Русите го обновуваат театарот во Мариупол, сакаат да го скријат злосторството


 

Руските сили го обновуваат театарот во Мариупол во Украина за да ги прикријат воените злосторства, вели советник на градоначалникот на тој град.

Петро Андрушченко рече дека Русите го обновувааѕ театарот под велот на реконструкција заради историска вредност.

„Окупаторите го кријат своето воено злосторство. Се брзаат со реконструкцијата за да ги прикријат сите докази и траги. А сето тоа под велот на „историска вредност““, вели Андрушченко, пренесе Гардијан.

„Единствена историска вредност која ја направија е што фрлија две бомби. И токму историската вреднсот сега окупаторите се обидуваат да ја скријат“, вели тој.

Руската војска го нападнаа театарот во март, при што загинаа околу 300 луѓе кои во него се криеја од нападот.