(Видео) Министерот Бујар Османи го претстави протоколот меѓу Македонија и Бугарија


Проследете го брифингот на министерот за надворешни работи Бујар Османи, по враќањето од Софија, каде што беше потпишан билатералниот протокол меѓу Македонија и Бугарија по состанокот на заедничката меѓувладина комисија.

Пиво за сончогледово масло? Паб во Минхен најде начин како да обезбеди залихи за пржење шницли


Еден паб во Минхен најде нов начин да го надмине недостигот на масло за јадење во Европа – дозволувајќи им на клиентите да го платат своето пиво со сончогледово масло и така да обезбедат обилни залихи за пржење шницли. Со оглед на тоа што Украина и Русија сочинуваат околу 80 отсто од глобалниот извоз на […]

Во Италија откажани повеќе од 200 летови поради штрајк


Повеќе од 200 летови се откажани денеска во Италија поради четиричасовниот штрајк на вработените на аеродромите и авиокомпаниите. Имаше откажани летови во Италија, но и голем број откажувања кон Франкфурт, Париз, Лондон и Цирих. Неколку италијански синдикати свикаа штрајк, што влијаеше на италијанскиот авиопревозник ЕНАВ, како и на авиокомпаниите Рајанер, Изи Џет и Волотеа. Како […]

Генчовска: Бугарија не може да ги обврзе членките на ЕУ да го прифатат нашиот став за јазикот


Дваесет и шест земји-членки на Европската унија имаат свои позиции во однос на официјалниот јазик на Република Северна Македонија, а Бугарија не може да ги обрзе да го прифатат нивниот став. Ова денеска го истакна Министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска за време на прес-конференцијата по потпишувањето на билатералниот протокол меѓу Бугарија и […]

Земјотрес од 3,4 степени по Рихтер почувстуван во Македонија


Попладнево беше почувствуван земјотрес во Прилеп, Битола и околината со магнитуда од 3.4 степени по Рихтерова скала. Од Телеметриската сеизмолошка мрежа информираат дека земјотресот потекнува од епицентрално подрачје Мрежичко-Кавадарци. Според Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала се случи во 15:40 часот. Епицентарот на земјотресот […]

Закана од недостиг на гас во Германија во следните две зими


Заканата од недостиг на гас ќе надвисне над Германија во следните две зими, изјави денеска директорот на германската Федерална агенција за енергетска мрежа Клаус Милер. Тој рече дека дури и ако Русија престане да ја снабдува Германија со природен гас, други земји како Норвешка, Холандија и Белгија би можеле да помогнат да се надомести недостатокот. […]

Лажна дојава за бомба ја испразни плажата во Чањ


Кафе бар на плажа во црногорскиот град Чањ добил анонимна дојава за поставена бомба денеска, пренесува подгорички „Вијести“. „Бич бар“ и плажата каде што се наоѓа се евакуирани, а полицијата го обезбедува местото на настанот. Анонимната дојава за бомба во бар на плажа во црногорското летувалиште Чањ била лажна. Припадниците на Антитерористичиот тим (АТТ) извршиле […]

Аријан Ибраим единствен кандидат за градоначалник на Центар Жупа


Актуелниот градоначалник Аријан Ибраим, е единствен кандидат, на, по вторпат повторените избори, за градоначалник на општина Центар Жупа, што ќе се одржат на 20 август. -До Општинската изборна комисија пристигна само една кандидатура, која е и потврдена од наша страна. Тоа е кандидатурата на Аријан Ибраим од Турската демократска партија. Сакам да напоменам дека како […]

Киев потврди дека сите членови на екипажот на авионот што се урна во Грција биле Украинци


Сите членови на екипажот на украинскиот транспортен авион Антонов-12 што се урна во северна Грција се државјани на Украина, соопшти денеска портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко. Тој на својот Фејсбук профил соопшти дека прелиминарната причина за несреќата во која загинаа сите членови на екипажот е дефект на еден од моторите. Тој додаде дека по инструкции […]

Генчовска: Позицијата на Бугарија за македонскиот јазик останува непроменета


Министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска за време на прес-конференцијата по потпишувањето на билатералниот протокол меѓу Бугарија и Северна Македонија, истакна дека во билатералните односи, Бугарија не го признава официјалниот јазик на Северна Македонија. – Бугарија не отстапува во однос на ставот за официјалниот јазик на Република Северна Македонија. Целосно ја почитуваме одлуката […]

Британски адмирал тврди дека во војната во Украина се убиени или ранети 50 илјади руски војници


