Џенифер Лопез или Бен Афлек – кој е побогат?


САД- Слично како буквалниот феникс истетовиран на неговиот грб, Бен Афлек стана од пепелта и од свршувачка со Џенифер Лопез повторно рече да!  Во нивната последна година заедно, овие двајца направија сè, од славењето на 52-от роденден на Џеј Ло на луксузен европски одмор (каде што во основа го поминуваа своето време разладувајќи се на […]

Луксуз во Џорџија- Каде Џенифер и Бен ќе прават голема свадба за пријателите?


  САД- Откако изненадија со брза венчавка во Лас Вегас, најпознатиот брачен пар Џенифер Лопез и Бен Афлек нема да застанат на интимна церемонија. Според TMZ, младенците планираат да подготват голема свадбена прослава на имотот на Афлек во Џорџија. И додека информациите за нивната венчавка се уште протекуваат, сите чекаат голема забава на која сигурно […]

Иран ја поддржа руската инвазија на Украина: „Да не почневте вие војна, НАТО ќе почнеше“


Рускиот претседател Владимир Путин вчера доби поддршка од иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи за инвазијата над Украина. „Војната е сурова и тешка тема и на Иран никогаш не му било драго што поради тоа страдаат обични луѓе, но во случајот на Украина да не преземевте иницијатива, другата страна по своја иницијатива ќе предизвикаше војна. […]

(Видео) Едно лице загина во експлозија на гас во станбена зграда во Кина


 Едно лице загина, а 12 се повредени во експлозија на гас во шесткатна станбена зграда во кинескиот пристанишен град Тијанџин, јавија денеска државните медиуми. Потрагата по уште три исчезнати лица продолжува. Повредите на останатите 12 спасени лица не се опасни по живот, се вели во соопштението. Експлозијата се случила околу 7:15 часот во градската област […]

Вон контрола пожарот во близина на Атина, изгорени домови, евакуирани населби


Цела ноќ траеше битката на пожарникарите со пожарот што сè уште е вон контрола во североисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а огнените јазици предизвикаа материјална штета на куќи, изгореа домови и досега беа евакуирани жителите на најмалку десет населби, јави дописничката на МИА од Атина. Шумскиот пожар избувна вчера, кусо по […]

Кина пријави 1.012 нови случаи на Ковид за 19 јули, во споредба со 776 еден ден претходно


Кинеските власти соопштија за 1.012 нови случаи на инфекција со коронавирус на 19 јули, од кои 150 биле симптоматски, а 862 асимптоматски. Според кинеската Национална здравствена комисија, првпат од 20 мај бројот на заболени дневно е над илјада. Вчера се пријавени 776 нови случаи – 237 симптоматски и 539 асимптоматски. Не беа пријавени нови смртни […]

Вонредна состојба во Велика Британија: Пожари во Лондон, рекордните температури ги деформираат железничките шини, делови од земјата без струја


Сцени како од филм за катастрофа. Во предградијата на Лондон, на истокот на градот, попладнето избувна пожар и зафати неколку куќи. Во исто време, пожарникарите гаснеа уште десет пожари во остатокот од градот. Две лица се хоспитализирани. „Сè ставаме под контрола, но службата е под голем притисок. Ја замоливме јавноста за помош во следните 12 […]

Предупредување од Белата куќа: Русија подготвува анексија на украинска територија


Русија се подготвува да анектира украинска територија и има намера да назначи нелегитимни и функционери што ѝ се блиски во подрачјата под своја контрола, соопшти Белата куќа. Портпаролот на Националниот совет за безбедност, Џон Кирби на брифинг за новинари го откри она што го нарече американски разузнавачки податоци. Според неговите зборови, Русија се подготвува и […]

Путин: Украина не ги исполни условите од мировниот договор


Рускиот претседател Владимир Путин во Техеран изјави дека Москва не ја гледа желбата на Украина да ги исполни условите од „прелиминарниот мировен договор од март“. На крајот од посетата на Иран, Путин рече дека Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати понудиле да посредуваат меѓу Русија и Украина. Украинската влада не одговори веднаш на изјавите на […]

