Во Берово наврнати 11 литри на м2, во Крушево девет, а три во Маврово


Во изминатите девет часа до 17 часот во Берово наврнаа 11 литри на метар квадратен, во Крушево девет, а три во Маврово, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи од каде посочуваат дека за врнежите во Скопје ќе информираат после 20 часот. До крајот на денот, како што информираат, во Скопско и Тетовско се уште времето ќе […]

„Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска на фестивали во Венеција и во Торонто


„Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска во петок ја има светската премиера на Филмскиот фестивал во Венеција. По две децении, ова е прво учество на Македонија со мнозински проект во една од официјалните натпреварувачки програми на еден од трите најголеми фестивали во светот – Венеција. „Најсреќниот човек на светот“ е филм кој всушност […]

Лидерот на Херсон, назначен од Кремљ, побегнал во Русија


  Водачот на окупираниот Херсон, инсталиран од Москва, наводно побегнал во Русија, еден ден откако Киев објави дека го започнал долгоочекуваниот контранапад со цел да го врати јужниот регион од руските сили. Кирил Стремусов, кој беше назначен за заменик-шеф на воено-цивилната администрација во Херсон, поддржана од Русија, објавуваше редовни ажурирања од Херсон до државните руски […]

Пад на цените на нафтата


Цената на нафтата на светските берзи денеска забележа пад поради стравувањата на трговците дека агресивниот одговор на централните банки на инфлацијата и на зголемувањето на каматните стапки ќе ја ослабат светската економија и побарувачката на гориво. На берзата во Лондон барел нафта за испорака во октомври се тргуваше за 101,19 долари, што е намалување за […]

Силно невреме со град во Скопје, има и штети (фото, видео)


Невреме проследено со пороен дожд, град, грмотевици и ветер попладнево го зафати Скопје. Силниот дожд и градот го отежнуваат движењето по улиците чии коловози се под вода. Граѓани јавуваат за поплавување на улици, подвозници, куќи и дворови, како и за одлетани покриви, за паднат билборд кај Три бисери, паднато дрво во Топаанско поле…  УХМР најави […]

Ковачевски: Со олеснувањата за поставување фотонапонски централи, ќе ги ублажиме последиците од енергетската криза


На денешната Владина седница поминаа измените и дополнувањата на Законот за градење, кои ќе бидат доставени во собраниска процедура. За ова информира премиерот Димитар Ковачевски на својот фејсбук профил, од каде порача дека ова е доказ за посветеното работење на Владата за ублажување на последиците од енергетската криза. -Креираме амбиент за граѓаните и деловната заедница […]

На аеродромот во Тирана за седум месеци регистрирани 2.712.918 патници  


Бројот на патници на меѓународниот аеродром во Тирана во периодот јануари – јули годинава бележи раст од 2,3 пати споредено со истиот период минатата година. Авионски превоз во седумте месеци од годинава избрале 2.712.918 патници.  Само во месец јули аеродромот регистрирал 614.340 патници, што е раст од 44,8 отсто споредено со истиот месец минатата година.  […]

Академијата за судии и јавни обвинители не избра нов директор


Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители денеска на јавна седница не избра директор по огласот на Академијата. На огласот за директор на Академијата пристигнати биле две кандидатури, од актуелната директорка Наташа Габер Дамјановска и судијката Оља Ристова. За Габер Дамјановска четворица гласаа „за“ и пет „воздржани“, додека за Ристова еден „за“ и […]

Ни доаѓа ли сибирска зима?


(Колумна за Дојче веле) Велат, последното гајле секогаш е најголемо. Пред најавите дека ни се заканува сибирска зима која влева страв во коските, се чини како први да „замрзнаа“ националните и идентитетски  проблеми со кои се заплашува Македонија од исчезнување. Некако многу брзо спласна стравот од асимилација и бугаризација на македонскиот народ, падна и адреналинот […]

Вучиќ, Ковачевски и Рама на 1 септември во Белград на отворање на саемот Винска визија Отворен Балкан


 Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и премиерот на Република Албанија, Еди Рама, ќе присуствуваат на отворањето на Првиот меѓународен саем за вино Винска визија на Отворен Балкан во четврток, 1 септември 2022 година, на Белградскиот саем, соопштија од кабинетот на српскиот претседател. Саемот се одржува […]

