Позитивни на ковид нови 75 лица, нема починати


 

Намалува новиот бран на корона вирусот. Вчера се регистрирани само 75 нови инфекции, а нема регистрирано ниедно починато лице. Оздравеле 99 пациенти, со што бројот на активни случаи сега изнесува 649. Биле направени 887 тестови, што значи дека инциденцата на инфекциите е 8,4 отсто.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, 38 од новите случаи  се од Скопје, Куманово – осум, Велес – шест, Кавадарци – четири, Охрид, Кичево и Гевгелија имаат по три нови случаи, Битола, Прилеп и Штип по два и по еден новозаразен е регистриран во Неготино, Радовиш, Крива Паланка и Берово.
 
Досега починаа 9.524 лица.
 
Од активните случаи најмногу има во Скопје, повеќе од половината – 349. Во осум градови нема ниту еден активен случај.