Кризен план за најлошото сценарио – ЕУ забрзано се подготвува за можен прекин на испораките на руски гас


Земјите од ЕУ ги забрзуваат подготовките за евентуален целосен прекин на снабдувањето со руски гас, а Европската комисија денеска треба да го претстави својот кризен план. Според планот на ЕК, би се заштедиле околу 11 милијарди кубни метри гас со ограничување на греењето и ладењето во зградите, меѓу четири и 40 милијарди кубни метри би […]

Претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ на „Охридско лето“


Драмски театар Скопје со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ денеска ќе учествува на 62-то издание на фестивалот „Охридско лето“ што се одржува од 12 јули до 20 август. Претставата, работена според романот на Марк Хадон, својата премиера ја имаше на крај на минатата година. Режијата е на Зоја Бузалковска, асистент на режија е […]

САД ја ставаат Бугарија под надзор, не ја сфаќаат сериозно трговијата со луѓе


САД ја ставаат Бугарија под надзор затоа што не ја сфаќаат сериозно трговијата со луѓе, се вели во годишниот извештај на американскиот Стејт департмент за трговија со луѓе, објавен   од таа институција. Владата на Бугарија не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе, иако прави значителни напори во оваа насока, се […]

Седници на две собраниски комисии


Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност и за европски прашања. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата по скратена постапка е единствената точка на дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност. Членовите на Комисијата за европски прашања ќе расправаат за Предлог-законот за заштита на потрошувачите, […]

Почнува изградбата на малиот систем за наводнување во Теарце


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и в.д. амбасадорот на Делегацијата на ЕУ Џулијан Васало денеска ќе го означат почетокот на градежните работи за малиот систем за наводнување во селото Теарце. Николовски и Васало ќе бидат придружувани од градоначалникот Нухи Незири. Како што соопшти Канцеларијата во Скопје, ЕУ ја поддржува изградбата на три […]

Сончево и топло со слаб до умерен ветер


Времето денеска ќе биде сончево, во источните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната од 29 до 36 степени целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб до […]

Зградите на Владата и на МНР во боите на ЕУ


Зградите на Владата и на Министерството за надворешни работи вечерва се обоени во боите на Европската унија во знак на денешниот официјален почеток на простапните преговори. – Денес во Брисел запишавме ново поглавје во македонската историја и ветуваме дека забрзано ќе чекориме кон дополнителен развој и стабилност за сите наши граѓани. Европските вредности се наши […]

ЕУ предлага да се деблокираат средствата на руските банки за да ѝ се помогне на трговијата со храна


Европска комисија до земјите-членки на Европска Унија достави документ со што се предлага да се ослободат „одредени средства“ од руските банки замрзнати по санкциите на ЕУ со цел да се помогне во обнова на трговијата со земјоделски и прехранбени производи. – ЕУ сака совршено да стави до знаење дека ништо во санкциите не го спречува […]

Голем пожар во близина на Атина, евакуирани четири населби и детска болница


Преку порака од бројот за итни случаи 112 од жителите на четири населби беше побарано да се евакуираат поради големиот шумски пожар што кусо по 17 часот избувна во североисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а огнените јазици веќе предизвикаа материјална штета на куќи, јави дописничката на МИА од Атина. Шумскиот пожар […]

На што ве предупредува телото ако се будите секоја вечер во исто време?


Според традиционалната кинеска медицина, хроничните нарушувања на спиењето обично се предизвикани од нерамнотежа на Јин-Јанг, што е резултат на нарушување на протокот на енергија во вашето тело. Оваа енергија се нарекува Чи и се верува дека ја има насекаде на Земјата. Кога сте во добра физичка кондиција, Чи слободно тече низ вашето тело, но ако […]

Словенија им честиташе на Скопје и Тирана, но побара кандидатски статус за Босна и Херцеговина


  Во вторникот, највисоките словенечки претставници ја поздравија одлуката на Европската комисија за почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ со Македонија и Албанија, а премиерот Роберт Голоб, во писмо до европските претставници, повторно се заложи Босна и Херцеговина да добие кандидатски статус. „Почетокот на пристапните преговори е испишување ново поглавје за жителите на […]