Трчај Бе: Професионалци и рекреативци ја трчаа Битола која се развива во спортска туристичка дестинација


Најмасовниот спортски настан, кој по четврт пат ја става Битола на мапата на градови со трки, синоќа се одржа пред бројна публика која од раните утрински часови на патеките ги бодреше 1.500 учесници, од дури 17 држави. Атлетски ѕвезди, пасионирани рекреативци, јавни личности, политичари, компаниски тимови, а трчаа заедно и цели семејства и поединци кои […]

Блок 1 на РЕК Битола ќе биде плански исклучен во наредните два дена


Од денеска попладне, па во наредните два дена Блок 1 на РЕК Битола ќе биде плански исклучен од електроенерегетскиот систем на Република Северна Македонија. Краткотрајниот прекин во работењето е со цел зголемување на доверливоста и стабилноста на постројката, информираат од АД ЕСМ. Оттаму потсетуваат дека годинава, со оглед на енергетската криза во државата и Европа, […]

Пронајден хероин и амфетамин во Гевгелија, приведени две лица


Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија вчера попладне во 15.00 часот ги лишиле од слобода А.К. (46) и Ј.Р. (43), двајцата од Гевгелија. При преглед на патничко моторно возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.К., биле пронајдени 27 пакувања со хероин, а при преглед на Ј.Р., која била сопатник во возилото, […]

Најмалку осум жртви во силен земјотрес во Авганистан


Најмалку осум лица загинаа во силниот земјотрес што во текот на ноќта го погоди североисточен Авганистан, соопшти директорот за информации и култура на провинцијата Кунар и портпарол на гувернерот Мавлави Наџибула Ханиф. Тој за локалните медиуми предупреди дека бројот на жртви може да се зголеми и нагласи дека има и сериозна материјална штета. Американскиот геолошки институт регистрира […]

Медведев по УС Опен нема да биде прв светски рекет


  Рускиот тенисер Данил Медведев ноќеска загуби од Ник Кирјос во четвртото коло на УС Опен – 6:7, 6:3, 3:6, 2:6. Медведев за прв пат по 2018 година загуби на УС Опен пред полуфиналната фаза. Пред четири години тој беше елиминиран во третото коло. По поразот од Кирјос, Русинот не ги одбрани бодовите добиени по […]

Министрите за енергетика на ЕУ ќе дискутираат за мерки за намалување на цените на енергенсите


Министрите за енергетика на ЕУ на состанокот закажан за в петок ќе разговараат за опциите за спречување на растот на цените на енергијата, вклучувајќи ограничувања на цената на гасот и итни кредитни линии за производителите на енергија. Според нацрт-документот чии делови пренесуваат светските агенции, министрите на ЕУ на 9 септември ќе разговараат за итни мерки […]

Јаневски: Домашната туристичка индустрија како Ел Дорадо, без инспектори и полиција


Два во Скопје и еден или двајца во Охрид, толку лиценцирани инспектори за туризам има во земјава. Пазарот не е регулиран, голем е бројот на диви туристички водичи, а сивата економија тивко, но во континуитет се зголемува, вели директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски. Јаневски оценува дека домашната туристичка […]

Албанскиот бизнисмен Ара пронајден мртов во Торино


Албанскиот бизнисмен Фатмир Ара, кој исчезна пред два дена, е пронајден мртов во селото Сан Карло Канавесе во Торино, јавуваат Репортери. Италијанските медиуми јавуваат дека телото било пронајдено на земја, на неколку чекори од темниот автомобил паркиран покрај патот и дека се работи за убиство. Ара (43) е по потекло од Албанија, а живеел во […]

Осум лица загинаа при искачување на руски вулкан


Осум лица загинаа при искачувањето на вулканот Клучевскаја Сопка на далечниот исток на Русија, а студените ветрови ги запреа спасувачките напори, јавува руската новинска агенција Интерфакс, пренесе Ројтерс. Локалните власти првично известија дека шест лица загинале и дека уште шест се верува дека се блокирани меѓу група од 12, вклучително и двајца водичи, кои се […]

Силен земјотрес од 6,8 степени ја погоди Кина


Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди округот Лудинг во југозападната кинеска провинција Сечуан. Епицентарот бил во градот Лудинг на длабочина од 16 километри, на околу 180 километри југозападно од Ченгду, соопшти центарот. Земјотресот се случил на длабочина од 40 километри, соопшти EMSC. Неколку минути подоцна, земјотрес со јачина од […]

