На Табановце за влез се чека до еден час, а на Богородица за излез околу 30-40 минути


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На ГП Богородица за излез се чека околу 30-40 минути, а на ГП Табановце за влез се чека околу 40-60 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез […]

Претседателот на Мексико во писмо до Бајден нуди азил за Асанж


Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор во писмо до американскиот колега, Џо Бајден, повторно понуди азил за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. – Му оставив писмо на претседателот за Асанж, каде објаснив дека тој не направил никакво сериозно злосторство, оти не предизвикал ничија смрт, не загрозил никакви човекови права, ја користел својата слобода и […]

Зеленски отпушти уште 28 вработени во Службата за безбедност на Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски отпушти уште 28 вработени во Службата за безбедност на Украина (СБУ), јави ДПА. Во своето традиционално вечерно видео обраќање, Зеленски рече дека одлуката влијае на персоналот на СБУ на различни нивоа. „Генерално, сепак, причините се – незадоволителни резултати во работата“, истакна тој. Во неделата, украинскиот претседател ги разреши шефот на СБУ […]

Владата на премиерот Џонсон го „преживеа“ гласањето за доверба


Владата на британскиот премиер Борис Џонсон синоќа го „преживеа“ гласањето за доверба што самата го свика. Членовите на владејачката Конзервативна партија ги поддржаа министрите за да избегнат распишување избори. Опозициската Лабуристичка партија побара Џонсон, кој рече дека ќе се повлече, веднаш да биде сменет како привремен лидер додека Конзервативната партија не го избере неговиот наследник […]

Во Собранието закажана 79. пленарна седница


Во Собранието на Северна Македонија за денеска е закажана 79. пленарна седница на која на дневен ред се 40-тина точки. Пратениците треба да расправаат за измените на Законот за детективска дејност, на Законот за гранична контрола и на Законот за оружје, како и за измените на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир. На […]

Изложба „Лицата на Европа“ на фотографот Александар Кондев


Во „Europe House“ вечер ќе биде отворена изложбата „Лицата на Европа“ на фотографот Александар Кондев. Александар Кондев е роден во 1950 година. Живее и работи во Скопје. Во Скопје завршува основно и средно образование, а потоа студира на Економскиот факултет. Со фотографија почнува да се занимава уште во школски денови. Членува во фото клубовите „Вардар” […]

Оркестарот на операта на Српскиот народен театар – Нови Сад вечерва на „Охридско лето“


Оркестарот на операта на Српскиот народен театар – Нови Сад, вечер ќе настапи на „Охридско лето“ под диригентската палка на Луис Горелик од Аргентина. Солист на вечерта ќе биде сопранот Марија Јелиќ од Србија. Оркестарот на операта на Српскиот народен театар во Нови Сад, како што информира националната установа „Охридско лето“, е основан на 16 […]

Сончево и топло, за викендот температури над 35 степени


Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната од 28 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје и околината слично време со минимална температура до 15 и […]

Преговорите може да почнат: ЕУ ги усвои рамките за Македонија и Албанија


  Чешкиот премиер Петр Фијала вечерва на Твитер објави дека Советот на Европската унија одлучил да ги започне пристапните преговори со Скопје и со Тирана. Чешка претседава со ЕУ до крајот на годинава. Според Фијала, ова е важен чекор во приближувањето на Западен Балкан кон ЕУ. „Ова е голем успех за нашето претседателството“, рече Фијала, […]

Фаучи: Ќе дадам оставка до крајот на мандатот на Бајден


  САД – Ентони Фаучи, главниот советник за здравство на претседателот на САД, изјави во интервју за Политико дека планира да даде оставка до крајот на актуелниот мандат на Џо Бајден. Во интервјуто објавено денеска, Фаучи изрази надеж дека политизацијата на Ковид-19 е дел од минатото. Во 2020 и 2021 година тој беше постојано критикуван […]

Пиењето алкохол нема здравствени придобивки за луѓето помлади од 40 години


Ниту една количина на алкохол не е здрава ако сте помлади од 40 години, најмногу поради смртните случаи поврзани со алкохол во сообраќајни несреќи, повреди и убиства, покажа новото глобално истражување. Меѓутоа, ако имате 40 или повеќе години и немате здравствени проблеми, новото истражување покажа дека малите количини алкохол може да го намалат ризикот од […]

