Гори научниот центар за хирургија во Москва


Пожар утринава избувна во објектот на Националниот истражувачки центар за хирургија Петровски во Москва и установата беше евакуирана, јавува агенцијата ТАС С, повикувајќи се на доверлив извор во Министерството за вонредни ситуации на Руската Федерација.

Во извештајот на руската новинска агенција, се наведува дека Националната служба за вонредни состојби потврдила дека пожарот избувнал на 11-ти кат, на површина од околу 60 метри квадратни.

– Интервенцијата на пожарникарите е во тек –ѝ потврди изворот на ТАС С од Министерството за вонредни состојби, пренесува Тасс.

Се наведува дека се спасени вкупно 30 лица, а 10 од нив се евакуирани. Нема информации за жртви.