Киев тврди дека украинската армија ослободила неколку населени места во херсонската област


Официјален Киев соопшти дека украинските оружени сили вчера го ослободиле местото Високопилија во херсонската област. Кирило Тимошенко, заменик-шефот на Кабинетот на украинскиот претседател, на Телеграм објави фотографија од подигнувањето на украинското знаме во Восокопилија. Инаку, извештаи за ослободување на тоа населено место во северниот дел на регионот на Херсон беа објавени и во текот на […]

Во Хрватска од денеска цените во куни и во евра


На помалку од четири месеци пред влезот на Хрватска во еврозоната, од денеска стапува во сила законската обврска за прикажување на цените во куни и евра, како мерка за заштита на потрошувачите во процесот на воведување на новата валута. Од денеска до 31 декември 2023 година деловните субјекти и другите обврзници во односите со потрошувачите мора јасно да ја […]

Момче уапсено во Германија, се обидело да изнајми платен убиец онлајн


Германските власти уапсија 28-годишен човек кој преку интернет-подземјето се обидел да изнајми платен убиец заради убиство на партнерката на жената во која бил вљубен. Осомничениот, наводно, платил илјадниции евра за најмување платен убиец од лажна интернет-страница. Момчето било уапсено во април, а Обвинителството во Берлин сега објави дека тој е обвинет за обид за поттикнување […]

Меѓународна научна конференција за безбедност 2022 во Дојран


  Во Дојран се одржува тридневната меѓународна научна конференција за безбедност 2022 година во организација на Институтот за безбедност, одбрана и мир на Филозофскиот факултет-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, што ќе се одржува до 7 септември 2022 година.  Конференцијата, како што информира организаторот, е посветена на промислување на механизмите за безбедност, мир и развој кои […]

Умерен сообраќај на патните правци по претежно влажни коловози


  Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Автомото сојузот на Македонија информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна […]

Хоспитализиран бугарскиот патријарх Неофит


  Канцеларијата на Светиот синод на Бугарската православна црква соопшти дека поради влошување на неговите хронични болести, неговата светост бугарскиот патријарх и митрополит Софиски Неофит е примен на дијагноза и лекување во болницата „Софијамед“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, во соопштението се повикуваат свештениците, епископите и верниците во Бугарија да се молат […]

Поради поплави прогласена вонредна ситуација во американската држава Џорџија


  Невреме проследено со обилни дождови од синоќа ги зафати северозападните делови на американската сојузна држава Џорџија, предизвикувајќи поплави во некои области. Медиумите објавуваат снимки од поплавени патишта и сопственици на куќи кои се обидуваат да спречат водата да навлезе во нивните домови. Гувернерот на Џорџија, Брајан Кемп, доцна синоќа прогласи вонредна состојба во окрузите Чатануга […]

Од денеска до среда времен сообраќаен режим на патниот правец Маврово – Дебар


Од денеска и во наредните два дена, во периодот од 10 до 16 часот ќе биде воспоставен времен режим, комплетно затворање на сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар, делница Маврови Анови- Жировница. -Општина Маврово и Ростуше ги известува своите граѓани, како и сите оние кои планираат да патуваат по овој регионален пат, дека, од […]

Берзи: Доларот најсилен во последните 20 години


На азиските берзи утрово се тргува внимателно бидејќи развојот на ситуацијата во повеќето економии во светот не поддржува поризични инвестиции, додека вредноста на доларот во однос на кошницата валути достигна ново највисоко ниво во последните 20 години. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, беше во минус од 0,4 отсто околу 6:30 часот. Истовремено, на токиската берза индексот […]

Романот „Јас и Лин, отпосле“ на Ана Стојаноска објавен на англиски јазик


  Во издание на Кадмус Прес (Cadmus Press) и превод на Пол Филев денеска ќе биде објавен англискиот превод на „Јас и Лин, отпосле“ на Ана Стојаноска, писателка, театролог и редовна професорка на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) – Скопје. -Нејзиното книжевно деби „Јас и Лин, отпосле“, е антиновела, колаж составен од многу фрагменти, со […]