Хрватска му забрани на Вучиќ да го посети Јасеновац, остри реакции во Србија


Српскиот претседател Александар Вучиќ планирал денеска приватно да ги посети Јасеновац и Пакрац, но хрватските власти нема да му дозволат да влезе во земјата, пишува Јутарњи лист повикувајќи се на извори блиски до хрватската влада, јави дописникот на МИА од Белград. Премиерката Ана Брнабиќ одлуката на хрватската Влада да му забрани на српскиот претседател приватна посета на […]

Потпишан протоколот меѓу Македонија и Бугарија, содржината ќе се знае во вторник


  Во Софија денеска министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска го потпишаа билатералниот протокол по состанокот на заедничката меѓувладина комисија. Според најавите, протоколот треба да биде објавен по неговото потпишување. Покрај министерот Османи, во состав на македонската делегација се вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за […]

Портокалово предупредување за екстремни горештини во Англија


Во Англија и делови од Велс денеска стапи во сила портокалово предупредување за екстремни горештини, додека Велика Британија се подготвува за рекордно високи температури. Како што јавува Би-Би-Си, британската метеоролошка служба ќе го прошири предупредувањето на јужна Шкотска од понеделник до вторник, додека метео предупредувањето во Англија за првпат ќе биде подигнато на црвено ниво. Сообраќајните власти во Лондон […]

(Видео) Керли е новиот светски шампион на 100 метри, тројна победа за Американците


Американецот Фред Керли победи на 100 метри со 9,86 секунди на Светското првенство во атлетика во Јуџин, САД, додека олимпискиот победник во оваа дисциплина Марсел Џејкобс од Италија поради повреда се откажа на полуфиналето. Американците ги „освоија“ 100 метри затоа што ги освоија сите медали, во финалето имаше четворица претставници на САД, од кои тројца […]

Киев: Русија се подготвува за следната фаза од офанзивата во Украина


Русија се подготвува за следната фаза од офанзивата против Украина, изјави денеска украински воен претставник, откако Москва објави дека руските вооружени сили ќе ги интензивираат воените операции во „сите оперативни области“. Киев тврди дека руски ракети и проектили гаѓале украински градови во последните денови, а во нападите се убиени десетици луѓе. – Тоа не беа само ракетни напади од […]

Протоколот, можеби, нема да биде познат ни денес


  Македонскиот министер за надворешни работи некаде околу 9 часот по македонско време дојде во бугарското министерство за надворешни работи на разговори со неговата бугарска колешка Теодора Генчовска по кои треба да се потпише двостраниот протокол меѓу двете земји. Со овој протокол треба да се конкретизираат мерките од Договорот за добрососедство од 2017 година и […]

Авионот што се урна кај Кавала носел осветлувачки и школски мини за Бангладеш


Украинскиот товарен авион кој полетал од Србија и се урна во близина на Кавала во оГрција, носел осветлувачки и училишни мини во Бангладеш и ги имал сите дозволи, изјави денеска српскиот министер за одбрана Небојша Стефановиќ.  – Авионот полета во 20:40 часот. Нарачателот беше Министерството за одбрана на Бангладеш и летот имаше рута. Тргна од […]

Унгарија: Петти ден протести поради новите даноци на Орбан


  Илјадници луѓе протестираа во Будимпешта во саботата по петти ден по ред против владата на Виктор Орбан, додека гневот се продлабочува поради даночните промени кои критичарите велат дека ќе им наштетат на малите бизниси. Унгарците излегоа на улиците откако парламентот во вторникот ја одобри промената на законот што ќе влијае на стотици илјади сопственици […]

Во Софија денес потпишување на билатералниот протокол


  По изгласувањето на заклучоците за францускиот предлог во македонското Собрание и одобрувањето на предлогот од страна на македонската Влада, Северна Македонија по 17 години ќе ги отпочне претпристапните преговори со Европската Унија. Меѓувладината конференција, според најавите, ќе се одржи во вторник во Брисел, а премиерот Димитар Ковачевски најави дека отварачката изјава ќе ја прочита […]

Поранешен шеф на украинското разузнавање уапсен за предавство на Крим


Украинските сили го уапсија поранешниот шеф на Службата за безбедност на Украина (СБУ) Олег Кулинич, кој е обвинет за предавство, пренесува „Украинска правда“. По апсењето, СБУ објави дека една од нејзините главни задачи е да ги спречи обидите на Русија да ја прошири својата мрежа на агенти меѓу украинските државни службеници. – Во вакви случаи […]

