Русите го обновуваат театарот во Мариупол, сакаат да го скријат злосторството


  Руските сили го обновуваат театарот во Мариупол во Украина за да ги прикријат воените злосторства, вели советник на градоначалникот на тој град. Петро Андрушченко рече дека Русите го обновувааѕ театарот под велот на реконструкција заради историска вредност. „Окупаторите го кријат своето воено злосторство. Се брзаат со реконструкцијата за да ги прикријат сите докази и […]

Гори научниот центар за хирургија во Москва


Пожар утринава избувна во објектот на Националниот истражувачки центар за хирургија Петровски во Москва и установата беше евакуирана, јавува агенцијата ТАС С, повикувајќи се на доверлив извор во Министерството за вонредни ситуации на Руската Федерација. Во извештајот на руската новинска агенција, се наведува дека Националната служба за вонредни состојби потврдила дека пожарот избувнал на 11-ти […]

НАСА: По 50 години повторно летаме на Месечината


Тимовите за лансирање во вселенскиот центар Кенеди во Флорида ги завршија последните подготовки пред денешното планирано полетување на првиот пробен лет на гигантската ракета Артемис 1 од новата генерација, како дел од програмата на НАСА од Месечината до Марс, 50 ​​години по eрата на Аполо, објави НАСА. Претставниците на НАСА потврдија дека изгледа дека сите […]

По 180 години Гибралтар официјално доби статус на град


По 180 години откако беше прогласен за прекуморска територија на Обединетото Кралство, Гибралтар денеска официјално доби статус на град. Британската прекуморска територија аплицираше за статус на град претходно оваа година во рамки на платинестиот јубилеј на кралицата, но кога истражувачите го разгледаа Националниот архив, открија дека тој веќе бил признат како град во далечната 1842 […]

Османи ќе учествува на Бледскиот стратешки форум


  Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска и утре ќе престојува во Словенија, каде што ќе учествува на традиционалниот 17-ти Бледски стратешки форум насловен „Владеење на моќта или моќта на правилата“.   Годинашниот форум ќе биде посветен на дискусиите за кризата на мултилатералниот поредок,  последиците од руската агресија врз Украина и одговорот на меѓународната […]

Зголемени цените на нафтата поради можно намалување на производството од ОПЕК


Австрија– Цените на нафтата на светските берзи пораснаа минатата недела бидејќи ОПЕК може да го намали производството за да ја балансира понудата и побарувачката. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се зголеми за 4,4 отсто, на 100,99 долари, додека на Цените беа поддржани од пораките од Саудиска Арабија дека водечките производители би можеле […]

Тејлор Свифт ја освои главната „Ем-ти-ви“ награда и објави нов албум


  САД– Тејлор Свифт ги изненади обожавателите на видеомузичките „Ем-ти-ви“ награди за 2022 година со објавување сосем нов албум во говорот откако ја освои главната награда на вечерта. Мегаѕвездата ги зеде одличјата за најдобар видеоспот и долг видеоспот, за „All Too Well“. – Почестена сум што ме препознаваат покрај такви неверојатни уметници и режисери. Првпат […]

Борел против целосна забрана за влез на руски државјани во ЕУ


  Белгија – Високиот претставник за надворешна политика на Европската унија Жозеп Борел синоќа изјави дека целосната забрана за влез на Руси во Унијата „не е добра идеја“, по медиумските извештаи дека земјите-членки се подготвуваат да го суспендираат визниот договор со Москва. – Не сум за запирање на издавањето визи за сите Руси, изјави Борел во […]

Гроси: Тим експерти на МААЕ се упати кон окупираната нуклеарка Запорожје


  Австрија– Тим експерти на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) се упати кон окупираната нуклеарка Запорожје, што се наоѓа во јужниот дел на Украина, изјави генералниот директор Рафаел Гроси, јави ДПА. „Дојде денот, мисија за поддршка и помош на Запорожје, од страна на МААЕ, сега е во тек“, напиша тој на Твитер. Како што пишува […]

