Од исполнувањето на економските критериуми ќе зависи темпото на преговорите со ЕУ
Со формалното интегрирање на економските критериуми во кластерот „Темели“, исполнувањето на Копенхашките економски критериуми ќе биде меѓу главните политички приоритети во текот на пристапните преговори, изјави вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, на денешниот објаснувачки скрининг состанок за економските критериуми. – Ако се има предвид важноста на кластерот „Темели“ […]