Нова рунда оставки во Скопје – на директорите на „Улици и патишта“, „Лајка“ и ЈСП „Турс“


  ВМРО-ДПМНЕ денеска ѝ возврати на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска,  за нејзините жестоки вчерашни зборови со тоа што уште тројца директори на јавни претпијатија поднесоа оставки – на „Улици и патишта“, „Лајка“ и ЈСП „Турс“. Заедно со другите разрешувања и оставки во комуналните претпријатија Скопје е на самиот раб да не може да функционира, […]

Полуфинални пресметки денеска на ЕП во кошарка 


  Двете полуфинални пресметки се на програмата денеска на Евробаскетот 2022,   а првиот финалист ќе го даде победникот на дуелот меѓу репрезентациите на Полска и Франција од 17:15 часот.  Полска до битката за пласман во полуфиналето дојде со сензационален триумф над актуелниот европски првак Словенија (90-87), додека Франција со многу среќа по продолжение ја совлада Италија (93-85).  Во второто полуфинале кое е закажано за 20:30 часот ќе […]

Македонски компании ќе тргуваат со казахстански бизнисмени


Претставници на дваесет македонски и триесет казахстански компании учествуваа на Првиот бизнис форум во организација на Амбасадата на Република Северна Македонија во Казахстан и компанијата „Матрона Конс“. На форумот имаше и претставници од министерствата за надворешни работи и за економија на двете земји, од дел од стопанските комори, како и претставници од земјоделскиот сектор, фармацевтските […]

Сојузниот суд одреди независен арбитер во истрагата против Трамп


САД – Сојузниот суд во САД го именуваше правниот ветеран од Њујорк, Рејмонд Дири за независен арбитер во кривичната истрага против Доналд Трамп. Истрагата се води поради доверливи документи пронајдени за време на претресот на ФБИ во куќата на поранешниот американски претседател на Флорида и тој го одби барањето на Министерството за правда да продолжи со […]

Објавен Зборник на трудови „Антево дело“


Деновиве од печат излезе Зборник на трудови поднесени на Меѓународниот научен симпозиум „Антево дело“,одржан во септември минатата година во Лазарополе, родното село на македонскиот поет, академик Анте Поповски. Печатењето на Зборникот е реализирано во рамките на Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски-Антево перо“. Организацискиот одбор соопшти дека на Вториот симпозиум за Антевото творештво, беа презентирани реферати […]

Форбс: Федерер меѓу шесте спортисти кои заработиле над 1 милијарда долари


  САД-  Роџер Федерер се пензионираше во средата како еден од најдобрите тенисери досега. Тој освои 20 Гренд слем титули, а особено беше доминантен помеѓу 2003 и 2007 година, кога освои 10 Мејџорси, вклучувајќи го и Вимблдон пет пати. Неговите најтешки ривали, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, неодамна го надминаа Федерер во трката за Грен […]

Казахстан ги ограничи претседателите на еден мандат од седум години


  Парламентот на Казахстан на заедничката седница на двата дома усвои во две читања закон за измени на Уставот на земјата. Документот едногласно го поддржаа сите 50 сенатори и 99 пратеници на парламантот присутни на седницата, пишува Интерфакс. Законот усвоен од парламентот ќе биде испратен на потпис до претседателот на Казахстан. Со усвоените измени се […]

Јовески: За дисциплинската за Рускоска треба да се обезбедат докази и да се произнесат засегнатите


 Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вели дека за дисциплинската постапка за шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГК) Вилма Русоска треба да се обезбедат определени докази и за нив да се изјаснат обвинителите опфатени со постапката. -Комисијата за дисциплинска одговорност го разгледа предлогот за покренување дисциплинска постапка и колку што […]

„Русија остава смрт насекаде“: Во Изјум масовна гробница со 440 тела


  Украинските власти пронајдоа 440 гробови на масовно гробно место во Изјум, град кој неодамна беше вратен од руските сили, објави украинското Министерство за одбрана на Твитер во петокот. Претходно украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека на украинските и меѓународните новинари ќе им биде покажано местото за да видат што е откриено. „Сакаме светот да […]

Европска недела на мобилност: Возете велосипед! Бидете внимателни и одговорни велосипедисти!


 Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) со повеќе активности се приклучува во кампањата „Европска недела на мобилност“, која Европската комисија веќе две децении ја спроведува секоја година во третата седмица од септември. Целта на кампањата е формирање на здрави животни навики, чиста животна средина, побезбеден сообраќај и поддршка на алтернативни форми на […]

Црвенковска: Не смее корупцијата да ја одредува правдата


Судии со интегритет, судии со морални и етички вредности, на кои правдата им е поважна од договорите во судница ќе ја зголеми довербата на граѓаните во судскиот систем. „Голем дел од граѓаните немаат доверба во судскиот систем затоа што знаат, мислат или осетиле на своја кожа дека некои судии се корумпирани. Тоа го срозува судството […]

Изменет режим на автобусите на ЈСП во сабота, заради одржувањње велосипедска трка


Од ЈСП Скопје информираат дека утре, сабота (17.09.2022 год), во период од 17.30 часот до 20.30 часот, поради одржување на велосипедска трка „Куп на Град Скопје“, дел од централното градско подрачје ќе биде затворено за сообраќај, а возилата од јавниот превоз кои сообраќаат во тој реон ќе возат по изменети траси од вообичаените. Режим на […]

(Видео) „Водена бомба“ во Италија – седум жртви во поплавите


  Силни дождови и поплави, доцна синоќа, го погодија средишниот дел на италијанскиот регион марка, пти што загинаа најмалку седуммина, додека тројца се сметаат за исчезнати, објавија денеска италијанските медиуми. Локалните власти соопштија дека не очекувале ненадејна „водена бомба“. За два, три часа паднале 400 мм дожд, што што биле поплавени улици во неколку градови […]

Берлин ја презеде контролата врз активностите на рускиот нафтен гигант „Росњефт“ во Германија


Официјален Берлин денеска ги стави под надзор активностите на рускиот нафтен гигант „Роснефт“, компанијата што управува со многу рафинерии во Германија, со цел да се „обезбеди“ снабдување со енергија. Филијалите на „Роснефт“ во Германија претставуваат 12 отсто од капацитетот за преработка на нафта во оваа земја. Со нив сега ќе раководи националната Агенција за управување […]

Пендаровски: Наш приоритет треба да биде вложувањето во животната средина


Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше и се обрати на одбележувањето на 20-годишнината на Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест, што се одржа вчеравечер во Скопје. Настанот, кој се одржа под покровителство на претседателот Пендаровски, беше организиран од Еко-свест, како стратешки партнер на Шведската агенција за развој и соработка-СИДА во спроведување на стратешкиот тригодишен […]

Комеморација за амбасадорот Рамадан Назифи во МНР


Во Министерството за надворешни работи денеска ќе биде одржана комеморација по повод смртта на амбасадорот на Северна Македонија во Берлин, Рамадан Назифи. Комеморацијата ќе се одржи во амфитеатарот на Министерството со почеток во 12 часот. Амбасадорот Назифи почина ненадејно во Берлин на 3 септември на 60-годишна возраст, а беше погребан во неговото родно место Радуше […]

Театарот за деца и младинци ќе гостува во Подгорица


Театарот за деца и младинци од Скопје денеска ќе гостува на Меѓународниот фестивал на кукларство во Подгорица, Црна гора, со претставата „Палешка“ во режија на Давор Драгојевиќ. Во претставата играат актерите Матеа Јанковска, Марија Ѓорѓијовска, Изабела Новотни, Мартин Јорданоски, Емра Куртишова и Петар Стојанов. Претставата „Палешка“ е ново и модерно читање на истоимената бајка од […]

На 81 година почина словенечкиот глумец Ратко Полич


  Словенија – Познатиот словенечки филмски и театарски глумец Ратко Полич почина вчера на 81-годишна возраст, соопшти Здружението на драмски уметници на Словенија. Полич глумеше во повеќе од 100 театарски претстави и исто толку филмски и радиоостварувања, потврдувајќи се како харизматичен актер. Роден е 1942 година, во градот Чрномељ, а професионалната кариера ја почна во […]

ВМРО-ДПМНЕ: Бркањето на 100-те вработени во Водовод е неразумен потег


Препукувањата на релација ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска продолжија и денес. Од партијата ја повикаа градоначалничката своите  фрустрации да не ги истура врз недолжни луѓе вработени во ЈП Водовод и Канализација – Скопје. -Најавата за отпуштање на 100 лица, од кои дел се наследени од претходното раководствo и работат чесно веќе две па и повеќе години […]

Бугари со измама зеле 8.000 евра од жена од Аеродром


Бугарски државјани се осомничени за измама и за нив е побаран притвор. Станува збор за маж и жена кои преку телефонски разговор довеле во заблуда жителка на Аеродром од која во два наврати зеле 8.000 евра. – Користејќи се со измама и презентирајќи лажни факти, осомничените ја навеле оштетената првиот пат да им даде 5.100 […]