Во Белград демонстранти маршираа против Европрајд


Србија– Илјадници противници на Европрајд, што требаше да се одржи во Белград во септември, протестираа синоќа и покрај изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека настанот ќе биде „откажан или одложен“. Во Белград, парадата на гордоста требаше да се одржи на 17 септември, но Вучиќ во саботата изјави дека ќе биде „откажана или одложена“. Неделниот […]

Подготвен „Национален план“ за стабилно снабдување со храна од домашни извори и во соработка со партнерите од „Отворен Балкан“


  Пред почетокот на заедничкиот самит на храна и вино што во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ ќе се одржи во Белград од 1 до 4 септември, Северна Македонија продолжува со интензивирање на домашната агенда со која се стимулираат националните капацитети за производство на храна, промовирање на македонската традиција и намалување на увозната зависност. Премиерот […]

Пратениците се враќаат на работа


  Пратениците утре официјално започнуваат со работа по годишните одмори. Претседателот на Собранието Талат Џафери, според најавите, утре ќе одржи средба со потпретседателите на Парламентот и со координаторите на пратеничките групи на која треба да се договори динамиката на работа за неделава и периодот што доаѓа. Засега на веб – страната на Собранието нема закажани […]

Без вода дел од корисниците на улица „Мирче Ацев“ во Центар


Прекин на водоснабдувањето утрово од 09:00 часот ќе имаат корисниците на дел од улицата „Мирче Ацев“ во Општина Центар. ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека корисниците ќе бидат без вода поради реконструкција на водоводна мрежа ф-80мм на улица „Мирче Ацев“ бб, во близина на основното училиште „11 Октомври“. 

На ГП Табановце за излез се чека половина час


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е умерен. На ГП  Табановце, за излез од државата чекањето е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Од 18.08.2022 до 12.09.2022 […]

Претпладне сончево, од пладне нестабилно со пороен дожд и грмежи


  Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со поинтензивни процеси во форма на невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени. Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала […]

Астрономски календар


  Денеска е понеделник, 29 август 2022 година, 236-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 129 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 54 минути, а ќе зајде во 19 часот и 14 минути. Денов трае 13 часа и 20 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе […]

Како Ново Лисиче ја слави Голема Богородица (Галерија)


Пред повеќе од петнаесет години во Ново Лисиче, направено е мало црквиче, меѓу, популарно наречените, трите кули, посветено на Голема Богородица. Од тогаш, секоја година, новолисичани на овој голем црковен празник се собираат околу црквичето, а се прави и голема прослава. Реки народ се слеваат кон малото црквиче, палат свеќа, се прекрстуваат, купуваат и палат […]

Врачени највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата


  Кенсаку Таникава, син на лауреатот на 61. издание на Струшките вечери на поезијата, јапонскиот поет Шунтаро Таникава во име на својот татко вечерва на Мостот на поезијата во Струга го прими највисокото фестивалско признание „Златен венец“. Во рамки на свеченоста наградата „Златен венец“ му беше врачена и на лауреатот од 2020 година, израелскиот поет […]

Втора победа за македонските кошаркари во претквалификациите за Евробаскет 2025


  Македонската кошаркарска репрезентација ја победи Словачка со 79:75 во 2. коло од претквалификациите за Евробаскет 2025. Во најголем дел од натпреварот одигран вечерва во СРЦ „Кале“ во Скопје, гостите беа во водство, но „црвено-жолтите“ беа упорни и на три минути до крајот семафорот покажуваше 69:69. Следуваше серија од 7:0 за конечна победа на македонската […]

Земјотрес во БиХ од 3,2 степени според Рихтер, се почувствува и во Хрватска


Денеска во 18:50 часот се почувствува земјотрес во Босна и Херцеговина, епицентарот на земјотресот бил во градот Билеќа, во југоисточниот дел на Босна и Херцеговина. Се наоѓа на 20 километри источно од Столац. ЕМСЦ соопшти дека земјотресот бил со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот го почувствувале и жителите на дубровничката област, за […]