МИТ планира Земјата да ја стави под „чадор“ заради ладење


Институтот за технологија Масачусетс (MIT) предложи радикална метода за борба против ефектот од климатските промени. Тим истражувачи предлагаат користење флота „вселенски меурчиња“ кои би ја рефлектирале сончевата светлина од Земјата. Колку и да звучи оваа идеја неверојатно, факт е дека не би имало потреба од неа ако луѓето драстично го намалеа користењето на фосилни горива […]

И „Шнајдер електрик“ заминува од Русија, повлекување најавија „Мишелин“ и најголемиот производител на алкохол во светот


Францускиот „Шнајдер електрик“ (Schneider Electric) се согласи да ја продаде својата руска единица на локален менаџерски тим, соопшти денеска компанијата, приклучувајќи се на долгата листа на компании кои излегуваат од работа во Русија. Француската компанија соопшти дека очекува да намали до 300 милиони евра (313 милиони долари) во нето-книговодствената вредност како резултат на договорената продажба, […]

Рики Мартин доби забрана за приближување во Порторико


Порторико – Судијата издаде забрана за приближување против порториканската суперѕвезда Рики Мартин, соопшти полицијата во саботата. Наредбата беше потпишана во петокот, а властите посетија луксузен кварт во северниот крајбрежен град Дорадо, каде што живее пејачот, за да се обидат да ја изврши наредбата, изјави за Асошиејтед прес портпаролот на полицијата Аксел Валенсија. „До сега, полицијата […]

Листа на највредни компании: „Арамко“ го престигна „Епл“, нема германска компанија во првите 100


Глобалната консултатнтска и ревизорска компанија „Ернст и Јанг“ EY објави листа на највредни компании според нивната берзанска вредност во која на чело е саудискиот нафтен гигант „Арамко“ кој го престигна „Епл“. Меѓу 100-те компании со највисока берзанска вредност за прв пат по најмалку 17 години нема германски компании. „Во првата половина на 2022 година, Германија […]

„КАМ“ ги зголемува платите и исплаќа регрес од 33.000 денари за годишен одмор за вработените


„КАМ“ ги зголеми платите на вработените, а тие ќе добијат и К-15 од 33 илјади денари, соопштија од компанијата.  „Независно од комплексните економски услови ‘КАМ маркет’, доследно ја спроведува сопствената политика на постојано зголемување на платите и надоместоците на вработените. Ценејќи ја посветеноста на своите вработени и следејќи го трендот на зголемување на цените и […]

Пожар на Пелопонез, превентивно евакуирани четири села


Подобрена е ситуацијата со пожарот што вчера избувна во западниот дел на Пелопонез, а синоќа, превентивно беа евакуирани жителите на четири села, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката противпожарна служба, во пожарот интервенираат 195 пожарникари со седум пешадиски тимови и 48 возила, два авиона и два хеликоптера, а помагаат волонтери пожарникари и цистерни […]

Почна исплатата на правата од социјална и детска заштита


Министерството за труд и социјална политика соопшти дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за јуни 2022 година. Корисниците на парични права кои поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно […]

Британка која е алергична на своето смеење и плачење


Велат, човек треба да биде благодарен за „обичните, ситни“ нешта кои често ги потценуваме… Една Британка е алергична на – силни емоции или чувства, како смеење, плачење или прекумерен стрес, што може да бидат фатални за неа. Наташа Коутс (27) има синдром на активирање на мастоцитите (МЦАС). Овие мастоцити се всушност бели крвни зрнца со […]

Полицијата за нападот во Копенхаген: Не е тероризам, напаѓачот е со ментална болест


Шефот на полицијата Сорен Томасен рече дека нема индиции дека вчерашното пукање во трговски центар во Копенхаген бил терористички чин. Додаде дека осомниченоиот, кој засега не се идентификува во јавноста, има историја на ментални заболувања. Инаку, 22-годишен Данец, синоќа во шопинг-центар во Копенхаген со истрели од огнено оружје уби тројца и рани повеќемина. Полицијата соопшти […]

Ураганот „Бони“ ги зафати Централна Америка и југозападниот брег на Мексико


Тропската бура „Бони“ од синоќа се претвори во ураган од прва категорија, зафаќајќи го југозападниот брег на Мексико и земјите на Централна Америка, притоа предизвикувајќи смрт на најмалку три лица и значителна материјална штета во Ел Салвадаор и Никарагва. Националниот центар за урагани на САД соопшти дека ветрот предизвикан од ураганот достигнал постојана силина и […]

