Попладне дождливо и опаѓање на температурите, од недела потопло


Во текот на денот, најпрвин во западните, а попладне и во текот на ноќта и во останатите подрачја на земјава, ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни, од 10 до 20 литри на метар квадратен. Како што информира УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, […]

Мендух Тачи доби уште еден мандат како претседател на ДПА


  Демократската партија на Албанците (ДПА) информираше дека денеска на конгрес на партијата го реизбрала Мендух Тачи за претседател. Осмиот конгрес беше одржан во Тетово. „Воедно, беше одобрена и резолуцијата преку која и ДПА се обврзува да преземе конкретни активности за тоа да се измени уставниот член во кој е предвидено дека ‘друг јазик што го зборуваат најмалку 20 […]

Во бункерот на Борис Џонсон: „Сѐ заврши во солзи“


  Тимот на Борис Џонсон денеска беше во солзи откако премиерот конечно призна дека останал без опции по 48 часа опсада на Даунинг стрит. За самиот лидер на ториевците се вели дека бил „сангвистичен“ наместо лут или вознемирен кога тој и неговиот тим препознале дека „пробале сè“ околу 8,30 часот. Во текот на претходните два […]

Заврши соработката меѓу Алијансата и ВМРО-ДПМНЕ


  Вчерашниот инцидент кај Старата чаршија во Скопје и инстантното разрешување на градоначалничката на на Скопје на директорот на „Комунална хигиена“, кадар на Алијансата за Албанците, доведе до прекин на соработката на опозициската партија со ВМРО-ДПМНЕ. Алијанса за Албанците соопшти дека ја прекинува соработката со, како што велат, сите политички субјекти кои не ја рефлектираат […]

Надал се повлече од Вимбдлон поради повреда, Кириос автоматски се пласира во финалето


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал одлучи да се повлече од Вимблдон поради повреда. Во текот на денешниот ден Шпанецот имаше лесен тренинг од 45 минути, по што одлучи дека нема да може да учествува во полуфиналето на турнирот. Претходно беше објавено дека 36-годишниот Шпанец го одиграл четвртфиналниот натпревар против Американецот Тејлор Фриц со повреда на стомачниот […]

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи какви било уставни измени


Силно ве уверувам дека ВМРО ДПМНЕ нема да поддржи какви било уставни измени, порача вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред почетокот на протестот за отфрлање на францускиот предлог за деблокада на евроинтеграциите на државава. -Денеска ја добивме информацијата дека Владата одлучила  преговарачката рамка и оној втор документ којшто претставува заклучоци на Советот коишто се […]

Ниедна земја што почнала преговори немала гаранции, смета Никола Попоски


  Поранешниот шеф на македонската дипломатија Никола Попоски смета дека францускиот предлог воопшто нема гаранции, но тоа, како што рече, може да се релативизира. „Ниту една земја членка кога го почнала процесот немала такви гаранции, единствена гаранција била – ќе станете земја членка. Кога – не се знае, во која форма – не се знае, […]

Путин ги предизвика западните земји да се обидат да ја поразат Русија на бојно поле


Ако западните земји сакаат да ја победат Русија, нека се обидат да го сторат тоа. Ова го изјави рускиот претседател Владимир Путин за време на средбата со лидерите на пратеничките групи во Долниот дом на рускиот Парламент. „Денес слушаме дека сакаат да не поразат на бојното поле. Што да кажам на тоа? Нека се обидат!“, […]

Од утре блокади низ цела држава против францускиот предлог


Блокади низ целата држава од утре со почетокот во 13 часот, беа најавени вечерва од протестот пред Собранието со кој веќе шести ден се бара отфрлање на францускиот предлог за кревање на бугарското вето и деблокада на македонските евроинтеграции. На протестот, кој засега се одвива мирно и без инциденти, се бараат оставки од Владата која, […]

На 82 години почина Џејмс Кан, ѕвездата на „Кум“ и „Мизери“


  САД –  На 82-годишна возраст почина американскиот актер Џејмс Кан, ѕвезда на филмовите „Кум“ и „Мизери“, соопштија денеска неговите роднини и неговиот менаџер. „Со голема тага ве известуваме дека Џими почина вечерта на 6 јули. Семејството го цени изливот на љубов и искреното сочувство и бара да продолжите да ја почитувате неговата приватност во […]