Адмиралот на британското Министерство за одбрана, Тони Радакин изјави дека 50.000 руски војници или загинале или се ранети, и додаде дека поради тоа, украинската армија апсолутно верува дека ќе ја добие војната. – Целосно е јасно тие планираат да ја вратат целата своја територија, сведочат на Русија која се мачи, Русија за која се проценува […]

Србија ѝ упати нота на Хрватска по забраната за Вучиќ во Јасеновац


Министерството за надворешни работи на Србија, поради забраната на српскиот претседател Александар Вучиќ да го посети приватно Јасеновац, испрати нота до хрватската амбасада во Белград, која вршителот на должноста одби да ја прими, јави дописникот на МИА од Белград. Ова го соопшти министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ на вонредна прес-конференција. Министерството за надворешни и европски […]

Британско разузнавање: Русија ги зајакнува своите позиции во областите што ги зазема во Украина


Британското Министерство за одбрана денеска соопшти дека Русија ги зајакнува своите одбранбени позиции во областите што ги окупира во јужна Украина. Според разузнавачкиот извештај објавен на Твитер, руските сили преместуваат персонал и опрема и одбранбени залихи меѓу Мариупол и Запорожје, и во Херсон, притоа ги зголемуваат безбедносните мерки во Мелитопол. – Руските одбранбени потези веројатно се одговор […]

Маричиќ од Софија: Денес отворивме европско поглавје во односите со Бугарија


Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска заедно со владината делегација предводена од министерот за надворешни работи Бујар Османи присуствуваше на состанокот на меѓувладината комисија, по кој беше потпишан Протоколот. – Денес отворивме европско поглавје во односите со соседна Бугарија. За стратешките и важни прашања нема друга алтернатива освен компромисни решенија кои ја враќаат […]

Предлог-законите за ратификација на Протоколите за членство на Финска и Шведска во НАТО во собраниска процедура


Владата ги пушти во собраниска процедура одделните Предлог-закони за ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор во врска со пристапувањето на Кралството Шведска и на Република Финска, со цел да се создадат формални правни предуслови, по стапувањето во сила на Протоколите, двете земји да може да пристапат кон НАТО. Претседателот на Владата Димитар Ковачевски и членовите […]

Разорните шумски пожари се шират низ Португалија, Шпанија и Франција


Илјадници пожарникари продолжуваат да се борат со пожарите во Португалија, Шпанија и Франција, бидејќи топлотниот бран не покажува знаци на намалување, јави Би-Би-Си. Во северниот дел на Португалија, пилот загина во противпожарен авион во област во близина на границата со Шпанија. Португалските власти соопштија дека најмалку 238 лица починале од горештините во текот на изминатата […]

Заради корупцијата четири од десет млади би ја напуштиле државата


Четири од десет млади би ја напуштиле државата поради степенот на корупција, додека секоја трета млада личност смета дека токму корупцијата е главна мотивација да се приклучи и да придонесе во борбата против коруптивните дејства. Само четири проценти од младите сметаат дека ваквата состојба ги тера да станат дел од синџирот на корупцијата. Ова го […]

Генчовска ни посака успех на патот по кој долго време сме сакале да тргнеме, Османи очекува поддршка од Бугарија


Бугарија е државата која најсилно ја поддржува европската интеграција на Република Северна Македонија и Албанија. Им посакуваме успех на патот по кој долго време сакаа да тргнат. Се надевам дека со заеднички напори и со нашата поддршка ќе стигнат онаму каде што граѓаните на Северна Македонија најмногу сакаат да стигнат, а тоа е членството во […]

Се укинува надоместокот за мрежарина од фотонапонски електроцентрали за домаќинствата


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) го укина надоместокот за мрежарина при предавање на вишокот произведена електрична енергија од обновливи извори, како што се фотонапонски електроцентрали, што домаќинствата и малите потрошувачи ги имаат инсталирано, а се стекнале со статус на потрошувач-производител. – Со одлуките кои ги носиме, сакаме да ги стимулираме потрошувачите да […]

Членовите на екипажот на авионот што падна во Грција се украински државјани


Украински државјани се осумтемина членови на екипажот во карго авионот Антонов-12 што доцна синоќа се урна, откако претходно се запали, во близина на грчкиот град Кавала, а пренесувал 11,5 тони муниција од Србија наменета за Бангладеш, јави дописничката на МИА од Атина. По несреќата, во која нема преживеани, пожарот е целосно изгасен, а противпожарната служба […]