Над 7 000 предмети од пензионираните судии прераспределени, нови кадри од декември


Над 7 000 предмети од десет судови низ државава во кои неодамна се пензионираа поголем број на судии се прераспределени кај други судии и се веќе во работа, покажува анализата на МИА. Нови судии Судскиот совет најавува во декември, а според систематизацијата, испразнети се 200 судиски места. Претседателката на Уставен суд, Добрила Кацарска за МИА […]

Бесплатни стоматолошки услуги за 300 социјално ранливи граѓани


Стоматолошкиот  факултет – Скопје при УКИМ на вкупно 300 социјално ранливи граѓани (150 мажи и 150 жени) ќе им овозможи бесплатни услуги – лекување и екстракција (вадење) на заби, дентални реставрации, ендодонтски третман, протетичка рехабилитација и флуор профилакса. Пациентите најпрво ќе бидат индивидуално, темелно прегледани, а потоа ќе добијат и соодветни термини – кога точно […]

Гости прв пат гледаат и слушаат за рало


Бројни гости од земјава и од странство прв пат гледаат и слушаат за рало, со кое во минатото се орала почвата. Ова старо рало е експонат во музејот во Демир Капија. Цветанка Тодоровска Митрева, виш кустос археолог, за МИА рече дека секој од експонатите од музејската поставка, има своја приказна. Заедничко за многу од нив, […]

Претпладне сончево, попладне наместа дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде претпладне сончево, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ ќе биде 8. Во Скопје, сончево со […]

Извлечени српските туристи заглавени во стрмен планински предел во северна Албанија


Спасувачките екипи успеаја да ги извлечат српските туристи кои беа заглавени во стрмен планински предел во подрачјето на северниот албански град Тропоја. Исто така извлечено е и мртвото тело на српскиот турист Ѓ.С., кој најверојатно починал како последица на срцев удар. Како што јави АБЦ њуз екипа на косовската планинска служба за пребарување и спасување, […]

(Видео) Вечерва авион кој летал од Србија се урна во Грција


Авионска несреќа се случи пред кратко време во вечерва во близина на грчкиот град Кавала, јавуваат грчките медиуми. Според првите информации, леталото што се урнало било од типот Антонов и пилотот побарал од него итно да слета во Кавала, но не успеал. Екипите на ЕМАК од Солун и Комотини пристигнале на местото на настанот, додека […]

Борисов: Честитки за мудрата и одговорна одлука да го прифатите францускиот предлог


Лидерот на најголемата опозициска партија во бугарското Народно собрание ГЕРБ Бојко Борисов им честиташе на пратениците во македонскиот Парламент за прифаќањето на францускиот предлог. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов во објава на „Фејсбук“ упатуи честитки за мудрата и одговорна одлука на македонското Собрание со која се отвораат вратите за почеток на […]

Познати деталите од Протоколот со Бугарија


Содржина на протоколот утре ќе биде финализирана и потпишана од министрите Бујар Османи и Теодора Генчовска, како записник од меѓувладина конференција која ќе се одржи во Софија. Делот со реципроцитет за обврски за двете држави го опфаќа и делот околу борбата против говорот на омраза. Предвидено е заедничко чествување на историски ликови и настани, како и промена на […]

Најдоминантните жени во хороскопот


Астролозите веруваат дека припадничките на овие хороскопски знаци владеат во секоја врска. Некои жени уживаат да бидат одговорни и да владеат во нивните односи, верувајќи дека се во позиција на авторитет и дека имаат право да покажат доминантно однесување кон другите поединци во нивниот живот. Според астрологијата, жените родени во овие четири хороскопски знаци припаѓаат […]

Макрон: Македонското собрание направи одлучувачки избор


  Во редицата европски и американски политичари кои го поздравија днешното гласање во македонското Собрание вечерва се вклучи и францускиот претседател Емануел Макрон. Тој изјави дека Франција ќе застане зад Македонија на првата меѓувладина конференција. „Со суверено гласање денес за предлогот што го даде Франција пред крајот од нејзиното претседавање со Советот на Европската унија, […]