Алијансата за Албанците бара одговорност за пожарот во торакална хирургија


Алијансата за Албанците објави дека, откако беше поплавена од дождот, зградата на хируршката клиника во близина на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, поточно операционата сала и дел од одделот на Универзитетската клиника за торакална хирургија, биле опфатени од пожар и со тоа се загрозиле животите на пациентите коишто беа сместени во установата.
 
-Дали има технички прием за операционата сала и другите делови на реновираниот репарт, ако да, кој го има потпишано? Зошто не функционира операционата сала којашто беше двапати отворена за функционирање од страна на владата на СДСМ-ДУИ за ниски политички поени и беше прогласена како хируршка сала „со светски стандарди“?Зошто директорот на клиниката не го известил министерот за здравство и што е најскандалозно, тој бил информиран дури по четири дена?- прашува Алијанса за Албанците.

 
Од оваа партија бараат министерот за здравство итно да ја посети клиниката и да се произнесе за овој случај., да побара одговорност од директорот Јакупи за неговите евентуални пропусти и неговото ноншалантно однесување.
 
-Владата  треба да иницира реинтеграција на универзитетските клиники по забрзана постапка за да се избегнат трагедии од ваков тип и непослушност на партиските директори, оценуваат од оваа партија.