„Кум“- новиот прстен на Дрејк е екстраваганција со 13 дијаманти


  САД- Раперот Дрејк, добитник на Греми неодамна го ангажира њујоршкиот златар Алекс Мос за да дизајнира нов блескав прстен . Прстенот  е со симболично име „Кум“ по еден од најдобрите филмови на сите времиња на Френсис Форд Копола, „Кум“ од 1972 година. 18-каратниот прстен од бело златосодржи 12 блескави  овални дијаманти кои опкружуваат еден […]

Кејт Мидлтон ќе игра тенис со Роџер Федерер за добротворни цели


  Англија- Кејт Мидлтон и тениската легенда Роџер Федерер следниот месец ќе излезат на теренот во име на добротворни цели. Двајцата ќе бидат домаќини на ден на тенис во Лондон во септември за да соберат средства и да ја промовираат свеста за две добротворни организации кои се многу важни за војвотката од Кембриџ: Акција за […]

Поради санкциите Русија стана трет по големина пазар за плаќања во јуани


  Белгија–  Русија се искачи на листата на земји што користат јуани за меѓународни плаќања, јавија западни медиуми. Ако не се брои самата Кина, пред Москва се само Хонг Конг и Велика Британија, според објавените податоци. Пред почетокот на руската инвазија на Украина во февруари, Русија воопшто не се појавуваше на списокот на земји што […]

На „Табановце“ се чека 40 минути, на „Богородица“ половина час


На ГП „Табановце“ се чека од 30 до 40  минути, а на ГП „Богородица“ околу 30 минути за влез и излез од државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Интензитетот на сообраќај на патните […]

Фејсбук и Инстаграм отстранија сметки на антиваксерска организација предводена од Роберт Кенеди Јуниор


  САД– Компанијата Мета,   сопственик на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, ги отстрани од тие платформи сметките на влијателната американска антиваксерска организација „Заштита на здравјето на децата“, предводена од Роберт Кенеди Јуниор, внук на убиениот претседател Џон Кенеди. Организацијата ја критикува безбедноста на вакцините против Ковид-19. Мета објави дека ги отстранува сметките поради постојано прекршување на […]

Оскаровци и ѕвезди- во Битола почнува фестивалот на кинематограферите од светот „Браќа Манаки“


  Кинематограферите од светот од денеска до 26 август ќе бидат на Фестивалот „Браќа Манаки“ чие 43. издание ќе се реализира во битолскиот Центар за култура, Офицерски дом, кино „Манаки“ и летна тераса на КИЦ-Битола. Свеченото отворање е закажано за вечер во 21 часот во големата сала на НУ Центар за култура каде ќе биде […]

Концерт во спомен на маестро Александар Џамбазов на „Охридско лето“


  Во чест на македонскиот диригент и композитор Александар Џамбазов, ревискиот оркестар на Љупчо Мирковски вечер на сцената Долни Сарај ќе одржи концерт „Музиката на Александар Џамбазов“, во рамки на 62. издание на фестивалот „Охридско лето“. Солисти на вечерта ќе бидат пијанистот Бобан Мирковски, сопранот Наде Талевска и тенорот Ѓорѓи Цуцковски, под диригентската палка на […]

Почнува јубилејната 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик


  Во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид денеска на пладне свечено ќе биде отворена јубилејната 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, што ќе трае до 2 септември. Како што информираат од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Уиниверзитетот „Св. Кирил и […]

Портрет на Лидија Димковска на 34. Поетска ноќ во Велестово


Триесет и четвртата Поетска ноќ во Велестово ќе почне вечерва на сретсело, со почеток во 21 часот, со поетскиот портрет на македонската поетеса Лидија Димковска, а ќе заврши на 21 август. Манифестацијата ќе се одржи на неколку локации во село Велестово и во Охрид. – Во програмата се предвидени три поетски читања на кои ќе […]

