Боки 13 хоспитализиран поради влошена здравствена состојба


Бојан Јовановски – Боки 13 кој одлежува казна затвор за случајот „Рекет“ денеска од КПД Идризово бил пренесен во градската болница „св. Наум Охридски“, објави „А1он“. На Боки 13 му била влошена здравствената состојба, односно има хронични здравствени проблеми со желудникот. Засега не е позната неговата дијагноза, но според неговиот адвокат Сашко Дуковски постои можност  да […]

Битиќи од Тирана: Со Отворен Балкан полесно го надминуваме недостатокот од храна и струја


  Целта на Отворен Балкан е сите нас да не носи напред кон развој, интеграција, конкурентност наспроти меѓусебна конкуренција, слобода на движење на 4-те слободи на Европската Унија, олеснување на процедурите, солидарност и подадена рака. Верувам дека Отворен Балкан е повеќе од идеја и повеќе од иницијативи и има полн капацитет да одговори на потребите […]

Нема опасност од ширење на пожарот на Криволак, сите армиски инфраструктурни објекти се безбедни


  Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата информираa дека попладнево со еден армиски хеликоптер МИ-8/17 и исфрлени пет тони вода, се интервенираше во локализирање на пожарот кој е присутен во околината на Армискиот полигон „Криволак“, поточно на неговиот краен источен дел во близина на месноста „Орлово брдо“. Како што наведуваат од Министерството за одбрана […]

Формирано првото доброволно противпожарно друштво – „Пехчевски пожарникари“


Во Пехчево е формирано првото доброволно противпожарно друштво „Пехчевски пожарникари“. За успешно функционирање на друштвото општината донираше возило кое заедно со обезбедената опрема обезбедена од граѓани на Пехчево беа презентирани на плоштадот „Св. Петар и Павле“. Во доброволното друштво моментално членуваат осум луѓе истакна претседателот на друштвото Дејан Вазлиски, нагласувајќи дека е формирано од причина […]

Бајден веќе нема никакви симптоми на Ковид, соопшти неговиот лекар


Американскиот претседател Џо Бајден нема речиси никакви симптоми на Ковид-19, откако беше позитивен минатата недела, соопшти денеска неговиот лекар. – Во овој момент, симптомите се затнат нос и минимална болка во грло, рече лекарот на Бајден, доктор р Кевин О’Конор, во соопштение од Белата куќа. Во текот на викендот, болките во телото и кашлицата се намалија, а претседателот немаше потешкотии со дишењето, додаде […]

На „Табановце“ се чека еден час, на „Богородица“ 30 минути


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП „Табановце“ за влез во државата се чека околу еден час, додека на ГП „Богородица“ за излез од државата околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Почина Зоран Нарашанов, директор на „Винер“


Претседателот на Управниот одбор и Генерален директор на „Винер – Виена Иншуренс груп“ Зоран Нарашанов, почина. По жалосната загуба на првиот човек на Винер, компанијата со своја објава на својот Фејсбук профил посочи на придонесот на Нарашанов за компанијата. „In Memoriam – Проф. д-р Зоран Нарашанов На ден 25.07.2022 ВИНЕР- Виена Иншуренс Груп АД Скопје […]

Фон дер Лајен: ЕУ мора да биде подготвена за најлошото сценарио за гас


Европа брзо ја намалува зависноста од рускиот гас поради стравувањата дека испораките ќе бидат запрени како одмазда за санкциите, изјави во интервју за ДПА, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и ги повикува членките да го поддржат кризниот план кој се покажува како тест за солидарност. Таа потсети дека извршната власт на ЕУ предложи земјите-членки доброволно да ја намалат […]

Белгијците стравуваат дека ќе се намали производството на пиво поради војната во Украина


  Белгија– Пет отсто од производството на пиво доаѓа од Русија и Украина, што се очекува да го погоди секторот на глобално ниво. Првиот трговец со хмељ на светско ниво, Бартхас, предупреди дека во текот на оваа година се очекува производството на пиво да се намали за 0.5 до еден отсто, но оттаму велат дека […]

Шефот на дипломатијата на Португалија Жоао Гомес Кравињо во посета на Скопје


  Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе биде домаќин на Жоао Гомес Кравињо, шефот на дипломатијата на Португалија, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Како што соопшти МНР, на средбата е предвидено да се разменат мислења за евроинтегративниот процес на нашата држава, билатералните односи и перспективите за нивното натамошно унапредување, […]

