Левица бара да не се исклучува колекторот на Охридското езеро


Партијата Левица реагиора на најавите за можно исклучување на колекторот на Охридското езеро бидејќи биле превисоки сметките за струја.
 
-Скандалозни се најавите дека може да дојде до исклучување на колекторскиот систем на Охридското езеро, поради превисоки сметки за струја. Сите препумпни станици, вкупно 18 на број, работат на електрична енергија и директорот на ова јавно претпријатие најави дека постои можност сите во еден ден да бидат исклучени. Прекин на работата на пречистителната станица и пумпните станици што учествуваат во прочистувањето на водите на Охридското езеро би значело фатална еколошка катастрофа за едно од најстарите природни езера во Европа!
Скандалозен е и молкот на министерот Нуредини за оваа сериозна закана по Охридското езеро, од каде нема никаква најава за преземање мерки за ваквата опасност, посочуваат од Левица.