Нов бран на Ковид-19 во Европа, варијантите BA.4 и BA.5 ќе станат доминантни на континентот


Висок функционер на Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска изјави дека во многу земји во ЕУ има нов бран на инфекции со Ковид-19 поттикнат од високо преносливи мутации на Омикрон сојот на вирусот. Марко Кавалери од ЕМА во онлајн обраќање до новинарите нагласи дека мутациите на омикрон BA.4 и BA.5 се очекува да станат доминантни […]

Лицето со пиштол идентификувано од полицијата


Денеска полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни деликти при СВР Скопје во полициска станица извршија службен разговор со С.Р.(34) од Скопје, кој беше идентификуван од страна на полицијата како лице кое за време на инцидентот во близина на споменикот Скендербег држел пиштол во раката, но не го употребил. Пиштолот ќе […]

Кривични пријави за фрлачот на „молотови коктели“ и за напаѓачот од Скендербег


 Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје денеска до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава по брза постапка против Ј.С.(18), поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, казниво по член 385 од Кривичниот законик. Како што соопштија од МВР, […]

Францускиот предлог во Собранието, седницата се уште незакажана


Францускиот предлог стигна до Собранието откако Владата на денешната седница го разгледа и го испрати до законодавниот дом. Во соопштението од кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, велат дека до нив е стигната „Информација за содржината на предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со ЕУ, предложена од страна на Претседателството на Франција со […]

Како изгледа недоградениот автопат Кичево – Охрид се уверија Бочварски и Рустеми


Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Рустеми, извршија увид во градежните активности на автопатската делница Кичево – Охрид. Посетата ја искористија да направат обикола на целата траса и одблизу да се запознаат со градежните активности за изградба на овој автопат. Должината на оваа автопатска делница […]

Министерот Спасовски повика на свесност и одговорност во протестите


Очекувам сите политички партии да бидат на ниво на својата одговорност и да повикаат на мирни протести. Заеднички да го сочуваме достоинството на нацијата, а притоа да се спречат немири кои би значеле нови поделби на штета на граѓаните и државата, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во пресрет на најавениот протест за вечерва, […]

Шефицата на ММФ Георгиева вели дека „не може да исклучи“ можна глобална рецесија


Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, изјави дека изгледите за глобалната економија „значително се затемниле“ од април и дека не може да ја исклучи потенцијалната глобална рецесија следната година со оглед на зголемените ризици. Георгиева во интервју за Ројтерс рече дека ММФ во наредните недели по трет пат годинава ќе ја намали прогнозата […]

Стил во фокусот: Амбасадорката Кејт Брнз  во женствено издание


  Американската амбасадорка во Македонија , Кејт Мари Брнз, синоќа, на свеченоста во Американската амбасада по повод 246-годишнината од независноста на САД, ја видовме во најженствено издание досега. Во убав летен фустан, во боите на американското знаме, со перфектна фризура и шминка, и прекрасна насмевка која не и се симнуваше од лицето,  ги пречекуваше гостите […]

Дваесет и четиригодишно момче почина по пад при градежни работи


Починал дваесет и четиригодишен кичевчанец кој паднал при изведување градежни работи со градежна машина во дворот на Н.Г.(69)  од селото Србица. -Во ОВР Кичево вчера во 17.40 часот било пријавено дека Ј.Е.(24) од кичевското село Зајас, при изведување градежни работи со градежна машина во двор сопственост на Н.Г.(69)  од селото Србица, паднал и се здобил […]

Русите за четири месеци купиле недвижнини во Црна Гора од 20 милиони евра


 Со 41,6 милиони евра директни инвестиции, Русија е најголем инвеститор во Црна Гора во првите четири месеци годинава. Половина од сумата, 20 милиони, Русите ја вложиле во купување недвижнини, покажуваат податоците на Централната банка, објави весникот Побједа. За четири месеци годинава во Црна Гора имало вкупно 306,47 милиони евра странски директни инвестиции. Тоа е за […]