Луксуз во Џорџија- Каде Џенифер и Бен ќе прават голема свадба за пријателите?


 

САД- Откако изненадија со брза венчавка во Лас Вегас, најпознатиот брачен пар Џенифер Лопез и Бен Афлек нема да застанат на интимна церемонија. Според TMZ, младенците планираат да подготват голема свадбена прослава на имотот на Афлек во Џорџија. И додека информациите за нивната венчавка се уште протекуваат, сите чекаат голема забава на која сигурно нема да недостигаат холивудски ѕвезди. Според некои информации, во следните неколку недели е планирана голема прослава во стилот „Ајде да се разгласиме“, а ќе бидат поканети широк круг на семејството и пријателите.

 

Импресивната вила во која ќе слават младенците има 3 спални соби, пет бањи на речиси 600 метри квадратни и голем двор, а Афлек ја купил куќата непосредно пред да ја раскине свршувачката со Џенифер за прв пат. Иако куќата на познатиот актер е на продажба од 2018 година, таа се уште не најде нов сопственик, а огласената цена е 8 милиони долари.

 

Лоциран на еден час возење од Савана со поглед на реката Северен Њупорт, раскошниот имот располага со одвоена „летна кабина“ со оригинални ѕидови од тули и метален покрив прикачен на главната вила. Модерниот ентериер е полн со автохтони детали со софистициран дизајн, а пред куќата има патека или пристаниште со реплика на рибарскиот брод на Ернест Хемингвеј кој се протега до реката.