Руската опозициска телевизија Дожд ја обнови работата


  Руската ТВ станица Дожд, која беше блокирана во март, бидејќи владата ги отсече независните медиуми по инвазијата на Украина, во понеделникот почна да емитува програма од странство. Во 19 часот по средноевропско време, станицата почна да емитува програма преку својот канал на Јутјуб, водена од Тихон Џјадко, уредник и главен и главен презентер на […]

„Гаспром“ објави дека поради „виша сила“ некои земји нема да добиваат гас


  Руски „Гаспром“ им кажа на клиентите во Европа дека не може да гарантира снабдување со гас поради „вонредни“ околности, се вели во писмото што го виде Ројтерс, зголемувајќи ја предноста во економскиот судир со Западот поради инвазијата на Москва на Украина. Датирано со 14 јули, во писмото од рускиот државен монопол за гас се […]

„Епл“ нуди два милиони долари ако успеете да го хакирате iOS 16


  Новата верзија на платформата iOS пристигнува со безбедносен режим, за кој Apple тврди дека е непробоен. Apple претстави нова функција за време на овогодинешниот WWDC, наречена Lockdown Mode. Функцијата пристигнува со системот iOS 16, а е наменета за борба против малициозен софтвер. Компанијата сега соопшти дека ќе понуди награда од два милиони долари, за […]

Ќе се гради колектор и станицата за третман на отпадните води во село Орман


Денеска во општина Ѓорче Петров беше презентиран проектот за изградба на колектор и станицата за третман на отпадните води во с.Орман. -Ова е најзначајна инфраструктурна инвестиција финансирана од овој прекуграничен проект со кој се воведува комплетно нова услуга за жителите од селото. Станува збор за капитален проект чие позитивно влијание е од регионална важност и […]

Протоколот не е страшило, невидена ксенофобија во Собранието: Интервју со Владо Бучковски


  Македонија почна да се искачува на европската планина, оценува поранешниот премиер  Владо Бучковски, кој беше и специјален пратеник на Владата за спорот со Бугарија. Во разговор за „Независен“ Бучковски вели дека бил свидетел на многу дебати во нашиот парламент, „но ваква мизерија немам видено.  ВМРО-ДПМНЕ демонстрираше омраза, пред сѐ кон СДСМ, но и кон […]

Премиерот Рама ќе ја предводи 25-члената албанска делегација во Брисел


  Албанија – Албанската, 25-члена владина делегација, која ја предводи премиерот Еди Рама, ќе отпатува Брисел за да учествува на утрешната прва меѓувладина конференција Албанија-ЕУ. Покрај другите во делегацијата ќе бидат и министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка, главниот преговарач Зеф Мази, како и други претставници вклучени во овој процес. Средбата ќе трае 90 […]

Земјата утре директно ќе биде погодена од соларна бура


Американска научничка предвидува дека во текот на утрешниот ден Земјата ќе биде директно погодена од соларна бура. Според д-р Тамита Сков, нашата планета ќе биде директно погодена од соларна бура во текот на утрешниот ден. Преку социјалните мрежи таа ја соопшти оваа вест покрај видео модел на предвидување на НАСА. Direct Hit! A snake-like filament […]

Путин го разреши Михаил Виноградов од функцијата руски комесар во Европскиот суд за човекови права


Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Михаил Виноградов од функцијата руски комесар во Европскиот суд за човекови права, објавено е денеска на официјалниот портал за правни информации. – Началникот на главниот оддел за меѓународна правна соработка на Генералното обвинителство на Русија, Михаил Владимирович Виноградов е разрешен од должноста овластен претставник на Русија во Европскиот суд […]

Родители нападнале другарче на нивното дете во Аеродром


Обична расправија меѓу две малолетни деца заврши со напад врз едното дете од страна на родителите на другото. Според информациите кои ги имаме во саботата во општина Аеродром две малолетни дете имале недоразбирање, при што едното дете било нападнато од родителите на друго малолетно лице, Б.А. и Е.А.. Во извештајот на Министерството за внатрешни работи […]