САС на МПЦ-ОА го поздрави и благодари за признавањето на афтокефалноста од страна на РПЦ


  Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница одржана денеска ја поздрави одлуката на Руската Православна за признавање на афтокефалноста на МПЦ-ОА. – Светиот Синод со голема радост и благодарност ја прими веста за прифаќањето на автокефалниот статус на Македонската Православна Црква – Охридска […]

Регистрирани 240 нови случаи на Ковид-19, починати се четири лица


  Во последните 24 часа од направени 1.084 тестови, регистрирани се 240 нови случаи на КОВИД-19. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од новорегистрираните од Скопје се 119, Битола – 23, Куманово – 14, Прилеп – 13, Охрид – 12, Кавадарци – 9, Тетово – 7, Кочани – 5, Велес, Гостивар, Струмица, Крива Паланка […]

Украина ги мами руските ракети со дрвени реплики на американските ракетни лансери


  КИЕВ – Украина можеби е надвладеана со оружје, но според најновиот знак, таа сè уште не е надмудрена, флота од мамки кои личат на напредни американски ракетни системи ги измами руските сили да трошат скапи крстосувачки ракети со долг дострел на лажни цели, според интервјуа со високи американски и украински претставници и фотографии од […]

Ученици принудени да патуваат со километри на настава во Илинден  – одлуката кажана во последен момент


Родители од основното училиште „Гоце Делчев“ во Илинден најавуваат бојкот на наставата од 1 септември поради одлуката на директорката да ги премести помалите одделенија во новото, монтажно училиште кое в четврток треба да се отвори, а кое е неколку километри подалеку од објектот во кој лани учеа овие деца. Станува збор за учениците од 1-5 […]

За поставување фотоволтаици нема да биде потребно одобрение или решение од општината


Владата ги поедностави процедурите за поставување на фотоволтаични електрани на покривите на домаќинствата и стопанските објекти, при што на граѓаните во иднина нема да им биде потребно одобрение или решение од општината. Со измените и дополнувањата на Законот за градење кои денеска беа усвоени на владина седница, инвеститорите ќе бидат обврзани само да ја известат […]

Нуредини и Беџети разговараа за одржливо решение за кањонот Матка


Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, денеска во просториите на Министерството се сретна со градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети. На работниот состанок се разговарало за поддршката на Министерството за животна средина и просторно планирање на општината Сарај, во реализацијата на повеќе проекти од областа на животната средина. – Имено, беше дискутирано […]

Германија се подготви за зимата без руски гас, „Гаспром“ го намали снабдувањето на Франција


  Германија е подобро подготвена за зима „отколку што беше предвидливо пред неколку месеци“ кога станува збор за снабдувањето со гас, изјави во вторникот германскиот канцелар Олаф Шолц. „Можеме многу добро да се справиме со заканите што ни доаѓаат од Русија“, рече Шолц пред седницата на владата. Русија го користи гасот како стратегија во војната […]

Општина Охрид ќе продолжи со поддршка за подвизите на Марко Пејчиновси


Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков денеска го прими младиот пливачки херој Марко Пејчиновски, кој викендов исплива 64 километри во водите на Охридското Езеро, на релација Охрид – Струга – Свети Наум – Охрид. Тој најави дека Општината ќе даде поддршка за Марко, со надеж дека и во иднина ќе продолжи да биде спортски пример […]

Луан Мулиќи со „Ерос“ во Чифте амам на 6 септември


На 6 септември 2022 г., во објектот Чифте амам, во 19 ч. ќе биде отворена изложба на скулптури на Луан Мулиќи, професор и член на Косовската академија на науките и уметностите. Еротската уметност е широко поле во визуелните уметности, вклучително и скулптурата како уметничко дело, но и усната и пишаната култура воопшто. Еросот како тема, […]

МОН: Учениците нема да учат од скрипти, материјали ќе се поделат пред 1 септември


Дистрибуцијата на новите материјали за учење кои ги подготви Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието, наменети за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение за предметите за кои се изготвени нови наставни програми е во тек и ќе се заокружи пред почетокот на учебната година. Учениците нема […]