредниот период ќе поднесе нови барања за екстрадиција на Никола Груевски, како и за Африм Исмаиловиќ и Алил Демири кои се осудени во случајот „Монструм“. -За Никола Груевски досега е испратено едно барање за екстрадиција од ноември 2018 година и едно дополнување на барањето за екстрадиција од јуни 2019 година.Екстрадицијата е […]

Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ влегоа во клинч, заврши ли романсата?


  Едно разрешување и една оставка (или разрешување) ги преврте преку глава односите меѓу владејачките структури во Градот Скопје. Првпат од ноември лани кога градоначалничката Данела Арсовска ја презеде власта во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ објави партиско соопштение во кое се зборува против неа. Додуша, тоа е пренесување на Фејсбук статусот на генералниот секретар на Градот, Ѓоко […]

Харисон Форд го претстави „Индијана Џонс 5“


  САД– Харисон Форд го претстави петтиот филм од серијалот „Индијана Џонс” на шоуто „Д-23“ на „Дизни“ во околијата на Лос Анџелес. Околу 6.000 луѓе притоа му ракоплескаа на 80-годишниот американски глумец. Филмот допрва ќе го добие насловот, а ќе биде објавен на 30 јуни 2023 година. – Многу сум горд што можам да кажам дека […]

Алијансата за Албанците бара одговорност за пожарот во торакална хирургија


Алијансата за Албанците објави дека, откако беше поплавена од дождот, зградата на хируршката клиника во близина на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, поточно операционата сала и дел од одделот на Универзитетската клиника за торакална хирургија, биле опфатени од пожар и со тоа се загрозиле животите на пациентите коишто беа сместени во установата.   -Дали […]

Почна судењето на Бабиш за махинации со европски дотации


По пет години истрага во Прага денеска почна судењето на поранешниот чешки премиер Андреј Бабиш, кој се товари дека пред 13 години на измама добил дотации од околу два милиона евра за семејната фарма и за конференцискиот центар Гнездото на штркот. Заедно со Бабиш одговара и поранешната менаџерка на агро и петрохемискиот концерн Агроферт на Бабиш, Јана Надјова, која според обвинението […]

Русија губи и се заканува


Заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев повторно и се закани на Украина. Сегашните ултиматуми се само загревање и детска игра за барањата што ќе ги имаме во иднина. И тој ги знае – целосна капитулација на режимот во Киев според условите на Русија, напиша Медведев на Телеграм. Заканите од Медведев уследија […]

Во „Макстил“ денеска ќе се уништува запленета наркотична дрога


Во кругот на фабриката „Макстил“ денеска ќе бидат уништени запленети наркотични дроги. Како што е најавено од Министерството за внатрешни работи, на уништувањето на запленетите наркотични дроги ќе присуствува и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Уништувањето ќе се изврши во организација на Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за управување со одземен имот и Државната […]