Во последните три дена 1.261 ковид-позитивни и шестмина починати


Во последните три дена регистрирани се 1.261 нов случај на КОВИД-19 од направени 2.989 тестови, оздравени се 1.085, а починале четири лица, соопшти Министерството за здравство.   Од новорегистрираните случаи, во Скопје се 572, Битола – 107, Кавадарци – 75, Прилеп – 64, Охрид – 62, Куманово – 54, Тетово – 44, Велес – 36, […]

Двајца врвни руски пилоти убиени со американските ракети ХИМАРС


  Двајца од најдобрите руски пилоти се убиени од ракета ХИМАРС во Украина, што е уште еден удар за високите офицери. Максим Потјомин (41), борбен пилот со чин потполковник, загина кога неговата поворка беше погодена од прецизно наведувана американска ракетна артилерија во Донецк на 8 јули. Се смета дека истиот напад го уби полковникот Анатолиј […]

Седлоски: Веруваме во историска победа


Имаме одличен резултат, но Динамо и натаму е фаворит, истакна денеска тренерот на македонскиот првак Шкупи, Гоце Седлоски, пред утрешниот реванш во Скопје во рамки на 2. квалификациско коло во Лигата на шампиони. – Сè е отворено. Ние мораме да ги отстраниме грешките од првиот натпревар. Ќе бидеме подготвени на сè, па ќе видиме колку […]

Робот му скрши прст на момче на шаховски турнир во Москва


На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како роботот го зема прстот на момчето и го крши, а четири лица трчаат да му помогнат. Роботот програмиран да игра шах, во текот на шаховската партија на Отвореното првенство во Москва, му скршил прст на момче кое му било противник, јавуваат британските медиуми. Ова го потврди […]

Викенди со Адел- ѕвездата ги објави новите датуми за концертите во Лас Вегас


  САД– Адел  објави презакажани датуми за нејзините концерти во Лас Вегас „Викенди со Адел“, кои беа одложени еден ден пред пред да започнат во јануари. Новите датуми – вклучувајќи го и оној на Бадник – ќе се одржат во познатиот Колосеум во Палатата Цезар во Лас Вегас и ќе започнат на 18 ноември. Покрај […]

Голем пожар на Криволак на непристапен терен


Голем пожар на воениот полигон Криволак, во општина Неготино, беснее од ноќеска, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). – Стапено е во контакт со воениот полигон и добивме известување дека е појавен пожар на стариот полигон на непристапен терен. Точното време на појавување не е познато, се смета дека е најверојато во ноќните […]

Руските авиокомпании поради санкциите годинава ќе превезат 19 милиони патници помалку


  Русија – Руските авиокомпании годинава ќе превезат 19 милиони патници помалку од минатата година, поради санкциите на Западот по руската инвазија врз Украина и забраните за летови кои Москва ги воведе во јужна Русија. Тоа е петина од планираниот вкупен број патници, информира рускиот деловен весник Ведомости, повикувајќи се на податоци од локалното Министерство за […]

Нема ништо поспектакуларно и почудесно од Тур де Франс (Галерија)


  Низ селата и преку планините, Тур де Франс го однесе пелотонот од велосипедисти на крос-кантри патување што кулминираше на Елисејските полиња. Новиот шампион, Јонас Вингегард од Данска, победи на трката во неделата, завршувајќи ја тринеделната одисеја што ги однесе возачите од данскиот главен град Копенхаген и на источната страна на земјата низ Алпите и […]

Европската комисија ја одобри вакцината против мајмунски сипаници


  Белгија– Европската комисија (ЕК) денеска ја одобри вакцината Имванекс против вирусот на мајмунски сипаници во Европската Унија (ЕУ), и употребата ја прошири и во Норвешка, Исланд, Лихтенштајн, јави ДПА. Портпарол на ЕК ја потврди одлуката откако фармацевтската компанија, Баваријан Нордик, информираше за одобрувањето на вакцината. Потегот следува откако Европската медицинска агенција (ЕМА) во петокот препорача […]

Сокриле камера во пренослив фрижидер и снимале голи деца во камп во Ровињ


Полициски службеници привеле двајца германски државјани кои со рачно изработена камера снимaле голи деца во камп во месноста Ровињ, соопшти истарската полиција. Според извештаите, полицијата истражувала двајца германски државјани, на возраст од 48 и 79 години, поради сомнение дека сториле кривично дело експлоатација на деца за порнографија. Во саботата гостите на кампот во околината на […]