„Отворен ден“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје


    Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” (УКИМ) во Скопје денеска организира „Отворен ден”. Настанот ќе се одржи во просториите на секој од факултетите во два термина, од 10 до 12 и од 12 до 14 часот, на кој ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера, информираат од УКИМ. – „Отворениот ден на […]

Повредена мечка на потегот Јанче- Ростушки Мост, може да биде агресивна


Националниот парк „Маврово”  доцна синоќа на официјалната Фејсбук страна објави  информација за повредена мечка на делницата Дебар – Маврово, на  потегот помеѓу село Јанче и Ростушки мост,  која би можела да биде агресивна откако ја удрил автомобил. – Ве известуваме дека вечерва на потегот помеѓу с. Јанче и Ростушки мост од страна на автомобил е повредена […]

Министерот Спасовски во посета на Крушево


  Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе престојува во работна посета во Крушево. Како што информираат од МВР, Спасовски ќе го посети ОВР Крушево и ќе оствари работна средба со неговото раководството, а ќе се сретне и со крушевскиот градоначалник Томе Христовски. Министерот Оливер Спасовски вечерта ќе присуствува и на свеченото отворање на […]

Мал процент на откажани летови на македонските аеродроми, зголемени трошоците за патување


На аеродромите во државава има откажани летови, но процентот е мал и ситуацијата не е толку изразена како на европските, каде што обемот на дневно ниво е далеку поголем. Од ТАВ Македонија велат дека состојбата од европските аеродроми се прелева, но кај нас не е толку драматично и оти немаат проблеми со капацитетите на двата […]

Сончево и многу топло


  Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот ќе има зголемена облачност, локално со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Максималната температура ќе биде […]

Астрономски календар


  Денеска е петок, 19 август 2022 година, 226-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 139 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 44 минути, а ќе зајде во 19 часот и 30 минути. Денов трае 13 часа и 46 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе […]

Големо невреме во Европа, се зголемува бројот на загинати, погодени и земји во регионот


  Најмалку тринаесет лица загинаа во силните бури што денеска погодија делови од Европа. Две деца на возраст од четири и осум години загинаа во јужна Австрија кога дрвја паднаа во близина на езеро во Корушка. Десетина луѓе се повредени, од кои некои потешко. Три лица загинаа кога дрво падна уште на север, во Долна […]

Цената на гасот во ЕУ е седум пати повисока отколку во САД


  Природниот гас во Европа се тргува по цени еквивалентни на околу 70 долари за милион британски термални единици (BTU), приближно седум пати повисоки од цените во САД, објави CNN, цитирајќи анализа на нафтената сметководствена компанија Lipov. Oil Associates. Еден милион британски термални единици се еднакви на 293 киловат-часови (kWh) електрична енергија. На затворањето на […]

Часовник вреден 70.000 евра украден од Левандовски и закопан во близина на базата на Барселона


Полскиот фудбалер Роберт Левандовски кој сезонава ја засили Барселона, денес попладне имал непријатна случка. Му бил украден часовник вреден 70 илјади евра. Додека возел кон клупската база на закажаниот тренинг, повеќе навивачи го чекаа на кружниот тек кај тренинг комплексот. Според еден очевидец, крадецот ја отворил совозачката врата од автомобилот, со намера да украде мобилен […]

Битиќи: Оваа сезона не би требало да има рестрикции на струјата


  Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи е уверен дека до крајот на годинава, но и во текот на целата грејна сезона не би требало да има рестрикции на електричната енергија, освен, како што вели ако не се случи некоја непредвидена хаварија. Најавените мерки за штедење на струјата, нагласува, се за намалување на притисокот […]

За време на пандемијата државните институции купиле 150 луксузни возила


Државната комисија за спречување на корупција на денешната седница меѓу другото расправаше и за злоупотребите на институциите за време на пандемијата, главно за купените службени автомобили од страна на државните институции.Податоците со кои располага комисијата се загрижувачки. Претседателката Билјана Ивановска од Антикорупциска вели дека не се само два автомобили кои беа познати во јавноста, туку […]