Некои од најпознатите забранети места на Земјата


САД – Многумина тајно сакаат да посетат, или барем „да фрлат поглед“ на места каде што ниту еден обичен човек никогаш не стапнал, или пак, не смее да стапне… Интернет-страницата „Квизклаб“ издвои 10 од можеби најпознатите забранети места на планетата Земја. 1. Змискиот Остров, во Бразил Малиот Змиски Островот кај брегот на Бразил на Атлантскиот Океан, […]

Маричиќ домаќин на министрите за Европа на Финска и Ирска 


Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска ќе биде домаќин на неговите хомолози од Ирска и Финска, Томас Бирн и Тити Тупураинен со кои ќе оствари работна средба, по што ќе следува заедничка прес-конференција. – Во фокусот на разговорите ќе биде пристапниот процес на Северна Македонија во Европската Унија, новиот француски предлог, дијалогот со Бугарија, како и унапредувањето на билатералната соработка и односите […]

Ѓоковиќ загуби сет, па го збриша Ван Рајтховен


Англија – Новак Ѓоковиќ ја продолжи одбраната на трофејот на Вимблдон откако синоќа славеше над Тим ван Рајтховен со 3-1 во сетови,за пласман на српскиот тенисер во четвртфиналето од британскиот гранслем турнир. Осминафиналето почна со доминација на првиот носител, кој рутински го доби првиот сет со 6-2. Изненадувањето се случи во вториот сет од мечот, […]

Вимблдон парично ги казни Циципас и Кирјос


  Англија– Грчкиот тенисер Стефанос Циципас и Ник Кирјос од Австралија заработија казни за лошо однесување за време на нивниот меѓусебен дуел одигран пред два дена. Светскиот рекет број 5 Циципас е казнет со 10 илјади поради неспортско однесување. Гркот на средбата ја удри топката на трибините, доби и две опомени. За слично вакво однесување, Ѓоковиќ […]

Протести во Акрон поради убиство на Афроамериканец од страна на полицијата


Стотици луѓе вчера протестираа во Акрон, во американската сојузна држава Охајо по објавата на видео-снимка на кој се гледа како е убиен Афроамериканецот, Џајланд Вокер. Според адвокатот на Вокер, полицијата во него истрелала 60 куршуми. Вокер (25) беше убиен на 27 јуни бегајќи од полицијата по бркотница со автомобил поради сообраќаен прекршок. На снимката што […]

Трас денеска ќе го објави планот за обнова на Украина


Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас денеска ќе го објави сеопфатниот долгорочен план за помош во обновување на Украина, кога ќе заврши тамошната војна, најавуваат медиуми. Трас на конференција за обновување на Украина во Швајцарија, ќе ги претстави британските проекти за краткорочна поддршка на земјата со испраќање хуманитарна помош, но и долгорочна, со цел […]

(Видео) Објавена снимка од пукањето во трговскиот центар во Данска: „Ова е терористички напад…“


На социјалните мрежи се појавија снимки на кои наводно се гледа пукање од огнено оружје во трговски центар во Копенхаген, каде напаѓач во неделата уби три лица и тешко повреди неколку од нив. Освен тоа, на снимката се гледа „стампедо“ од луѓе кои трчаат низ трговскиот центар додека во позадина се слушаат пукотници. „Терористички напад […]

Почина Питер Брук, еден од највлијателните театарски режисери на 20. век


Питер Брук, еден од највлијателните театарски режисери на 20. век, почина во саботата на 98-годишна возраст, јавуваат западните медиуми. Роден е во Лондон, Велика Британија, но голем дел од својата кариера го мина во Париз, Франција, каде што го раководеше театарот „Ле Буф ди Нор“ (Les Bouffes du Nord). На крајот на 1960-тите, по успесите […]

Ги намамувал жртвите – тројца загинати и три лица во критична состојба по пукањето во трговскиот центар во Копенхаген


Загинаа три лица при вчерашното пукање во трговскиот центар во Копенхаген, соопшти данската полиција. Убиени се двајца млади, чија возраст не е прецизно наведена, како и машко лице во своите четириесетти години. Има повеќе повредени, од кои тројца се во критична состојба. Осомничениот, 22-годишен Данец, кој при апсењето не пружеше отпор, на полицијата ѝ е […]

Рама за преговорите со ЕУ: Со години ја чекаме „невестата“ од Брисел, но таа никогаш не дојде


Албанскиот премиер, Еди Рама, кој е во посета на Амстердам во разговор во познатиот центар “Де Бали”(De Balie)  зборувал и за „преговорите  со ЕУ и неотворањето на преговорите за Албанија и Северна Македонија”. И овој пат, тој со  неговиот познат вокабулар, на прашањето „што се случува меѓу Албанија и ЕУ“, вели дека Албанците чекале да дојде […]